Само јас ли воопшто не сум почувствувала лажни контракции ? Ние сме 31+1. Во однос на ударите, ве читам повеќето високо ги чувствувате, на моето се пониски околу папокот, се надевам дека нема место за паника...
Ако се движиш често можно е да не си обрнала внимание иако јас почнав и во движење да ги осеќам. У глобала сега треба низ целиот стомак да го осеќаш нема конкретно место.
Јас 38+2 и до сега како менструални болки само сум сетила иначе грчење на стомак како контракции не сум А за ударите зависи како е завртено, има уште простор да си се движи раат и мислам нема место за паника. И да удира ниско ако му се долу ножињата нема гајле, грло на матка да е затворено и доволно долго битно, па бебуш нека си клоца кај му е ќеф
Денес сум 30+2 но бебето го чуствувам многу долу а и стомакот ми е мн ниско и имам појаки болки од време на време дали на некоја и се случило вакво нешто и дали е загрижувачки да одам кај матичниот?
Нормално е, јас сум 32+6 исто го чувствувам многу доле и имам тапа болка од тежината, се истегаат лигаментите бебето расне, во вц сум на 15 минути. Кога одам некогаш си го држам стомакот, и половината ме боли и како воспаление да имам од што ми тежи стомакот. Не паничи, пиј магнезиум уште малку имаме до крај
28+3 vo spienje me fakja polovinata do toj stepen da moram da stanam i da se razdvizuvam.Dali e normalna pojava na bolkava, pijam magnezium 3x2
35 недела сум и минатата неделс ми се случи еве и денеска силна бола долу скрос трае неколкусекунди и прекинува.. Тоа е подготвување на матката? На лажни болки не ми личат.
Да така наеднаш.. Бев на цтг прв пат денес почнав ми рече дека матката се подготвува затоа така, а бебе од 2700 до 3100 гр не знаела точно заради водата и по преглед како 37 недела е.
Денес бев на преглед, 34 та недела, бебето на претходната контрола си беше свртено со главата надолу, сега се свртело карлично и е скроз долу ниско. Не можеше ниту да го измери да види како напредува.. нејзиното мислење и на други два доктора е дека треба царски. Има ли можност повторно да се сврти до крајот?
Дај боже да е свртено на следниот преглед, но и ако не се сврти немој да се нервираш само здрави прави двајцата и царски да е.. Со лесно се најдобро
И првото ми е со царски.. ама знам дека мноогу тешко се нафаќаат за царски, од тоа ми е повеќе страв.. дали ќе сака некој доктор воопшто... Нели сите иницираат за природно..
Тргнав да пишувам во труднички ама таму има и тазе трудници, почетни недели. Како сте со хормоните, сонување, мисли? Навечер постојано ми се вртат филмови неубави, имам мисли дека на самиот пораѓај ќе умрам, штом помислам дека малата ќе ја оставам,, сама,, веднаш плачам.
Секоја вечер сонувам некои глупости и кога ќе се разбудам целата сум вода многу реални сонови ми се и ме вознемируваат некогаш. За мислите секој ден различно .. Пробувам да мислам позитивно само ама кога ќе прочитам нешто страшно на форумов почнуваат тие црни мисли. Ама сепак гледам да не премислувам и како треба да биде така неможам ништо да сменам , сега почнав и за пораѓај да се мислам бев решена за Санте ама се повеќе читам незадоволни пациентки па сега сум во мисла за ГАК или Чаир не знам стварно … што како ќе биде само господ знае.
Можеш да , у Скопје пола Македонија се пораѓа мислам дека треба само упат од матичен гинеколог со термин кај кој доктор сакаш. Едит : тоа за прегледи од 36та што почнуваат а за пораѓај кој ти се погоди тој ден, мислам дека никој не доаѓа на повик.
Јас последно време имам многу реални соништа и во нив секогаш јас сум лошата А зошто станувам неколку пати навечер за во тоалет, после ми треба време да заспијам.. е тогаш ми се вртат лоши мисли и пробувам да ги избегнувам да не си правам филмови ама џабе.. Знам дека повеќето трудници се соочуваат со ова, но бар некоја да кажеше решение. Колку и да знам дека фала Богу се си е во ред и на контроли и се, јас пак ќе се замислам за нешто и ми паѓа расположение