Нема ноќ да не ме разбуди сон некој...сега последнава недела сонувам такви глупости неповрзани што на моменти се преиспитувам што ми е со психава а со бременоста се изнасањав, де се пораѓав, де дете доев, де трчав накај болници, де се карав со доктори...страшно ама тоа е, повеќето сме исти дека сме препкупирани со тоа
Мајки, колку често ги чувствувате вашите бебенца при крајот? Јас сум 35+5 и последните денови како да се намалени движењата. Го осеќам на поголеми интервали и ударите се понежни. Дали е нормално или да кревам паника? Инаку во понеделникот бев на цтг и се беше во ред, а овој понеделник пак ќе одам на цтг.
Мислам дека при крај е нормално да се поблаги ударите зошто веќе бебуш е голем и му е поограничено местото на движење. Сепак ако ти е пубе можеш да пишеш на матичната да си мирна
Јас не од сонови туку од бебе не можам да спијам. 35+1 сум од 10 ч легната кога се размрда се врти мислам дека до 1 ч не ме остави премногу немирно и дури си помислив дека готово оти почна и да ме боли дека можи и ќе се роди.
Сепак ако ти е на мисла исконсултирај го матичниот, а иначе општо гледано сите имаме денови кога помалце ги чувствуваме и денови кога се поактивни. И голем број трудници се загрижиле поради тоа
Девојки од денес влегувам 33 недела, бебето по мерките ми е + 2 недели понапред, сношти имав првпат такви болки незнам неможам да оценам дали беа контракции тоа или би можело желудникот да ми се грчи после јадење така, значи на горната страна на стомакот, баш кај желудникот под гради во рок од незнам 45 мин. 5-6 пати ми се стегна стомакот ми стануваше цврст со болка и ќе ме пуштеше, па пак така 5-6 пати, потоа цела вечер не се повтори тоа ама имав болка во грбот и половината така тапа некоја, од сабајлево ок сум, само минимални како менструални болки па сега во долниот дел од стомакот повремено ... и имам така гадење некое , може до после ќе отидам на дежурен, ама ми е да не трчам одма по болници ... има ли искуство вакво некој и да било се ок? А бебето е многу активно посебно вчера цел ден мрдаше ... Ви благодарам поздравв
Јадев макарони со сирење потпечени во рерна и павлака, ама не изедов да речам многу којзнае колку, една порција само, и јас прво тоа помислив да не е од хранава дека баш кај желудник ме болеше кога ми се стегнуваше, незнам дали таму фаќаат контракции па макар и лажните или се доле на стомак...
Од макароните те притиска на желудник а макароните т.е сите тестенини се тешки за варење гледај што помалце да ги конзумираш не ги вари брзо желудникот.
30 недела сум последниве денови ме боли односно не е болка како затегање чувствителност на долниот дел на абдоменот најверојатно мочниот меур. Дали ви се случува?
Мене ми се случуваат некои чудни “болки” од една секунда у бешика како да ме удира таму и многу е непријатно ама мислам дека е нормално , почесто ми се случува кога сум физички активна.
istoto i jas go osekjam posebno na levata strana, na poslednata kontrola koga bev doktorot mi rece deka e svrteno so glavata nadole i sigurno radi toa osekjam bolka.
Кај мене трае подолго. Најчесто на вртење на станување ми се случува. Не знам дали треба да се грижам. Многу ми е чувствителен тој дел. Четврток сум на преглед.
И јас на тоа помислив. Се мислам дека ме стиска она бидејќи на моменти само ме боли Нека растат бебчиња
Јас сум 36 + 1 бев на цтг докт. Вели рано е 3100 по преглед 37 +5 Мене половината ме боли ме изгоре бебето прета не можам да одам боли долу како за мочање кај бешиката, лажни се болките како ви е на другите во таа недела?
35+5 денес, текстот како да сум го пишувала јас со исклучок нс цтг. Сеуште не сум почнала со цтг. Кога првпат направи?