Да да и мене ме боли кога клоца поголеми се и тесно им е, се ме боли веќе нит можам да стојам, нити да седам, да лежам хорор , плус киселини уште имам, и пијам и магнезиум ама не поминуваат болките и претпоставувам треба да стегнеме заби уште за малку
И мене во бешика ме мава. Прееска дури писнав кога клоцна и се исплашив дека до сега не болеше. И не знам дали прпбува да се мести ама многи оди лево десно се врти нешто прави.
Јас 35+2 со две бебиња рачунајте, не спијам заради неможност да си најдам соодветна положба, а откако ќе ја најдам положбата ми се оди во тоалет. И така по едно 123344 пати во вечер
Официјално го започнав чајот ама го мешам со сок од ананас повеќе да делува Ај со среќа на сите мами у Март
Денес полни 37 недели, од утре 38 ја почнувам, несоница ме мачи, полна сум со енергија, си работам по дома, перам на раце, цел ден турбо со ќеркичката ми е. Стомак до заби, се надевам дечково побрзо ќе излезе, да се вратам малце у нормала со храната и спиењето и конечно да се гушнеме, сестричката цел ден ми го гушка и бакнува стомакот.
Ај јас нешто да прашам. Кога викаат најчесто царски во 38 недела се прави, тоа е 38+ или 37+? Бидејќи 38+ веќе влегуваш 39 недела, а 37+ е 37 полна и некој ден од 38 Ова со неделиве аман. На нет вика 9 месец почнува 36 недела а на др страни вика од 34 недела до 36 почнува, а трае од 38 до 40та.
Одма ми иде тоа у мисла а за цтг ми кажа дека имам премали болки ваљда од стегање на стомакот и ништо не ми е јасно сега .. а добро е наместена
Кај мене ни болки нема, а јас решена да се породам за наместено и мене ми рекоа ок е ама пошто ни во карлица не било спуштено можело и да смени
Многу сака дечиња Без нервоза, пешачи повеќе, чучњеви прави, имаш јога вежби на јутјуб и секако секс, ананас, чајче, топла бања и слушнав магданос помагало да омекне грло на матката
Мислам дека е полна 38 недела, 9 месец почнува од полна 36 недела до 40 недела, толеранција за породување имаат +10 дена после 40 недела. Е сега ова со неделите ако си 37+ некој ден викаат неполна 38 недела итн...
Ако можеш да ми кажеш од каде го купи за да не лутам... Јас сакам природно да се породам (иако со првото бев царски, поминаа 5 години), нормално, ако се биде во ред, па чајов ми е добредојден
Ако ти е за некоја утеха 40+4 повеќе болки од клоцање него од што се отварам полека имам...мава ли мава бебе, а абер за искачање нема...со лесно нека ти е
36+6, бебе со глава у ребра, шанси да се сврти се помали. Цтг скоро рамна линија. Си ужива битно, гајле нема. Следна недела во Чаир на преглед и консултација со доктор и анестезиолог и ако не се смени положбата ќе биде царски.