Јас имав, посети стоматолог ќе ти помогне Мене ми даде само една течност за гаргара за да ми ги смири оти немаше потреба од чистење и сли. дека скоро бев на преглед претходно. Или побарај paradontax corsodyl, мене ми помогна.
Од мирна уредна бременост, сега се потресов. Искочи имам 3 степен на зрелост на постелката, скриен шеќер немам, димери и хемостаза уреден наод. 32 недела сум, карлично поставено дете. До моментов дете напредува,дури е некој ден понапред од почетокот... Некој со слично искуство? Мора да има медицински третман за контрола на тоа барем уште некоја недела....
Жени здраво сакам да споделам нешто бидејќи имав проблем па може на некој ќе му се појави но секако советувам да се консутира со гинеколог. Пред два дена поради промена на време ми птекоа гингивите и имав воспалителна болка, мака намачив, во консултација со лекар гаргара со сода бикрбона, гингивал, и паста парадонтакс ми се смири. Ми рекоа во случај на болки бремена жена смее да козумора парацетамол, кетонал и бруфен. Задолжително гинекологот ми препиша 1000ка Витамин Ц. Апчиња против болови не пиев бидејќи се смирија непцата веднаш. Многу им верувам и на стоматологот и на гинњкологот и бидејќи барав ко улава сегде нека стои ова овде може на некој ќе му заврши работа
Jas imav i vekje dva pati bev na cistenje i mi pomaga mnogu, taka da ne cekaj odi bidejkji moze uste povekje da se vospalat
Здраво членки, 34 + 4 сум, вчера вечерта околу полноќ имав светло розево на гаќите кога се бришев после мокрење. Сабајле кога се разбудив имав уште една розева точка и тоа е тоа. Инаку немам болки и го чувствувам бебето. Сепак отидов на клиника во 11ч и не ме ни примија ..... само од ходник ми кажаа чим немаш ништо розево сега, немаш болки, оди дома и одмарај. Сега ако те прегледаме ќе мора рачно и вагинално, а така може поголема беља да направиме да почнеш повеќе да крвариш и да се отвараш, рано ти е Не знам што да мислам.....втора бременост ми е, со првата не сум имала ваква ситуација.....
Ако имаш контакт од матичниот да се консултир Оди утре кај тој што ти ја води бременоста или ако не ти се чека до утре, можеш во Ремедика или Систина да идеш на преглед денес, не верувам дека ќе те вратат. Ако одиш утре, може да си ставиш вагиналета Утрогестан во меѓувреме, нема штета. Не се секирај, штом престанало само од себе крварењето веројатно не е нешто страшно, ама не го оставај така. Строго мирување додека не идеш на преглед. Се надевам малку ти помогнав.
Девојки, јас денес осеќам некој притисок врз дебелото црево. Дали е можно бебе да турка надолу уште сега (31ва недела сум)?
Фала за советот вчера Инаку, бев сабајле кај матичниот на преглед, ме гледаше на ехо кажа ок е, после, ме провери и кажа дека не сум отворена и грлото било нормално. Но сепак да одмарам колку можам дека бебето е ниско и спремно, но убаво би било бар до 36та да почека Ме викна на прво цтг уште утре, имав закажано микробиологија за следна недела но и тоа ми кажаа утре, за да сме спремни ваљда Магнезиум дупла доза и Б6 и толку. Сега ќе продолжам да одмарам и тоа е тоа, се надевам добро ќе е.
Мамичкии во трето тромесечие како сте? Јас сум 27+4 и според апликацијата сум веќе влезена во 7ми месец... последнава недела ми беше малку лоша. Прво д димерите покачени на 2300, ми препишаа 14 клексани да примам и само нешто ме плаши.. ќе се намалат д димерите со помош на клексаните? Времињата ми се добри освен тромбинското кое е малку скратено. Бев на преглед, бебче е супер, понапред 1 недела исто како од сам почеток, протоци, постелка се е во ред.. јас од време на време осеќам некои болки доле ниско во цервикс, краткотрајни се ама ме вадат од памет.. дали на некоја и се случува слично со болкиве?
Јас бев со болки од 4ти до 7ми месец, баш беа како слаби породилни болки, само не на еднаков интервал. Сега ретко имам болки, ама имам доста често лажни контракции. Одам кај 3ца доктори, никој не знае да каже од што така.
Не знам ме вадат од памет... некни на преглед се беше океј, само цервикс не ми измери ама ме праша дали ми имаат мерено во скоро време, кажав дека пред 3 недели ми мереа беше ок.. Мислам дека кога ќе мрдне бебето ги осеќам овие болки,не знам што да правам дали да одам пак да ми мерат цервикс?
И мене се уште ме вадат од памет болките и контракциите. Синоќа бев на преглед, се беше ок, само грлото скратено (27 мм е сега, 31 недела сум). Но докторката рече ок е. Јас сум се уште на строго мирување од страв да не се отворам предвреме. Бев кај др. Петрова во Ремедика и ми кажа до 34 недела треба да се следи грлото, а после и да се крати не е страшно. Јас би ти препорачала на секоја контрола да инсистираш да ти го проверат баш заради тоа што си со болки. Ако матичната не сака, иди си негде на приватно барем еднаш во 3-4 недели.
Јас се потресувам на секоја болка, не ми е проблем да издржам само да е се ок со бебенцето, друго не ми е важно.. секако сега здравје наредната недела сум на преглед ќе ми го провери секако цервиксот и да заборави јас ќе ја потсетам. Фала ти за одговорот
Ти гинеколог си, па вака велиш да става Утрогестан? Како вака за секој случај ставате, без доктор да каже дали треба или не. Членката прво требало на ЦТГ да ја стават, а не во 8 ми месец да прима за поддршка на бременоста. Ова не е витамин ц, па да пишете стави за секој случај.