Не сум гинеколог, но гинеколог ми има кажано дека штета нема. Може само корист да има оспбено кога станува збор за крварење.
Здраво женски дали имате проблем со отоци на нозете, во 2 дена ми отекоа екстремно, сега почнав да чуствувам болка и жежење, дали некој знае некој трик за намалување на овие симптоми?
Масажа, но доколку отокот ти се јавил нагло и е топол на допир, подобро да се консултираш со докторот да те види каков е отокот.
Здраво жени, гледам во темава ме нема ич па да пријавам состојба. 35+4 сум денес, скратен цервикс 33мм, омекнато грло и 1.5 цм отворена. Болки имам трет ден ама во нередовни интервали и ми рекоа да мирувам за да влезам во 9ти и да не излезе бебуш мн. рано. Ситно бројам изгледа, може ќе реши син мајкин место лавче, ракче да биде
Јас не сум упатена многу по хороскоп ама сите кога ќе им кажам дека ќе биде рак се смеаат Почнав да истражувам и читам секаде дека главна одлика емотивно нестабилни Со сестра ми пиеме кафе да се нашалиме "сестро стисни заби да излезе после 20ти јули да биде лав не рак". Ама нема среќа закажан царски сакала или не госпожа моја рак ќе си биде
Жени јас сум 33+, и имам воспаление на синуси. Матичнипт гинеколог ми даде амоксиклав и декслоратидин. Видов дела се дозволени во бременост. Дали некој од вас конзумирал антибиотици малку ми е страв
Мислам дека во бременост колку што испив антибиотици да ги избројам цел живот немам толку примано Три пати бев болна и пиев антибиотик, еве сега од велигден па наваму имам стрептокока во урина и цело време сум со антибиотик. Засега супер напредувам
Пиев амоксиклав поради уринарна инфекција. Безбеден е во бременост не грижи се. Штом ти е од лекар зимај, подобро одколку да се мачиш
И кај нас тој муабет е, стискај држи за да биде лав (ко којзнае колку важно да е) Јас сум во 36 недела. Понекогаш ми се случуваат болки долу во рбетот што траат неколку секунди и ги снемува, повеќе ко некој нерв да е. И дирек на рбетот не е цела половина да ми се фати. Дали друга има такви болки? Исто неколку пати ми се случи во стомакот да ми прави нешто "клак", ко пукање прсти звук. Си велам што ли прави бебето внатре
Истиот звук и јас го слушам и тоа често, језив звук. Му крцкаат коските на бебето, можеби се протега кој да знае
Кога ви се спушти бебче со глава надолу осеќавте притисок и болка при одење и стоење? Ме плаши да не му текне порано да излегува.