Јас почнав да се отварам во 34та, родив 39та. Немој да се зацементираш со лежење, после ќе се молите да искочи
Јас секако сум повеќе на лежење скоро цела бременост заради скратен цервикс и затоа сум малку исплашена сега. Имаше болки или некои симптоми кога почна да се отвараш?
Е добро, не знаев дека си со скратен цервикс. Никаква болка или симптом немав кога почнав да се отварам а бев 2 прста во 34та и 4 во 38ма.
Лежев од 34та до 35та ама не строго лежење, си работев по дома само не претерував. После 36та се што можев да правам со оглед на тоа дека немаше коска/мускул во телото што не ме болеше, правев.
Да прашам дали некој имал слична ситуација како мојата: Денес бев на контрола кај матичниот (33+3 дена сум) и кога го мереше бебето рече главата му е за две недели поголема од телото. Рече не е ништо, ама се загрижив да не е некој дефект. До сега никој не спомнал ништо ни на скрининзи ни на прегледи.
Здраво девојки, 30та недела сум, вчера на преглед докторот ми вели многу е долу со главчето одмарај повеќе, се преплашив да не дојде до предвремено породување, има некоја вакво искуство? Одмор стриктно лежење или? Се изгубив вчера ништо не прашав..
Во прва бременост во 33 недела исто ми кажаа дека е многу доле со главчето и повеќе да одмарам. Се породив точно на термин ама повеќе легав.
Моето е од почеток ниско скроз долу и јас сум 30 недела, одмарам цело време дома,лежам,седам , не кревам ништо тешко,не стојам долго, станувам низ дома,до кујна, во двор,ама ништо претерано,избегнувам скали,поеднаш на ден се симнувам и се качувам по скали и толку.Ке биде добро, одмарај само
Мм, иста мака. До сега мене не ми кажал дека е ниско, сега прв пат, ми измери и цервикс 31, ама јас сум паничар, а и не знам како ќе издржам да лежам седам по цел ден, но тоа е кога ќе мораш
Јас сум 36 недела и цервикс 25 ми измерија. Па никој не ми спомна за лежење. Баш си прашав дали можам да си пешачам како и до сега по 4,5 км ми рекоа слободно. Докторот ти рече да лежиш строго цел ден или да одмараш повеќе?
Нее немај гајле, 36та си веќе со лесно Мене ми рекоа да одмарам повеќе, не строго лежење, поради тоа што главчето било многу долу, не заради цервиксот И сега и јас не знам колку е тоа "гледај да одмараш повеќе"
Подобро прашај ги што им значи тоа пошто не ти е јасно, да си бидеш на чисто.. Ако не треба строго лежење да си се движиш по малку.
Дечки како се наближува крајот почнуваат мислите, дали знаете што ни треба на нас мајките за постпртум периодот, појас, каков градник, што да јадеме пиеме за да ни е се полесно. Знам дека е рано, ама јас сметам дека ако ние сме ок и бебињата ќе се.
Колку се отвори 34та? Јас во 35 та 3цм со омекнато и скратено грло и ме ставија на мирување и плус прогестерон. Сега за два дена влегувам 38ма, ми рекоа да не сум мн активна дека плодот е голем ама последнава недела не мирувам веројатно 38-39 ќе излезе синко што знам