2цм бев отворена, цервикс 2.5, грло омекнато. Лежев до 36та, и после до 39та сакав косата да си ја искубам за да излезе
34та недела сум и премногу ми е мачно. Преку денот и да седам ме болат слабините од лева страна. Ако лежам подолго почнуваат да болат колковите, па болката продолжува надолу по нозете. Ќе се сменам и на лева и на десна страна, ама болат. Перница меѓу нозе и мал дел под стомак. Понекогаш ме фаќаат и како нерви во нозете(како на пр.сега) и не можам да спијам. Жешко ми е и ги тегнам, ги вртам ама џабе... Ваше искуство..?
Девојки, 36+1 сум, но во последниве недела се соочувам со значително зголемен вагинален исцедок. Не мириса или нешто, ама ми е страв дали е нормално. Со скратено грло сум од 30 недела 1,9цм, во 36 недела 1 цм, со повеќе лежење и одмор.
Девојки многу ме болат слабините од лева страна, утре го почнувам 9ти месец, а в четврток сум на контрола, ќе го прашам и докторот, ама дали некоја од вас се соочила со ова? Од 6ти месец ме болеа, ама само додека седев, сега почнаа и во лежење и во седење и во одење, осеќам и како пецкање.
Абе како миете коса со стомак до заби? мене ми е многу мачно, неможам да се наведнам мислам дека желудникот ми се распорува а богами кичмата мислам дека никад нема да ми се исправи и си одам цела сува и мрсна и разлетена во косата. Некое решение?
Едвај туку неможам да најдам некој да одам да ме исфарба ,до сега сама дома шлатнував напред само кај што се гледа , ама нема смисла веќе, башка и тешко ми е многу од вруќиниве
Јас неможам да ја држам главата нагоре дека ми се врти многу и страв ми е да не паднам во вецето а ми се има случено еднаш тоа. Значи ќе си почекам со неизмиена коса уште малку
Јас со мм се туширам скоро цела бременост. Ми се врти и мене од пареата и не можам да се вртам сама плус висока е кадата, а ми помага и за косата.
Браво кога можеш да си седнеш на стол, јас кога седнувам на стол неможам нанапред да дофатам ништо и тогаш мм ме служи како царица незнаев дека толку тешко можело да биде со овој стомак
Ајде одам да виткам кичма и да офкам од што неможам воздух да си земам, комшијата долу сигурно си мисли дека швалери носам кога мм не е дома
Неможам уошште јас во седечкаа положба да бидам, кога седнувам гледам што поисправена да бидам за да можам воздух да земам, не ќе можам