Немаат место веќе. Не ги собира убаво. Еве моето главчето му е доле а јас горе до под градиве го осеќам не можам да дишам ни на страна а на грб нема шанси,баш вчера Котларова ме гледаше и ја прашав што има тука, ми кажа нозете и се тука плус си ги прекрстила Некаде прочитав дека после 37,38 недела е нормално да не се толку активни и да не бидеме загрижени. Моево па преку ден мрда ама знае и успано да биде. Пример секогаш кога сум на цтг, на ниедно цтг до сега не ми било цело цтг активно. Знаело на сред цтг да заспие. Ама затоа навечер не престанува и стварно тешко ми е спиењето некое време веќе имам проблем со спиењето од што е преактивно.
@Erika.greeneyes еве го и ова се размрда горе, буквално под градите мрда кај што се превиткува кожата. Исто мислам нозете се, пред една недела со главче долу беше. Од понеделник почнувам со ЦТГ јас, едвај чекам, барем да не го мислам по цел ден.
Корона е направив брз тест, ајде тоа не е страшно немам некои тешкотии, имав и контракции сега, когс ќе затера на лошо, ми ставија инекција за зреење утре уште две.. Не можат да ме здржат на болница дека сум позитивна, само Ск можело,пс ме пуштија дома да лежам самоза вц да станам, маки ќе пукнам од мислење..
Женски, дали на некоја и се случило ова.. Доле многу ми е потечена и имам болки кај усните (ама тоа најверојатно дека главчето му е многу доле напикано така ми кажа гинекологот) .. Е сеа овие 2 3 дена имам на срамните усни некои внатрешни брумчиња топчиња незнам ни јас како да ги наречам многу болни на допир, и малце сум исплашена незнам од што може така Брисеви се чисти уринокултура чиста 36та недела ја терам
36та недела сум, и кај мене кикиритката е потечена ама не ме боли. Тие топчињата мене ми се од бричењето, преосетлива ми е кожата цела бременост ги имам и стварно болат. Сега оваа недела за чудо немам пу пу
Не купувај пред време. Може убаво ќе ти фати да цица. Ако имаш потреба кога ќе излегувате од болница ќе купиш.
Зашто од сега силиконски да купуваш? Прво не знаеш дали ќе имаш млеко, Може бебе од одма ќе фати да цица. Ако имаш повлечени брадавици ваљда поради тоа се земаат силиконски.. ама јас би ти рекла од сега да не земаш. Прво види како ќе ви оди со доењето, ако не оди, тогаш купи си. Да не фрлаш пари за џабе.
Фала ви ќе почекам секако сегде и вака и така ги има сега , али скоро па сите ми викаа боље да имам во торба за пораѓање него да немам за уште во болница.. медела само по аптекиве има така?
Девојки ве читам и овде ако сум породена Јас немав успешна приказна со доење ми остана цел ланолин два пати употребен. Едвј го најдов јас по аптеките зошто последен период не го увезувале ако сака некоја ќе и го подарам жал ми е да го фрлам цел а 900 денари го купив.
Во 8ми месец сум, последен пат ми кажаа кога ќе отидам сега на контрола оваа недела, ми дадоа стерилна чашка за урина . Што се испитува сега, секогаш урина таму давав а сега ми дадоа за дома па не ми е јасно :/
Денес ја почнуваме 38та недела. Од сабајле имам зголемен вагинален исцедок, бебето си мрда, не знам дали сме прикрај, плус отворена сум 2 прсти, така ми кажа докторот. Во понеделник треба да одам пак, ми рече ако сум уште повеќе отворена дека ќе ме задржи за пораѓај. Мислење од вас зошто има зголемено ниво на исцедок?
Некој искуство со корона на крај на бременост? 39+2 сум, цела вечер сум со температура. Ќе се качи над 38, па ќе се спушти на 37 и нешто.. плус влажна кашлица. Матичниов вчера одма ми рече на клиника да сум одела, ама па со симптоми сум од четврток. Ќе ме стаат у изолација, а веќе терам 4ти ден реално. Бебе си мрда, дури и повеќе од обично. А и не ми се оди на Гак
Роднина моја сите бабини деветини ги испроба пробај со оцет ракија да симнес тем многу течности чаеви супи да не дехидрираш електролити и витамини дупла доза да се оправиш па да имаш сила и за пораѓај