Пиј Витамин Ц од 1000 и земај некој суплемент за железото и хемоглобинот. Брзо се заморуваш од ниското железо и хемоглобин и затоа се качува пулсот. Мене ме спаси една доза Лактиферон, а потоа продолжив да ги одржувам со Ферозомал.
Јас пијам ампули Тотема, пиев по една, сега по две на ден, заедно со витамин ц. Може овие се појаки што ги имаш пиено ти, апчиња се или сируп?
Можно е да се подобри од Тотемата, зошто мене и докторот и во аптека ми рекоа дека ампулите содржат најмногу железо и до сега се покажале најефикасни. Кај мене единствено добро од нив ми е што не ми падна уште, ми се задржа исто и хемегоблинот и железото, а покачување никакво нема.
Зависи и во каква форма е железото и тоа влијае дали ќе се врзе во организмот. Освен со Витамин Ц, пробај и Б12 да вклучиш кога го пиеш железото за полесно врзување.
Пијам и метилирана Б12, уствари нема што не пијам де . Ама кај мене се две, сигурно за тоа и ми е вака. Тешко е многу и главоболки имам скоро секој ден, ама здравје нека растат бебуши, ние има време после ќе се опоравиме
Ај и тука да со пробам среќа, пишав во труднички ама не добив одговор. Денеска 33+ 4 вчера бев кај матичната на контрола се беше во ред, постелка супер,1 степен ми рече, бебе одговара на неделите. Ама си направив беља изгледа сама, после кречење сме и се исфорсирав со чистење и денеска од сабајле имав крв, свежа крв. Бев на дежурен у систина ме прегледаа и вагинално и абдоменално се беше во ред ми рече докторот,ке прекине крварење. може да е пукнат капилар од напор и ми рече да одмарам повеќе. Преку ден се смири, ама пред некој сат пак имав и свежа крв и како кафеаво. Не сум паметна што да правам. Ве молам за мислење, некој со слично искуство. Исто цтг ми направија, во ред беше и тоа, нема контракции. Баш ме фати страв. Моментално немам крварење
Види ова не е баш за на нет искуства. Јас би отишла на Гак за уште едно мислење. И секако, лежење, многу одмор, внимавање и без нагли покрети. И ние дома реновираме, ама не правев ништо тешко и напорно, страв ми беше. На мајка беше цел товар. Ама не дека јас сакам така, така мораше. Догурај до 36та и оди на уште едно мислење.
Не сум од ск за да одам на Гак а у наш град на гинеколозите неможеш да се потпреш, се консултирав и со докторот кој ми ја води бременоста, тој ми рече да мирувам и ако треба да одам пак на дежурен доктор. Не сум оставила така, прашав дали има некој слично ислуство и каков бил исходот. Со маж заедно чистевме, мајка на жалост немам за да ми помага
Па дека рече си била во Систина, мислев во Скопје си. Не мислев ништо лошо, ако имаш уште работа ангажирај некој не продолжувај со работа, тоа сакав да ти кажам. Појди на некоја дежурна гинеколошка клиника во твоја близина, кај и да си, ќе те прегледаат чисто да си имаш уште едно мислење.
Здраво женски.. јас сум 31 недела и 4 дена.. вчера имав лажни контракции па да не речам можи 10 11 пати во текот на целиот ден.. глупо стврднување и чудно чуство кога како ме пушташе некогаш побрзо некогаш по 20 мин.. Но вечерта се напив магнезиум се искапив и ми олесна си реков сега помина готово. Таман сум заспала по 20 мин ме разбуди страшна болка во јајници како менструални и камен стомакот.. ми пушти по пола сат. Од страв одма закажав на доктор за утре. Денеска од сабајле само еднаш ми се случи така а сега вечерва 2 пати.. Колку често имате вие вакви стврднувања? Ме фака страв многу а тек дури понеделник се враќам мкд.. ме чека пат од 6 часа..
Јас сум 30та недела од денес и имам по неколку во денот ама траат минута две макс. Не ме држат долго. Знаат едно по друго три четири пати, ама тоа најчесто кога мрда човеков. Денес пример така се имаше измрдано, се имаше изместено, на чудно место главата му ја напипав, топче беше, затоа мислам главата дека му беше. Јас сакам да ве прашам вас што ви се карлично сеуште, имате поише мака со дишење? Ме убива во поим дишењето, особено после јадење, легнам ли не можам да дишам, а сега па и настината, дишам ко на шкрги. Кратко, плитко и се уморувам.
Ти си ми најблиску, ја сум 31ва, ти се дешава како да ти гори грлото? не се киселини незнам ни како да објаснам.. тоа ми се дешава посебно кога ќе легнам неподносливо е Што е до дишењето, многу гласно дишам посебно после јадење
Да и да и да... се ми се дешава од ова. Ко да грофтам се осеќам. Бљак! Па и дека настината нешто бетер ми е.
Си велам дека е карлично сеуште ото од страна ја чуствувам и во ципите и на бешика како да скока мислиш ќе излези.. Спијам на две перници со главата и многу ретко имам и киселини и со дишењето немам мака.. е сега ќе станам цела здрвена ама тоа е неможи се да ни се погоди .
Уф колку фалат сега тие движења...колку и да се јаки уживајте, ние сега уживаме во галење ама често се чепкам за стомак и ја барам да мрдне
Женски имам благи контракции, а цервикс долг и затворен 35мм. Дали има шанси да истерам бар уште две недели? Се соочил некој со нешто вакво. 36та недела сум.
И јас сум 36та, и ми се јавуваат благи контракции. Докторката рече нормално е, се спрема матката во 9 месец за пораѓај. Не се грижи, ќе си истераш уште.