Се` потешко ми е. Отечени нозе и раце, тешко спиење и дишење. Во последниве неколку дена чести контракции. Пијам утрогестан и се смирува одпосле. Деновиве сум на преглед, едвај чекам да го видам синко, колку пораснало дупшичето. Си исправ и си испеглав се за него, уште мојата торбица да ја пополнам и спремна сум, со Господ напред. Да ве прашам, со ЦТГ почнувам само што ќе влезам во 9ти (36та недела)? И дали кога одите си ја носите торбицата со ваши работи за секој случај да не ве задржат?
Јас почнав со ЦТГ од 28 недела (овде е такво правилото), но не носам ништо со мене, рано ти е. Кога ми кажаа со првото дека се пораѓам отидов дома се избањав, спремив, спакував мојата и за бебето торбата, изедов сладолед и тргнав во болница
А па ептен блиску сме биле.....Само сеа ме збуни малце, зошто јас сум денес 34+4, а краен термин ми е 6-ти Јули
Мене прво ми беше 10ти јули краен, па се помести за 4ти, така да никогаш не се знае. Јас искрено сакам да се породам побрзо, да си олеснам и да не го мислам породувањето уште цел деветти. Паничар сум малку затоа
Хехе... И јас сум истата... Јас здравје боже би сакала некаде околу 20-ти Јуни да се заврши работата, мислам дека е сосем доволно...
Хахаха, јас си прогнозирав околу 17ти јуни, таман една недела од деветти ќе помине и ајт да завршиме. А овие инекции за зреење на бели дробови на бебуш врз која основа ги даваат и дали ги даваат?
Тие инекции се даваат во случај да постои не дај боже можност за предвремено породување или било каква индикација како што се контракции, скратено грло , мината историја со слично искуство итн.... Јас ги примив тие инекции, бидејќи со првото се породив во 34-та недела, па за секој случај докторката што ми ја води бременоста ми ги даде.... Но некако во оваа бременост се ми е поинаку, фала му на бога...
Женички, ви се појавија ли стрии? 7ми месец сум, стомакот ми жежи, ме чеша...мислам дека секој момент ќе ми се појават стрии... Мачкам крем, ама кизнај дали ќе успеам да поминам без нив... или барем со помалце да си поминам...
Е тоа е, кога ќе ти е кожата склона, а мене ми е...така да до некаде очекувам кога тогаш да се појават, чудно би било да не се појават...
Зошто после??? Освен ако одиш на царски па таму кога тегнат знаат да се појават неколку стрии И мене кожата ми беше склона кон стрии, си ги имам стари на бутовите, но во бременост се мачкав (кога ќе ми текнеше на 3/4 дена) и поминав без ништо, но градите ги заборавив и тие се лом како хармоники се со стрии
Да царски ќе одам, се мачкам и јас кога ќе ми текне.. Нека ни се живи и здрави бебчињата а стриите успомен..