Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трето тромесечие од бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од chache87, 19 септември 2014.

  1. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.408
    Допаѓања:
    8.455
    Пол:
    Женски
    Фала, со лесно и кај тебе бременоста (fingers).
    Инаку да прво бебе:).
     
    На Aleks1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Elsi29

    Elsi29 Активен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2022
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    35+5недела
    2цм отворена…
    Положба лежечка цело време
    Има некоја да сподели искуство?
     
  3. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.827
    Допаѓања:
    5.838
    Пол:
    Женски
    Каков тип на суплементи од брусница се дозволени? На испитувањето за урина имам леукоцити, протеини итн. така да освен чај што ретко кога и пијам што друго може се користи?

    Cranberry cyst имам дома ама на интернет читам дека не се дозволени во бременост. Секако за ден/два ќе направам уринокултура дополнително, па ќе видиме и останата терапија доколку ми дадат.

    27+3 сум
     
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.424
    Допаѓања:
    103.421
    Пол:
    Женски
    Зошто да не се, мене ми ги препорача докторката што ме пораѓаше со големото синче. Башка ти скоро во трето тромесечје ќе влагаш, во безбедна зона си. Јас сега ги пијам на Миволис од ДМ брусница таблети и плус 1000ка витЦ пијам. Ама се пијат навечер за да има подобар ефект.
     
    На Miss_S му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.827
    Допаѓања:
    5.838
    Пол:
    Женски
    Немам прашано доктор и супер ако можи. Ќе видам баш за ден/два.

    Општо барав на интернет инфо ама пак и за голем дел лекови пишува не се дозволени, а смеат да се користат.
     
  6. 77Seven77

    77Seven77 Активен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Девојки 36 недела сум, и неколку дена имам мн малку кафен исцедок. Бебето си мрда пред 4 дена на доктор беше се ок. Дали некоја има искуство со кафен исцедок, дали да одам на доктор денес или можеби се спрема за излегување :)) Прва бременост ми е нез што е за паника а што нормално.
     
  7. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.385
    Допаѓања:
    7.723
    Пол:
    Женски
    Да не е чепот, може паѓа постепено. Да не ти е на мисла можеш да тркнеш да те види.
    Ама ако е густ и кафеав, или со црвени како конци може да е чепот.
     
  8. ija

    ija Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    981
    Допаѓања:
    723
    Понеделник сум на цтг кај матичен во 34 недела еднаш бев и во 28 недела тоа не го рачунам поради контракции тогаш бев прашањето ми е дали од цтгто што ќе ми го направи можи да се види отприлика дали за брзо би бил пораѓајот.
     
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Цтг мери контракции на матката и срцето на бебето.
    Ако имаш вистински контракции може да се види на цтг, ама ако немаш, не кажува цтг кога ќе почнат.
     
    На ija му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ija

    ija Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    981
    Допаѓања:
    723
    Ако недај боже имам вистински контракции во тој случај што се прави.
     
  11. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Ако имаш вистински контракции значи ќе се породиш наскоро, ќе те проверат дали и колку си отворена, може да ти кажат прошетај и врати се за некое време или можат да те задржат.
    Ама не се загрижувај, во таа недела чести и нормални се лажните контракции кои може да ти изгледаат како вистински, а не носат до пораѓај.
    Па и да имаш вистински контракции, веќе си 34та недела и не е страшно.
    Со лесно
     
    На ija му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.065
    Допаѓања:
    40.416
    Пол:
    Женски
    Јас имав вистински контракции на цтг кои јас не ги осеќав. Е сега незнам колку беа на правилни интервали дека тогаш докторот ме прати дома на строго мирување за да издржам бар уште една недела, што значи веројатно не биле на правилни интервали. Бев 2 цм отворена.
    Само што кај мене само што дојдов дома ми пукна водењак и рикверц назад во болница на пораѓај.
     
    На ija му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ija

    ija Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    981
    Допаѓања:
    723
    Јас уште од 28 недела имам контракции тогаш правев цтг и испадна дека имам минимални контракции па мирував и ептен се плашев уште тогаш дан се породам имам контракции валда се лажни и ево стигнав 34 недела уште малу ми остана ама нека си поседи бебево ништо не сум спремна сопругот ми вика дај купи тоа што треба бар за во болница торбицата да е спремна.
     
  14. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.065
    Допаѓања:
    40.416
    Пол:
    Женски
    Нека си поседи. Само одмор и без форсирање. Кликај и нарачувај што ти фали за да ти минува време и уживај:).
     
    На ija му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lavica2602

    Lavica2602 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2017
    Пораки:
    1.873
    Допаѓања:
    3.213
    Пол:
    Женски
    Koi lekovi se dozvoleni vo treto tromesecie? Imam glavobolka losa, za paracetamol znam ama dali se dozvoleni i drugi vo slucaj da ne mi pomine od paracetamolot?
     
  16. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.827
    Допаѓања:
    5.838
    Пол:
    Женски
    Како почна трето тромесечие така хормони до плафон. Што и да е ме нервира, било за нервоза или не. Од нигде никаде ми се плачи. Од личност која за скоро ништо не плачи во животот, сега само со солзи во очите сум.

    Последно пред некој час си плачев бидејќи на Pregnancy app, прочитав дека бебињата во утробата имаат процес на тивко плачење. И гласни звуци или стрес го манифестираат со "плачење". :D
     
    На Снегулк@23, 77Seven77 и Филотеа им се допаѓа ова.
  17. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.827
    Допаѓања:
    5.838
    Пол:
    Женски
    28+1

    Бебе околу 1200гр. Спрема табели си е Ок, мене овој пат ми личи мало.

    Инаку сите мерки одговараат за неделите, освен стомачето што е една недела помало, па сега ќе правиме еден куп дополнителни испитувања и следење на ехо на 7-10 дена барем следниот период.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.702
    Допаѓања:
    24.528
    Пол:
    Женски
    Не е страшно помало стомаче, јас така прво испаничив како тебе, еве ја сега манекенка хах долги нозеуште како бебе, тенка.
     
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.424
    Допаѓања:
    103.421
    Пол:
    Женски
    И моето е една недела поназад па ништо не правиме. Ќе имам мало бебе, големо чудо, ништо страшно.
     
  20. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.827
    Допаѓања:
    5.838
    Пол:
    Женски
    Мојава матична испаничи ептен. Демек досега таман, сега оддеднаш помало.

    Да видиме резултати од испитувањата деновиве, па ако треба и нов скрининг и не знам што.