Фала ти! ❤️ Чувството е взаемно. За сите подеднакво се радувам, ама кога ќе видам како некоја од вас што имате поминато мака како мојата конечно сте среќни и исполнети, душата ми е дупло полна. Да споделуваме само позитивни искуства во иднина!
38 + 1 denes, veke 2,3 dena navecer ne mozam da spijam me bolat zabite a preku den nisto se vo red, nekoja slicno iskustvo?
Јас требаше да одам да правам тоалетна на забите имав закажено и кога ми кажа гинекологот да мирувам морав да одложам, две вечери си ги осеќав некако тешки како да ме болеше цела вилица сега сум ок.. дали од мислата што не отидов ама буквално како да ми тежеа. Можеби и тебе ти се за чистење
Дали има некоја што во 29та-30та недела и се вратил нагонот за повраќање? Не е она гадење како на почетокот, туку желудникот како да ми е во чвор и стиснат, од таму и чувството. Во секој момент можам да повратам, независно колку количински сум јадела. Ова мора да се трпи, така? Нема чаре...
еве јас 28+5 сум истото чувство ми се појави деновиве само мастики јадам тоа ме смирува, се си мислам цревата до нос ми се набутани.
Да, мастики од оние Ервејс Екстрим. И ладна вода чатпат ми помага, ама за брзо истата песна. Па и киселини... Значи ли ова дека бебето е горе качено или едноставно матката си натиска?
Исто, сабајле на облекување на чизмите мислам дека ми се врати цело кафе назад, и се почесто ми се случува вака. Гладна сум, а и сита истовремено, едноставно секогаш се осеќам како пренајадена и тешка. Плус не знам дали некоја има вакво искуство, но кога ќе легнам странично чувствувам како да имам вишок воздух во желудникот, како да морам да го иждригам. Јас веќе и го осеќам бебе дека е повисоко, претпоставувам дека е од тоа, ама ептен е тешко и незгодно, а допрва најмногу ќе расте, кај ќе се напика не знам.
Слично чувство имам со воздух во желудникот. Поточно кога лежам осеќам тешкотија, мачнина, но кога подстанам и се исправам ждригнувам толку долго што маж ми одма се ококорува. Ама што да правам, не давам никаков напор, сам си излага воздухот, само при исправање му ослободувам пат претпоставувам. Не можам да контролирам.
Дали имате приметено крв во нос? И тоа само на едната страна... денес приметив и се испаничив. Не ми течеше но имав како корички, и кога допрев погоре со стапче имаше баш крв на него... а вака не ми тече
Да нормално е поголемиот број трудници имаат,имам и јас на секое дување нос имам на марамицата крв нишки,пукаат капилари зголемена е циркулацијата и волуменот на крв во бременост.
Да секое дување на носот ми е со крв,два три пати ми се растече крв инаку сега само на дување имам 33 недела.
Можеби ги притискаш во спиење. Болката може да биде интензивна, а потоа да исчезне во текот на денот.