Јас сум 28+3 истото ми се случува мене многу кај пупакот ме мава, ама ептен... дури некогаш и ме заболува. При долго одење, ми се стврдува и морам да седнам/легнам за да се смири Ваљда е нормално
Сегде мава, од доле ниското до горе под гради, лево и десно кај ребра. Ама сега многу повеќе дури и болно шо викаш затоа се замислив. Исто при одењето, тогаш највеќе ми се стврднува
И кај мене исто е, не да мава мислам ме тепа посебно кога ке легнам ниедна положба не му одговара. И се осеќам трудно веќе, се изморувам побрзо, кичмата почна да ме боли ако стојам подолго време...
Нормално е,и јас прашував тие недели кога бев дали е нормално толку активност. Докторката ми рече да се грижам ако не мрда,а да мрда дозволено му е
Да, логично да е така, само викам да не е вознемирено нешто, така ми делуваше. Дали па дека и ја сум превознемирена овие денови и пренервозна па затоа си мислев така. А повеќе ме загрижиа стврднувата.
Чуствуваат и возмемиреност. Мене ми правеа цтг пред некој ден бидејќи отидов со желудочна болка на преглед. На бебе пулсот му беше висок,исто така и мојот беше висок. Прво се смирив јас,потоа и тој. За стврднувањата земи си магнезиум
Здраво. Бремена сум 33 недела, на последниот преглед докторката кога го мереше бебето рече дека во стомачето е помало од што треба, и во ваквите случаи потребни се чести прегледи. Дали некој има искуство со вакво нешто?
Јас да се пријавам, почнав да не можам позиција да фатам навечер. Детулево спие до мене, се бута во мене, мене топло, склет... по 5 пати во веце станувам, таман ме фатило сон Останувам без здив во сред ноооќ. Се будам како вампир кај ситее ли е вака?
Еве сум веќе некое време не ни спијам само си мижам, дете залепено до мене не ми дава да мрднам, јас се потам сабајле станав цела жива вода, и така си гуркам некако, дали спијам и ефективни 2 3 часа, работата ми е за со мозок да ја работам а јас како зомби одам, баш сега се мислам дали да отворам породилно одма кога ке влезам во 9 ти или да одам до крај, пошто ке бидам сигурно со царски...
Здраво Знаете ли кога се земаат брисеви, доколку се користи утрогестан вагинално, дали ноќта пред брисевите не треба да се става или нема никаков проблем и да се стави?
И мене ми кажуваа вечерта пред брисевите да го испијам наместо вагинално да го ставам. 3 пати оваа бременост, така направив за брисевите