Јас Слиппи зедов, 1 пакетче за почеток, првото ми беше големо одма на 2ка, па на 4ка до 4 месеци стигна ама беше големо бебе со бутки, не го запетлуваа горе пелените во половината, ова помало ќе е секако. Земи 1 паковање па ќе си прикупуваш по потреба. Мрежсти гаќи не купив првиот пат, не купувам ни сега, со обични гаќи од болница бев, царски сум пак, убави биле и за царски како што читам тука, ама и со обични ми беше ок. Влошки Вир не најдов др некои зедов 3 пакетчиња. Па дома ќе се префрлам на обични влошки
Колку се во пакетче 1ца бабу лове и цена ако сакаш да ми кажиш Влошки за гради имам ми даде другарка, имам и кеси за млеко чување ако има потреба. За папоче не купив прашок и алкохол ама ќе земиме тоа нека се роди, имам и чисти неотворени газички од првото, си велам немаат гајле тие? Не би требало да се расипуваат И уште нешто Софија какви капки му даваш? Вит К и Д? На првото само Пливит Д3 му давав, без вит К.
Женски како сте со хормоните последниов триместер? Мене ми беше хорор.. сега влегувам во 9ти, менувам расположение на час и некако многу сум осетлива и си плачам повеќе
Нормално ли е? Едвај чекам да се породам и само тоа ми е фокус, почнува да ми снемува трпение. Дома не ми се седи, прошетки и излегувања ме опуштаат. Се наоѓа ли некој во слична ситуација
Мислам 28 парчиња 299ден. Поисплатлива е 2ката 48парчиња за 380ден. Со килограмите горе доле се поклопуваат. За газите можеш да ги користиш ако не се отворени,ма да јас почнав и беби стапчиња за уши да користам,така ми покажа патронажната. Витамини од бејбитол Д3+К1 бидејќи е на доење.
Фала @Sparky.99 и мене ме фаќаат нервози од жешково, паники за воздух, ако нема клима готово паничен напад мислам дека добивам, ноќе не се спие, a преморен си кај нас бар навечер е свежо, заладува па малку ќе поседиш на воздух, Ск незнам како е, во јуни ко бевме пекол беше.
Здраво идни мамички Денес 33+0 Слабо ми е железото па поради пва последните недела дена чувствувам огромен замор, енергија -40 и постпјани вртоглавици... Најпрвин почнав со мед и семе од коприва 5 дена но бидејќи вртоглавиците ми се зголемија почнав се ферозомал... Дали може два пати да се пијат дневно и ако може ваши искуства со слабо железо и третман.
Колку ти е. Мене 11ка ми е, хгб 116 мислам последно, еритроцити под граница, пијам од 4ти месец суплементи и не крева повеќе, сега зедов Сидерал форте да видам дали од него ќе има повеќе ефект, иначе 35та недела.
Сок од јаболка пијам општо така, од стокомак има 3 литарски најблиску до природен е. Ама ваљда благо малку па се размрда. За железото, какао пиј обавезно. И можеш какао, таан и маџун да измешаш и по една лажица да каснуваш јас тука по форумов прочитав. Мене ми беше 2.7 железото на почетокот
Јас вчера почнав со цтг... една контракција имаше поголема само и ми направи и преглед со рака Грло затворено, вода има, постелка океј... ќе си чекаме кој друг почна со цтг? следен преглед за 10 дена инаку сум 36+3
Јас сум наредна недела на цтг. Ама наврчер имам менструални болки, пијам по едно магнезиум од 200мг навечер, не знам дали да го прекинам или не ништо не ми рекоа. ми помага со отоците на нозете и грчевите без него мислам ке треба цела ноќ да офкам. Наутро сум како ништо да не било и премногу имам исцедок и бел и водлест буквално како подмочана шетам, по 3 пати се пресоблекувам минимум.
Здраво, јас сум 32+6 , мене железото ми беше 11 пред еден месец , 29 недела . Сега ми е 34 (над граница) со тоа што секој ден земав по една ќесичка ферозомал + витамин Ц и пиев какао 3 пати на ден . Пробај со какао , а доколку можеш и телешко месо , мислам дека тоа највеќе помага. Мислам дека не смееш повеќе од 1 ќесичка , но сепак консултирај се со лекар.
Јас од 36та недела престанав да пијам магнезиум, некаде по форумот прочитав дека требало да не ги смируваме "контракциите" туку да оставиме да си работат зошто иде време
Јас наредна недела на 4ти август на ЦТГ Бт на болница, закажав прв термин во 7:30ч во поладното, 36+4 ќе бидам. Магнезиум уште пијам по 2 од 400мг, не планирам да го прекинам не сум имала грч нз од кога нејќам пак да имам и онака сум царски јас...
И мене од грчевите ми е најмногу страв а бе плачам кога ке ме фати, последно кога ме фати утредента ногата ме болеше на одење
Тоа е полошото што боли мускулот неколку дена. Денес свежо, ветар дува ладен, без клима, убајна е, тешки вакво да остани
Здравоо 30+ недела сум и го осеќам стомакот многу тврд, во сабота имам закажено за трет скрининг ама некако ме фаќа паника, па дали има некој со исто искуство? Фала однапред