32+3 недела сум, и почнува да се создава анемија. некој предлог за продукти што ви помогнале за накачување на протеин и на железо? фала ви многу
И мене мн почна болно да ме тегни и мава ноќе посебно, вчера вака пола сат изгледа со ремено ми излегуваше лево од папок Спојлер: Слика
Леле и мене како ме клоца денес прво цтг се изнагрчи тоа апаратот ко радио од што клоцаше точно во него, мм вика ке им го расипе Нареден понеделник пак, 38ма ке сум, бебе супер со протоци, плодова вода има се. 3300 мерено денес
Mashala, pu ,pu i moeto e tuka nekade.Koga mi kaza doktorot 3.100 se iznenadiv ,ushte ne sum ja ispolnila 37ma nedela.
Исто и јас кога е жешко а нема клима како без воздух да останувам како да ме гуши нешто... На работа немам клима ама се сум со ладало в рака и среќа стара е институцијата дебели ѕидови па не е толку страшно...
А дали требаше да го прекинеш и зошто? Кај мене исто... Од денес сум 34 + 0 и ако една вечер не се напијам утрото веднаш ме фаќаат...
Мене ми рекоа дека треба да покачам протеини и уште пред два месеца докторката ми рече да си купам хидролизиран протеин- и купив консумирам еднаш дневно... За железо имав огромни вртоглавици ми даде докторката тот(х)ема ама јас мислев на природна база ќе средам (секое утре лажиче мед со една лажичка мелено семе од коприва) и така 5 дена ама вртоглавиците не ми поминаа и морав да преземам нешто... Купив ферозомал тоа се кесички прашок се пијат една дневно по нив веднаш ц витамин. Еве скоро 10тина дена ги пијам (и да ми ги снема вртоглавиците) а вчера правев крвна слика па ќе видам резултати в четврток што и како е...
Јас испив една доза Сидерал форте 20 апчиња се, сега 2ра доза пијам, пред тоа ферофолик грчките ги пиев, ми го кренаа и тие хгб и железо ама сега вакви зедов пред пораѓај демек за поубај рез, гинекологот ми рече да си ги продолжам и после пораѓај да ги пијам дури се стабилизира. Иначе стандард болки јас, напред ниско стомак и ишијас десен ми е фатен, вчера пеглав за бебе, уште една корпа имам пеглам седната и пак ме боли На одмор од понеделникот сум до 14ти па здравје потоа породилно отворам
Па општо препорачуваат во 9ти да се прекине со магнезиум заради контракциите кои почнуваат тогаш. Ама па што рече една членка што е еден магнезиум во споредба со епидурална за болки кога ке дојде за раѓање.
Кај мене па првото, 37ма 3180г беше, а родено 4300г во 40та, или не беше точно измерено 37ма или 1кг и 100г ставил за 3 недели Како и да е само да се живи и здрави, ќе си порастат.
Јас мислам денес како што ми беше тешко цела бременост не ми било. Мачнини, киселини, се чуствувам ко од поплава да сум излезена. Не знаев кај сум, притисоков низок не помага ни кафе, ни кока кола, матна главава, нозеве тапан отечени па и прстиве на рацеве ми отекоја. На мм му викам да не се случува нешто со мене, а не знам. Излеговме да прошетаме, се избањав и легнав, гледам по нозеве како бели кругови дали од жешко, од отоци, кренав на перница се напив магнезиум и се надевам ке одспијам и ке се оправам.
Мери си и притисок за мирна глава, сега па и пак жешко фати, одма тешкото, плус веќе 37ма си ќе потекнуваат повеќе и нозете, кревај ги и ко ќе седиш, плус и зглобчињата на рацете/дланките ме болат мене, а дека дома сум веќе 3 дена, немам отоци на нозе.
Здраво на сите, сакав да прашам но не знам дали за овде е темата... Би сакала да ве прашам што и колку е неопходно да се има од облека за почеток на новороденче и каква козметика за бебето сте купиле....