Леле исто. Притисокот ми беше толку нисок завчера што ми се степмни. Топлотни бранови ме маваат, се препотувам на моменти, немам трпение, навечер не спијам, не ми се шета, мака ми е од сеееее... синоќа и половината ме болеше, благи менструални... ама хормониве ми е побудалени. Топлово на нерви мава
Еве мој список, купував нешто 50ки ептен за мало и нешто 56ки. Од козметика купив Мустела купка и шампон во едно и лосион за тело.
Јас со болкиве у стомак само навечер се мачам, преку ден ништо не ми е, ама затоа вториот пат кога станувам за во тоалет ме сече долу си офкам, едвај одам. Се мислев прво инфекција некоја да не е, ама пред 2 дена кога бев и крв и урина ми земаа да имаше нешто докторкава ке кажеше сигурно
Ако не си била подолго време неколку саати ако сврзиш спиење знае да боли. Мислам дека мускулите се многу оптеретени да стискат и нормално е да боли после тоа.
Мислам дека притиска бебе сега мноооогу. Јас сум ама буквално на 20мин во веце. Исто мислев дека е инфекција ама не е... мене ми се зачестени големите столици, што до сега се молев за во веце ваљда и на тоа притиска, што да кажам не знам
Луѓе неделава многу јадам (глупости)... Тост со патлиџан, нутела.... Ми е страв да не станам ко лубеница... Како се вие чуствувате?
Мене ништо не ми се јаде од што ми е горе детево напикано у желудник. А тоа си расте гајле си нема последно скоро околу 200-250гр. за недела пораснало
И јас мн малку количински јадам, еве 3 недели немам ставено ништо на мене. Мн тешко ми е после јадење, мачнини имам, ми се гади, поубо ми е гладна ама мора да се јади. Цела бременост без апетит сум, дури чудно за мене, општо си јадам иначе Со првото со доењето слабеев а јадев, се надевам и сега така ќе ми е од ко престанав да дојам се здебелив.
Блазеси ти... мене ми се јаде цело време, како дупната сум и после тоа се каам, зошто имам киселини во 3 сабајле
браво за тебе...мене ми се јаде... Фала и на бебушка што и претходно немав вакви хирови... Побеснета само за сладолед и овошје ама пици у сите овие 8 месеца еднаш јадев (бар тоа ми е ок) ама нешто оваа недела дури страв ме фаќа не сакам да сум топка
јас општо сум стрвна... А сега во бременоста само за овошје она.. како да ми се вклчува некој сателит ако околу мене има овошје и се вртам го пикирам и одма појдувам
Овошје и јас, оваа бременост ми бара овошје душава а пак има денови ич да не каснам, ишта само за сладолед ме има фатено, јадам сладолед 3,4 пати неделата, чоколади имам 5, 6 различни од роденденот од 26.07,една немам отворено, мм ми вели шо прајш со чоколадиве, ќе ги јадиш му велам ако сакаш да јадиш отворај си, не ме чекај мене Па и синко не е по благо и то не зема да отвори да касни. Ќе си надокнадам ко ќе се породам
Мене ми притиска со ноџињата на желудник, не можам ни да се свиткам. Не е уште спуштена доле, имам страшни нагони за повраќање едвај успевам нешто да каснам. Кај хормониве ми дивеат плачи/смеј се уште ова ми беше кусо
Добар дрн. Денес јас си добив пррглед со рака. Не беше болен ама не беше баш пријатен. Цтг супер, бебе ужива, петок пак. И изгледа понеделник ке се пораѓам во петок за сигурно ке се договориме. Сега ме фаќа паника дефинитивно