Абе се не знам што да ти одговорам... По менструација вчера 37 и 2 Сппред мерките на бебето 36 и 1 гн
Здраво, моментално сум 33 недела бремена и од 25та недела ми се појави ишијас, сега дојде до тој степен да буквално не можам да се движам ни со штаки. Врзана сум за кревет, а болката е константна 24/7 без разлика дали лежам/седам. Едвај најдам некоја позиција за спиење и цела ноќ не можам да се поместам, па укочено ми е цело тело. Бев на гиниколог и на ортопед и освен гел за мачкање и парацетамол друго не смеат да ми дадат...Бев и на масажи но нема никакво подобрување, секој ден е се полошо... Ве молам доколку некоја мајка се соочила со исти проблем да сподели искуство како издржала до крај, до термин имам уште повеќе од еден месец, а болката е секој ден се понеиздржлива..
Никако ... Се мачкам со магнезиум гел и офкам. Гледам да полежам ако можам јес да оваа бременост некако не седнувам ич. Се нешто има да се прави.. плус со мало дете дома. Ме фаќа сафра од несредено и по цел ден раскревам... Пробај дупла доза магнезиум и б6 и мачкај магнезан гел. И одмор.. ја само недели бројам...
Јас само единствено при вртење во кревет од лево на десно, испружени нозе и таа крцка и ми се пушта па не ме боли иначе предходно ме убиваше некој нерв што ми се фати од чистење.
jас Не сум в Мк, прегледот до сега е вака: -урина -притисок -кг. -крв не секогаш -вагинално ( секогаш, мо се чуди пријателка у Мк што е) -ехо на стомак -почнав со прво ЦТГ(29нед ) ---- П.С. како рачунаат од која недела е старт на 8ми и 9 месец?
Во првата бременост на двата прегледи, претпоследен и последен (другиот ден се породив) преглед со рака добив, претпоставувам гинекологот си врши проценка дали и кога треба. Јас сум петок полна 36та, денес 35+3.
Со лесно мајка. Во брзање сабајле дур спремав големо дете за градинка не допишав убаво. Во 36ка амбуланта на ГАК дали знае некој кој др е денес?
Секој пат е различно и да треба да биде тој доктор сосема трет може да ти се погоди. Иначе 36 амбуланта ти е преместена не е веќе во срединакога ќе влезеш туку десно до крај покрај лифтовите па лево и последната врата и пишува амбуланта 34
30 нед. како и дали се потите ? мене еден жежок бран и тоа смрдлива пот значи и по туш ми се чини се осеќа се 0сеќам ко кромид како се справувате?