Јас ти се приклучувам 33+ буквално како што опиша така се чуствувам. Прстиве на рацеве ми отекуваат, насабајле апчево не можам да го извадам од лента, за да го испијам. Со киселиниве уште што не пробав. Препуни болат, ми треба време за да станам, или да се свртам на другата страна. Да издржиме до 36+,па со Господ напред.
Да ви се придружам и јас. Од денес 33 ја терам и се потешко и потешко. Киселини, мачнини и неспиење. Вчера бруфен се напив 3 дена главата ме болеше, а парацетамолот само ме препотува. Со лесно и да издржиме машки уште малце.
Јас 33 викам до 34та да стигнам барем по друго е. Почнаа и отоциве од денес и на стапала ќе биде интересно.
И јас да се приклучам... 3 саати сврзав со спиење, после тоа само се превртував и будев на пола саат. Легни на една страна, колкот ме боли, легни на друга, и на таа боли валда од тежина веќе. Лажни контракции вчера ме утепаа, си направив филмови дека ќе се пораѓам во 7ми, а што ако не се породам неделава па влезам во 8ми, што правиме тогаш за движење се потешко ми е, ем стомак почнува да ме боли кога шетам, ем се задишуваам и кога ќе седнам сум ко после трчање, едвај до воздух да дојдам. Си реков уште неделава ќе се обидам да одам пешки на работа, од следна изгледа ќе мора со кола.. За отоци да не зборам, веќе 3 месеци нозете ми се ко бумбар, прсти на раце последно почнаа да ме болат од отоци
И јас одам кон полна 33та, почнува да е се потешко. Јас немам отоци најверојатно дека лежам, имам некои боцкања долу ги читав lightning crotch, вртењето во кревет ми е . Дали имате некаков исцедок? Тие што примате утрогестан кога ви рекоа да го прекините? Мене матичниот ми вели да го прекинуваме уште малку дека навака веќе немал ни толку ефект, но мене состојбата како што ми е барем до 36та сакам да го ставам.
Zdr zenski jas da ve prasam nesto ako nekoj nesto znae za ova Deneska bev na kontrola 33 +6 nedela doktorot na ultraschal vide deka bebeto imalo vo kanalot kaj solzite (neznam ova kako se vika na makedonski se izvinuvam ) cista sega me praka kaj nekoj specijalist se plasam mn sto ke ispadne tamu i dali nesto e strasno kako se pojavi ova sega do sega bese se vo red
И јас сум 32+ на минатата контрола докторот ми го намали утрогестанот на 1на ден а претгодно по 2примав ама не ми спомна кога ќе го прекинеме. Исто примам и прогестерон депо еднаш неделно кој треба да го прекинам на полна 33недела.
Веројатно постепено ги намалува. Мене ме загрижува тоа што тој ме води 10тина дена понапред, а јас сум ризична бременост и сакам бебето да си ги достигне неделите како што се по менструација, а не 10 дена понапред. Баш ќе видам за некој ден на контрола како напреднало бебчето, бидејќи примав и зреење и знам дека после тие инекции знае да намали со напредување.
Zenski dali ste slusnale za toa Kolestaza vo bremenost ? Dali ima nekoj od vas i kako se ispituva mene od vcera pocnaa da me cesaat racete i nozete se plasam dane e toa dali treba da idam na ginekolog ili ne e tolku opasno
Здравоо, мислев до оваа тема нема да стигнам Само сакам да си се пријавам немам за жалење денес освен што од 10ч спиење во тек на ноќ сега спијам едвај 4ч 27ма недела следна мала цел 30та (е така убаво заокружено со 3 напред ми личи блиску)
Дечки имам едно прашање. Скоро сум 35та недела и прееска додека чистев, значи при поголема физичка активност на неколку пати осетив во стомакот како стегање па опуштање, како некој минлив грч не знам како да објаснам, како да ми се собираа мускулите и минимална болка. Што би можело тоа да значи? Дали се тоа тие лажни предвремени контракции?
Jas sve si mislam ke se porodam porano i koga idam na pregled nisto od toa a tie bolki sto gi osekam taka sekoj den neznam zasto se tuka
Добро ама ако е ниско доле кај јајници се лигаментите и кичма позади од долго лежење и тежина, јас тоа го имам а ако е баш стегнување ваљда се оние припремачки контракции од замор. Инаку денес и јас така 15мин имав менструални болки кои се смирија со одмор.
Лажните контракции се тоа. Точно како што ги опиша. Може да се појават било кога во текот на денот сосема нормално се. Вежба матката за породување
Според болката најверојатно се работи за pelvic pain, но да прашам ако некој има слична болка дали е нешто вака како што чувствувам јас. Ме боли ниско од кај срамната коска накај препонот, само од десната страна, најчесто кога ќе станам за во вц и штом легнам почнува да ме боли. Си велам веќе почнува да тежи повеќе, а и деновиве е баш активно бебево. Стврднувања деновиве немам.