Иста сум и јас само кај мене е од лева страна. Од страв двапати правев уринокултура све ми е уредно а од болки некогаш не можам да станам.
Добро утро. Несоници и киселини ме изедоа. Многу ми е тешко и не можам да спијам, башка ако полежам на десна страна повеќе ме заболува, а не е болка од колк. Бебо е многу активен, јас се осеќам скапано и преуморно. Инаку 32+2 сум, сум влегла во 8ми, денес ми текна. Променливо расположение имам и не секогаш можам да издржам да слушам било кој да ми зборува нешто и да ми дели памет. Како се држите вие?
Dobro utro i na tebe So spienje i jas imam problem preku nok sum budna a denski spijam. Jas sum 34 nedela bolki cesto i eve dva dena me fatilo nekoja mrza sto nisto ne mi se pravi samo lezam i spijam preku den se nadevam deneska ke se razdvizam malku
Isto nesonici samo bez kiselini sega za sega. Edno gajle pomalku a za spienje umrev. Bebe aktiven noke, izgl noken zivot ke vodi hehe.
Девојки болка доле како да ме сече, сега почна, плус бубрег ме боли десен втор ден по ред, најверојатно е настинка, доста често се наоѓам откриена со гол стомак у спиење, а времево веќе не не служи, да пијам ли парацетамол, не ми се десило до сега, а бебо е толку активен, мир не ми дава.
Isto i jas taka bev tolku mn bolka imav od desnata strana sto se potev od bolki. Koga bev na lekar mi kaza deka so bubrezite ne bilo nesto vo red morav anzibiotik da pijam. Dali te tera na sekoj 5 minuti vo wc jas vo rok od 1 cas 5 pati idev u wc
Ajde zenski pomagajte imam tvrd stomak utre vleguvam vo 35 nedela. Ne me boli samo cudtvo kako da mi pukne stomakov i mi se losi. Dali se ova lazni bolki ili nesto ne e vo red. citav na internet pisuva deka normalno e
Идам да доста често. И кога ќе ме клоцне баш мислам ќе се измокрам у секунда у гаќи. Пиев панцев 10 дена, плуќата ми беше партал, ама ова ми е најверојатно од прелада зашто многу се откривам навечер и често се наоѓам со крената пижама над стомак до под гради и грбот цел гол. Смрзната што се вика (поготово овие неколку ноќи доста залади) . Не ме боли инаку цело време, болките се од вчера до денес привремени...
Здраво девојки, од денес почнувам 30т недела, освен што понекогаш се будам навечер и помекогаш ме боли грбот од лежење на страна, вака физички добро се осеќам( да не се урочам ) но мене друго ме загрижува, клоцањето! Како по слаби да се ударите овие два дена, јас мислам дека треба цело време да клоца јако прво ми е и само се уфилмувам.. дали е нормално? И дали ги броите клоцањата како што пишува по апликацииве за трудници ?
Ич да ме броиш! Е баш сега бев на доктор и прашав вика абе трудниците ќе ги излудат тие глупости седи цел ден брои клоци. Доволно е да осеќаш било каква активност на бебо (моето прави салта, палачинки врти во стомак а класична клоца не ми удира веќе 10тина денови). Значи следи активност а не клоци и на нет да отвориш вика движења на бебето дека се важни а не ударите
Баш 30та и на мене ми се намалија 4 дена ударите после тоа се ујачаа истото и 32ра недела само тогаш 2 дена. Највројатно успани се повеќе растат и затоа. Сега мислам дека низ пупак ќе излезе како јајце цело напред да носам.
Дали ви се случува да немате енергија? Мислам немам сила од кревет да потстанам како жив мртовец се осеќам. Плус киселини и цела ноќ не спиена. 34 од денес како ќе се издржи
Прошлата недела проверував, хрмоглобинот 125 серумско 10. Како што сум анемична цел живот ова е премија за мене
Нормално е се, како да си ја опишала мојата бременост. Не се плаши и јас се оптеретував со цервиксот лежев по моја иницијатива за на крај да го зголемам 52mm, па за да се породам природно какви не акробации правев не ми мрдна цервиксот. И мене ми е права бременост и бев преплашена за на крај да сфатам дека сум била будала!
Сите зборите цело време за цервикс, јас од утре сум 32ра недела и до сега мерки за цервикс не ми спомнале ниту еднаш. Само вагинално ли се мери? На втор скрининг во Систина др. Гордана ја прашував да не е бебето прениско бидејќи тогаш само долу ниско го осеќав и ми кажа не, нормално е, супер си е поставено, ако сакаш ќе ти измерам цервикс вагинално ама гледам и вака дека е се супер и не ми мереше
Мене Гордана се со абдоминално ехо ми мери цервикс и со првото и со ова исто и верувај матичната кога ме гледаше со вагинално исти беше резултатот. Си ја знае работата затоа и толку брзо прегледува, јас никогаш не сум се задржала повеќе од 3 минути кај нејзе за преглед, само за скрининзите.