Оо да има некоја положба кога ќе ја фати мислам дека со нога преку бешика ќе искочи надвор. Гледам да подлегнам да се смири, малку положба да смени иначе нема спас.
Јас сум 28+2, и денеска цел ден е во некоја лоша положба, речиси секој удар ми е болен, посебно кога ќе ме удри на мочниот меур, навистина незгодно, дури ме фати паника што се случува...
Не знам што прави, ама толку многу ме мава моментално во лев јајник што ми оди да се спакувам и да идам у болница, неиздржливо е зашто се дешава веќе повеќе од саат време. Вакви болки сум немала во другите две бремености, не знам што да направам да помине...
Пробај смени положба, раздвижи се, доколку не помине можеш да се консултираш со матичната и да отидеш на едно ехо. Кај мене мава некако многу доле, што ме фаќа паника да не е спуштено многу, да не е скратен цервиксот еден куп црни сценарија. Ако продолжи вака и утре дефинитивно ќе одам на преглед за мирна глава. И кај мене не беше вака болно и непријатно во првата бременост... од преги менувам положби, но на него изгледа му се допаѓа неговата
Јас дури и подмочана сум веќе подолг период. Движењата се доста по болни од првата бременост сега знае и на одење да ме заболи и да држи болка мислам дека ќе се породам. Уште малце ќе издржиме искрено како ми шета стомаков се осеќам како стомакот да ми е торба како на кенгурине
Тек сега се смири. Убаво кажа, нив како им одговара. Се утепав од вртење и џабе . Тек можам раат да спијам. @Brpbrp ова од денес беше нешто скроз ново за мене. Јас да се исплашам толку не ми се десило. У принцип сум лабава, ама многу се исплашив. Среќа па помина.
Да, минатата недела беше 2200гр сега здравје за 2 недели ќе видиме колку е. Во Систина докторката ја мери точно за неделата, а матичната и на ГАК 1 недела понапред. Мене се ми изгледа дека е поголема зошто стварно премногу притиска и од почеток ми е поголем стомакот.
Денес точно 29та гн. Веќе цел месец како рога таму доле а со нозе надоле е свртено. Јас у пола саат можам по два пати да идам да мочам. А за вечер па да не расправам, не ни спијам од што сум дежурна у вц. Мене ми е исто проблем свиткување па гледам се исправена да сум и право да седам. Јас искрено не очекував дека толкава мочла ке сум како трудница Мене па ме мачат болки во предел на симфизис пубис и препони, зборев со докторката и рече дека е нормално, се спремало телото полека, ама од тие болки тешко ми е движење и се ме боли.
И мене матичнава ми го мери 1 недела понапред, пред една недела измери 1222гр а вчера во Систина 1265гр викам зар за 1 недела само толку малце накачил, ама изгледа има врска до ехо апаратот? Инаку на темата жалење, така е лошо наместен мислам дека нозете му се на страна десно и по цели денови се истегнува со цело тело баш е неубаво чувство, како распукување на цел стомак осеќам
Мајки 34 недела и почна да ме фаќа паника. Кај за царскиот кај за бебуш освен козметика ништо немам купено. Колку и какви аливчина ќе ми требаат на почеток. Разлика ми се голема 9 години имам се заборавено
И до ехо апаратот и до човекот. Јас повеќе и верувам на докторката од систина зошто со првото до грам го погоди
Од кога почнувате да се спремате за бебуш и болница,прва бременост ми е сите ме караат што сакам да се спремам од сеа и да сум раат 28ма сум и дома почнуваме полека за бебуш да средуваме ама за алишта и болница уште ништо или сепак е рано?
Никогаш не е рано. Подобро имај спремно се зошто еве 32ра недела па натака веќе тешко е за движење каде ќе шеташ нема да имаш ни сила. Среди си се од кај знаеш може точно 36та недела ќе се породиш никој не може да предвиди.
Обавезно ради тоа и јас после мирна глава иако моиве и на мм запнале да си го износам до 40та како јас да бирам кога сакам
Јас сум 32ра, уште во сепрември купув количка. Тогаш бев на одмор и имав време за шетање и разгледување, сега со стомаков и по цел ден на работа ми остануваат само саботите и дали попрво да се наспијам или да трчам да излезам. Креветче купив пред 2 недели. Алишта малце купував уште во август коа имаше попусти, нешто пред некое време доземав, сега бабите ги оставив меракот да си го истераат па за месец дена ќе сумирам што имам дома што не па ќе докупам. И ја викав нема пред време да купувам ама коа сфатив колку времето ми е ограничено, и дека плус после се треба да се пере, пегла, дипли, организира, си реков што можам да си купувам полека. А и никогаш не знаеш кога ќе де породиш... Што ако биде одма на почеток на 9ти
Девојки, дали имате искуство да ви кажале дека бебето не напредува со мешето (мал абдомен) и што значи тоа? Иначе 30 недела, абдомен одговара на 27. Докторот вика дека без паника, ќе правам и некои испитувања, ама умирам од страв да не се работи за некој синдром или било какво заостанување Ве молам за искуства и совети?
Lelel deneska izgledaa sitee so bolki sme i jas mislev deka za malku ke idev vo bolnica fativ bolki stomakot mi stana tvrd,cudno bese sto bolkite ne bea redovni koja na 5 min koja na 10 za 1 saat gi snema citav deka se raboti za lazni ke vidime utre na kontrola sto ke kazat . So lesno na sitee
Здраво девојки, денес влагам во 31 недела и бев на преглед, ме загрижи тоа што ми рекоа дека папочната е околу вратот докторката вика дека се е во ред и мерките се ок за неделата, но сепак ме фати паника…дали сте се соочиле со такво нешто вие што веќе сте родиле или сте слушнале од некој близок? Дали има место за паника?!