Оди си на дежурен, не си играј. Може паника те фатило, ама подобро лекарска грижа отколку претпоставки
Оди на лекар најубаво, можеби и ти е стомачен вирус некој па да те пресекло наеднаш и од јака болка да ти се слошило.
Подобра сум, дома дојдовме, немам осет веќе колку стани седни правам, колку работам и колку се движам. Ми се смирија фала богу, најверојатно се лажни, ама луѓе, плачев од болка и паника. Ќе видам како ќе е до после, ако осетам пак одам на дежурен.
Јас пред да ги пуштам на перење алиштата флеките ги испрскав со Фрош за флеки и отстоиа така пола саат, па потоа на перење во машина.
Мене до сега и матичната и на болница само вагинално ми мерат цервикс. За отварање да проверат ме тераа и напон да давам.
И со абдоминално, мене цело време со такво ме гледа и гледа дека е затворено и должината ја мери така. Е веќе на крај кога бев 37ма недела накај 38ма вагинален преглед со рака имав каде виде дека е омекнато грлото и сум 2 сантима отворена и после 2 дена ми пукна водењак.
И мене само вагинално ми мери цервикс, а пред 2 недели и со рака ме прегледа јас си реков готово тука е крајот ( дури сакав да му речам, ај не мора со рака ), но добро поминав, се уште држи.
Офф, сакав да кажам матичнава утре да ме видеше абдоминално да не чепка пак доле денес ме фати некоја паника со исцедокот (2 сомнителни кафенкасто жолти точки на вешот после прошетка) си умислив се отворив ама еве веќе 7ч нема буквално ништо а нит ме болеше само малце доле стандард од замор, денес мислам и променава на време ми изремети психа, никогаш полошо не ми влијаело дури нагони за повраќање од главоболка. Ништо ќе си одлежам па ќе видиме како ќе биде, се изначитав дали отварање на грлото е со некакви симптоми знаци ама ниеден од наведените немам јас Фала @Brpbrp ќе прашам утре не губам ништо и така ќе одам по упат. @Nataliii мене до сега само 1 ме проверија вагинално во 18та недела и тоа докторов вика не се секирај само со 1 прсѕ и може да кажам ми беше најодвратниот преглед до сега, а тек кога ќе почнат да буричкаат почесто и со цела рака Сите други прегледи беа под спекулум но без рака па абдоминално, се надевам си се гледа и така се.
@Pikacuuu добра сум фала богу, некои лажни најверојатно, ама ич не седам, многу се форсирам, работам и си се мразам ради тоа. Ама со деца дома така е, не е баш лесно. Имав некоја болка во десен јајник ама фала богу ми помина откако сменив положба на спиење. Фала што праша
@Fenix05 Кај мене секој преглед е спекулум, вагинално ехо, абдоминално ехо. Преглед со рака уште немам добиено.
Дали имате приметено некој период од денот да е поактивно наспрема другиот дел. Пример утрово беше многу активно, па потоа се смири, мрда но сепак по малку. Некогаш пак наутро е мирно, а вечерта прави вежби .
Ќеркава моја некако со мене е "програмирана" јас кога сум успана, смирена, и она си нанка, а во принцип е мн активно бебе, поготово последниве 2 недели, мислам сака да излезе низ стомак нема каде ме нема клоцнато и како се тегнеее
И кај мене нема ништо такво сеуште.. Пораснало ептен, стигнало до 3 кг дури Уште си е се исто со болки и лажни контракции и стомаков камче тврд мислам ќе пукнам во секој момент Дури на 6ти ми е следна контрола а тогаш ќе сум 38ма па ќе видиме како ќе биде. Со лесно да ни е на сите
Devojki kako ste so trombociti? Mene na poslednata krvna slika mi ispadnaa namaleni na 65, utre sum na dopolnitelni ispituvanja. Ve molam dokolku imate spodelete iskustvo
И моево сега повеќе се тегне, посебно со ноџињата во ребрава лево . А некогаш знае и да ги истегни ноџињата горе накај желудников или настрана некаде на стомаков и се чепка тврдо топче