Штом е како испакнатина најверојатно е бебчето кога се тегни и моето така прави, но бидејќи е поголемо веќе 35+ знам дека е бебето. Но, вистинските болки не знам како изгледаат. Со првото бев со провокација и сега ми е како прв пат. Сум читала тоа за интензитет, траење, интервали... ама не знам какви се.
Site tie bolki normalni se? Me fakat nekoi glupi paniki ne su stanata od krevet od ko si doiv od raboat
Ако се менструални болки само стомак да боли тоа се лажни контракции не се болки за пораѓај, а ако се болки позади во кичма и напред и се зголемува интезитетот на болката. Истегнувањето на една страна е бебето, а цел стомак како стегнат ако е се лажни контракции
Јас како јако пецкање, некогаш па менструални болки почнува од половината нанапред и напон за во вц и течна столица тогаш. И да и стегање на стомакот ама тоа не боли.
Да ете нема правило се чуди докторката како со сите тие поготвувања од бебето уште нз од кога сега не сака. Ми рече сабота ако сакам кога ќе ме прегледува да проба со рака да ми помогни за отворање. Што мислите вие?
А сите претежно имаме болки во кичма, менструални кој како... значи ако почнат појаки менструални плус кичма на одреден интервал тоа е тоа
Убаво објаснето. Со првото се породив царски во 40+ абер немаше да излези, нити контракции нит ништо. Денес на 2 пати ми се деси како нагон за во wc ама немаше што и истовремено ми се здрви стомакот. И после неколку часа само стомакот ми се здрвуваше. Кичмата си боли, опашката и срамната коска. Да не испадне да се породам пред да ко закажат за царски. Иначе 35 недела сум.
Леле не ме плашете со болките и породување имам јас барем уште 6 недели Мрне кичма доче ме корне кога ќе станам на нога подолго од 5мин, стврднувања уште немам осетено целосни само долен дел на стомак кај што го осеќам бебе и 1 дневно благи менструални болки ама без стврднување или не ги осеќам не знам ќе си полудам до 21ви за контрола
Јас со првото кога се породив контракциите ми беа како струја да ми минува од двете страни на половината од горе надоле, и кога веќе видов дека е на 10 минути знаев дека се контракции, потоа болката се засили јаки менструални болки на минута пола минута, и многу брзо се отворив и породив. Оваа бременоат ми е цело време со грчеви, но мислам дека се од гасови и ме заплашуваат од време на време, баш преги имав такви болки 2 3 часа, но поминаа. Иако веќе минав една бременоат оваа ми е тотално различна и се ми е ново...
И јас сум 35+, ситно броиме и мислам дека ме фаќа веќе и трема и нетрпение дека лежам. Денес фати да ме боли кичмата, но имав и менструални болки и толку фуфки. Ама не беа силни и не беа на интервали туку кичмата си ме болеше скоро постојано неколку часа. Мајка ми ме караше дека лежам гола во кичмата, а мене ми е жешко само се отскривам. Вечерва сум добро немам веќе болки, па како ќе биде ќе видиме.
Секое подолго стоење (на подолго мислам 15тина минути и повеќе) кичмата ќе мислиш дека ти се распаѓа и болки ќе осеќаш сепак тежина имаш во 35та недела по тромави сме во бременост скратени ти се одредени движења не ги употребуваш сите мускули. Еве јас во кревет кога се вртам малце кога ќе ги подраширам нозете за да се префрлам на друга страна мислам дека така ќе останат. Јас бев со провокација на прв пораѓај зошто со пукнат водењак абер немаше да излезе и искрено болките веќе на 4цм отворена почнав да ги осеќам како топлина од кичма доле па нагоре како бранови со секоја контракција, највеќе ме заболе кога ми ја ставаа епидуралната таа контракција ме изгоре дека бев во лоша позиција свиткана е после епидурална се зезав со тие таму акушерките. Муабетот ми е јас барем болките не ги доживеав како болните менструации кога ги имав до повраќање и температура различни ми беа.
Мене така ми пукна водењак по 2 дена кога ме прегледа со рака. И така веќе плацентата ти е во крајна фаза нека ти подпомогне ама биди и ти спремна дека може водењак да ти пукне и да одиш во болница можеби ќе се отвараш брзо
Оо спремна од не знам кога тоебицата има се и сешто во незе спремна чека одамна, се слушнав со матичната рече по паметно е да не се чека да ми помогни и рече односи со мм со свршување мн помагало
Урми можеш по 7-8 во смути стави ги со банана и млеко можеш и орев,бадем нешто да ставиш мене ми е преубаво , односи секако, ако си во можност повеќе клекнувај или качувај се по скали.
Добар ден. Железото сум го качила 16ка, сега тироидата се качила (во нормала ама оди нагоре) па зголемуваме доза. Не спиев до 2, седев си муабетев, сега ми се свирка од тешко што ми е. За болки да не зборам, бебуш активен е постојано, малце да се наведнам се тепа со мене, клоца, гура, се тегне... Уште ли има место се прашувам 34+3 сум. Денес посебно сум како лепната... Држ се Мујо још си жив.
И ти качуваш железо,а симнуваш тироидна? Здраво другарке тогаш Јас чекам од понеделник да дозавршам со терапија за железо да видам до каде е,а тироидната до сега е супер со вредности,мада што првата бременост најмногу ми рипна при крај на бременост ,па ми зголемуваа терапија. А и највеќе ме дрма во бременост... и во комбо со хормони...ух Се држиме ајде. Жени,мајки,кралици Те гушкам
Кај мене е 3ка моментално, ама ми рече матичната бар 2.5 заради цезареата. Железото е фала богу добро сега, ама ќе продолжам со хеферолот уште зашто како тргнало бебево се ми собира. Инаку фала што сподели, мене ми е прва бременост со тироида , во време ковид после втора бременост ја пореметив од голем стрес, значи нормално било ова качување. Од терапија 4*75 3*100 сега сум 5*100 со 2*75 . Се надевам ќе се оправи после бременост, некако дозава ми е голема.
И јас сум со 75ка цело време. Сега за сега ми ја држи во нормала. Пред бременост пиев 50ка. После пораѓај како се ќе се враќа во нормала така и тироидната ,и ќе ти намалат доза. Најубаво е до крај на бременост да е најмногу 2.5,покриена си со терапија битно.