Dole ne me gledase samo ctg i eho. I jas bas se zacudev barem da videse dali se otvaram ili se spustilo bebevo
Ќе се види и на ехо по цервиксот дали е отворен или не. Еве денес ме гледаше мојава вика мислев да те гледам вагинално ама затворен е цервиксот. Болки имам менструални, плус и доле некои јаки болки како во вагина уствари не се во вагина туку притиска на бешика силно и се пренесува болката
Седам принудно, а срце ми спие. Госпоѓицата реши дека сега е време да прави акробации низ цел стомак, па малку и на бешика да удри да не е монотоно. Оди заспиј ако можеш. А сабајле ќе ме пречека брат и полн со енергија да го фатиме рано денот со игри. У превод маж ми е најмногу крив зошто си спие мирно и нема релоркостер и од хормони и од бебе што неуморно се врти.
Денес на контрола и прво ЦТГ. Малце ме загрижија ми кажаа било како малце активно бебето, малце како поспано и утре ќе одам пак. Постелката со малце калцификати, и притисокот почна да се качува. За колку дена закажуваат царски од прилика откако ќе се појде кај избраниот доктор
Се зависи од докторот. Пред да одиш на цтг гледај јади, пиј кока кола, па нека те стават на цтг. И јас сум со калцификати на постелка и тоа доста има, за царски ми кажаа полна 38ма, а во 37ма да се договориме кој ден да биде. Но ако константно имаш лошо цтг ќе те направат порано.
Го чувствуваш ти бебето во текот на денот како мрда? @Brpbrp како гледаат дали е активно?Гледам има линија HR за пулсот на бебето и уште една toco за болки.
Да го чуствувам ама не е толку активно како претходни денови. Незнам дали му се намалува просторот или нешто не е ОК. А како ја рачунаат 38 полна 38+ 6 пример или 38
38ма е полна, 38+6 веќе скоро полна 39та. Јас моето некој ден го чувствувам помирно, некој ден е многу активно. Досега на цтг не ми рекле дека е помалце активно. Не знам како го гледаат тоа.
Можам само да те излажам, најверојатно по тоновите на срцето по откуцаите. Знам со првата бременост така отидов од брзање гладна жедна зошто и крвна слика правев и беше успано па нареден ден ме тераа пак да одам најадена напиена и си беше добро се.
Kaj mene bese isto taka mi dadoa da pijam voda i odma pokaza drug rezultat . Naj vazno e da pies mn voda Jas ne bi pravela so coca cola sto ako stvarno ne e nesto vo red a tebe ke ti pokaze od coca colata podobar rezultat i posle doma misli mu ja …. Spored mene da si pies dovolno voda ne da go forsiras tebe ti treba tocen rezultat a ne samo na ctg da dobies toa sto sakas od pienje sok.
Nemoj da me svatis pogresno ne ti posakuvam nisto loso. Daj boze da e sve vo red i da ni kazes utre dobri rezultati
Женски, кажете ми дали е дозволено на пораѓај да имаш гел на ноктите Јас сум 37+5 и имам гел на ноктите а некои ми рекоа наводно дека не треба.Сеуште незнам како ќе се пораѓам ама на мисла ми е.
Ако бебе е успано дали кока кола,вода,јадење нема да даде подобри резултати истите ќе бидат. Ако гледаш така ни вода не треба да пие за реални резултати да добиеш. Најбитно е гладен и жеден да не одиш на цтг, а дали ќе изедеш кило кебапи со сок или овесна каша со вода не ти прави разлика. Не е дозволено гел на пораѓај особено на царски. Калцификати ај да ги наречам како израстоци на плацентата, не е целосна мазна како што треба да биде. На ехо се гледа тоа.
Не е препорачливо ни лак а не па гел ама сепак индивидуално е, секој си знае и си одговара за себе. Можеш да прочиташ на интернет баш зошто не е препорачливо со лак на пораѓај
Не не, се следи ситуација целосна,бебе ако не заостанува со развој си се тера додека плацентатА си ја врши функцијата, ако касни со килажа 2 или 3 недели ќе реагираат.
Аа добро, јас па одма паника ако видат нешто демек да сум спремна да знам што ми зборат, со мисливе...