I jas denes vleguvam vo 8mi mesec, a 99% od zenive uste od 5ti mesec mi vikaa lelee kolkava si jas mislev si veke 8mi 9ti. I strasno me nervirase. Moja komsika isto e 8mi nesec (1nedela pred mene) i ne i se poznava ic stomak. Vo posirocko odi, onaka koga ke optegne se gleda mesence ama moevo vo 5ti mesec tolkavo bese. Se e individualno, jas mislam nema potreba za panika. Tie lugje sto komentiraat najcesto se zeni za zal. Ko bez oset. Ako e golem stomakot, lele kolku e golem, ako e mal pa zaso ti e mal. Aj u p**** mater P.s. bebeto e normalna golemina, ni golemo ni malo, taka da vrska nema i toa kolkav stomak tolkavo bebe.
Секој е различен, со различна градба на тело, иста сум и јас немам којзнае колкав стомак и воопшто не се грижам се додека бебето убаво напредува и се е во ред. Мене ми е дури втора бременост, нели во втората бременост повеќе треба да се познава, јас искрено не гледам никаква разлика, и во првата бременоат бев со средна големина на стомак а бебето беше баш големко.
Точно само жени ми коментираат, бебче цело време си напредува убаво, јас фала богу не се дебелеам претерано без осет секаде па и општо гледам дека не сум гломазна. Во 6ти месец две ми искоментираа машала ама си дебела во стомакот па сега сите викаат абе не личиш трудно Во среда сме на контрола секако а се обидувам да не сум параноична за сè да одам на доктор.. да се надеваме дека си е се добро Фала ви девојки на утеха
Мој совет ич да не се замараш Јас со првото бев како слон,сите ми коментираа дека носам близнаци,знаеш колку се нервирав.. а бебе се роди 3400,не беше нешто кујзнае колкаво бебе,а јас бев преееголема. Сега не допира до мене ништо,иако оваа бременост само стомак имам,бебе пак си тера нормално со тежина. Нивната тежина со нашиот изглед нема никаква врска. Уживај си,и свиркај си. Се ближи крајот
И јас како тебе едно време мислев дури како помал да ми е стомакот од претходно, па дури и на слики исто ми се гледаше. Но, дека одев на контрола секоја недела, гледав бебето си растеше, плодова вода си имало... Изгледа труднички мозок до крај ќе е тој. Мислам дека раат ќе сум дури кога ќе го родам.
Мене ми е прв пат да ми закажат контрола за 4 недели и сум малце избезумена....до сега бебево цело време си напредува и е понапред за 4/5 денови, едвај чекам да дојдат безбедни недели и да излезе мислам оболев од грижи и глупави мисли па згора и коментари,мислења и непобарани совети од други луѓе.. Ајде утре празник конечно 8миот месец да го цепкам ти веќе можеш да удриш со полна пареа на припреми, падна камен од срце @Nataliii фала мила, жално е што како жени немаме повеќе разбирање и сочувство од другите жени, особено што викаш веќе родиле и поминале низ грижи и хормони...
Обично коментарите доаѓаат само од жени и тоа оние кои родиле, ама изгледа заборавиле како им било нив кога им коментирале. Ич да не се замараш, штом бебе си напредува како што треба, нема потреба од грижи. Јас често добивам коментар од блиска личност како ми бил голем стомакот, неа толкав и бил во 9 месец, ама не се замарам, само викам секој организам различен и секој за себе.
Да си најдеш занимација во животот најдобро. Ако идеш на редовни контроли и се било во ред во поглед на напредување на бебето не знам зошто воопшто си поставуваш такви прашања. Треба да си среќна што немаш преголем стомак
Стомакот највеќе расте од 30та недела до 40та и тоА веќе кога ќе бидеш 36та драстично се зголемува зошто и бебе качува на килажА повеќе. Јас со првата бременост бев така голема да кажам сегА само стомак на мене и тоа ми порасна сега последниве недели и ми смета искрено зошто едвај се облакам хеланките додека ги облечам бебево во желудник ми е мислам и дека од таму ќе излезе. Што да кажат покрупните жени што не знаеш дали е крупна или трудна?
Второ ми е мене, друго е кога е прво па се учиш заедно со него. Нормално дека и кога ќе се роди си носи свои думачки, но дека ризична бременост одвај чекам да се олеснам. @Fenix05 утре 37ма веќе нема да се смета ни како предвремено . Ама јас никако да се опуштам . Сега на мисла ми е вадењето на серклажот, породувањето. И ти добро истурка, продолжи така
Ќе ти го вадат на пораѓај? Јас сега на 21ви сакам тоа да прашам кога би го ваделе здравје ако дотуркам до 37ма, за жал, планот да си се породам кај докторов што ме води цела бременост, нема да се оствари ќе морам на гак и така уште повеќе стресови си правам и со серклаж, клексани...нов доктор ама ајде само здравје недела за недела да освојуваме. Те чекаме тебе со убави вести
Веќе во 9ти го вадат, кај некои со поголем цервикс и од 36та недела. Мојот матичен ми вели најдобро 38ма, бидејќи кај мене околу 1цм е и може веднаш да се отворам и да ме задржат. А некои чекаат пример да пукне водењак или да фатат болки, т.е. сам да почне процесот на раѓање, па тогаш да го извадат. И тоа ми ствара малку паника што не знам како ќе биде. Само да сме живи и здрави двајцата, тоа ми е најбитно
I ja planiram na Gak, od denes sum 8mi , moze ke vristime zaedno Gospod da ni e na pomos. Doktorite sestri babici se vazni, ama so srekja malce super ke pomineme Inaku na kolku vreme na eho odis sega? Jas ne sum bila dve nedeli, ne znam koga da zakazam.
Дечки прашање едно..имам силни болки во стомак кои не поминуваат и минимални во кичмата и плус по некоја контракција. Не е ништо итно за одење на лекар се додека не се зголемат повеќе или додека не пукне водењакот така? Иначе сум 38ма на крај.
Треба контракциите да се на правилни интервали. На пример на 20 мин па 15 и така да намалува времето. Легни одмори ако не поминуваат тие се вистинските нема да ги промашиш. Водењакот нема правило кога пука, води си се спрема контракциите. Со лесно
Клексаните уште колку време после пораѓај се примаат и дали после тоа треба некоја терапија за мутациите и кога следно на контрола кај трансфузиолог
Иста сум, само магнезиум малку од малку ме попушта за да можам да одам. Инаку 35недела сум, овие два дена осекам како благи менструални болки се надевам лажни контракции се. Незнам дали да одам на лекар или да не паничам џабе. Со првото бев царски и немав болки и неможам да си ги препознаам.