Lazni isto i kaj mene ista nedela duri i porano pocnaa kaj mene dr mi rece se dodeka ne pocnuva od pozadi nanapred i trae samo nejolku sek se se lazni nema prostor za panika
Кај мене држеа и по саат време у кичма и јајници... Ми идеше да се акнам од земја. Сите ми викаа иди у болница, јас легнав, си поофкав (на неколку пати ова од 34та недела до 36та) и ми проаѓаше. Не. Не сум пример, не треба така, одете си на доктор или дежурен ако е навечер, никад не знаете дали се лажни или се вистински.
И јас ги имав до последен ден и веќе кога дојдоа вистинските кога фатија контракциите не ме пуштија баш и викав на доктпрката нели треба да пуштаат јас не можев да се наведнам да се соблечам цел стомак како коцка цигла ми беше.
Чекајте другари, мене цело време ми се стврднува стомакот ама не ме боли, трае некој 10тина минути и ме пушта. Што значи ова, лажни контракции? 30 недела сум а ги имам може од 25та и ги имам секој ден.
Болка менструална или како болка од самото стегање на цел стомак од матка до под гради? јас ноќе имам, денски ги немам осетено или не знам да распознаам неколку пати како доле кичма да ме заболувала ама со дишење и преместување ми проаѓало за 1 2 мин макс ама не знам дали е тоа тоа а сум 32+2
Дали има некоја што нема киселини? Јас еве 32 ра недела терам досега не ми се јавиле киселини. Нормално ли е да не се јават? Со првото знам имав многу, уштре од второ тромесечие на бременост, не знам коллку јаболка и млека испив за да ми пројдат, а сга немам воопшто. Дали ова значи дека нема да има коса бебето? Поврзано е со тоа?
И јас сум 32ра и воопшто немав киселини, некои викаат може во 9ти да се јават некои дека нема правило. Уживај штом немаш не ги барај со сила. Јас знам некогаш да си се шалам сама да не излезе ќелаво бебе јахахах После си се тешам дека ќе биде плав на татко му па поради тоа немам киселини ќе дознаеме кога ќе дојдат
Еве јас и двете бремености без киселини ги терам. Првото ќелаво мислам до 1 година беше, сега девојкава на ехо ја гледаат со коса дека е. Нема правило
Со коса или без, само не си ги барајте киселините, оти последните 4ри месеци ни јадев, ни седев, ни лежев, ни спиев од нив Иначе за киселини и коса, тоа се бабини деветини, не знам зошто уште во ова време се провлекува тоа верување.
Јас завршував на инфузии од нејадењето поради киселините ( знаат некои девојки што ме читаа тогаш) а се роди без скоро ич коса мојава..
38 недела сум , во Понеделник закажан царски Јас цел ден имам дијареа .. И од вчера мокрачата ми е многу темна ама баш онака многу темна . Негде читав нормално било се чистело се спремало ама мене ме фати страв .. Искуство некој ?
Кај ќе се пораѓаш? Мене во 38+ 3 ме викна докторот да договориме термин... Трет ми е, паника ме фаќа што ме остава да го носам толку долго...
Јас во петок најверојатно на 38 полна. Отоци премногу мислам ќе експлодирам,рацете не ми фаќаат а нозете не ме држат Пишав и во царски за препорака некоја пред царскиот,трема и страв на high level
Прв ти е? Првиот изгледа пострашен. Ама не е. Мноооогу ќе пиеш вода, сок од јаболко многу и ќе гледаш да станеш уште нареден ден после царскиот . Не лажам, боли, ама се ќе помине, верувај колку повеќе одиш (и иако у моментот ќе ти се чини невозможно) брзо ќе те пушти... Не е страшно како изгледа, јас две сум царски, ова трето ми е...
Втор царски ќе ми е Со првиот не поминав баш најдобро месец и нешто бев нефункционална,а беше пред 9 години