Девојчиња се исцедив. Пишав на докторот што треба да ме пораѓа, да видиме што ќе врати, малаксав целата, не сум била пречесто у вц, ама доста често одам, да не направам беља некоја. Инаку градата ми е воспалена рече матичната, да ставам зелка и ќе се среди. Со повеќе инфо во вестите во 15 часот.
Nema pravilo. Moze da dojde bas koga ke se porodis. Kaj nekoi od 20nedela pocnuva. Ne se zamaraj. More mastit ke prais li, turaj zelkite. Ako ke bides carski, mislam rano mleko ke ti dojde. Drugarka moja isto so tretoto, mlekara nesopirliva bese. Zemi si pumpa tamu ke se najde moze, da ne ne e dostapna ako ti pritreba. Da proagja pobrzo.
Лејди што направи бе срц? Ова на крај почнавме да незнаеме кај тераме Пиј електролити и пробиотик. Чашка нане,ќе се средиш. Кај мене тече секој ден ,посебно левата. Ставај зелка да ти олесни и масирај ја.
Не смеам пумпа, ќе и дадам на матката лажно инфо дека дојам , ќе направам контракции. Инаку мамата ми се расплака со десната града. Ќе одам денес на доктор, рече од колострумот е, болки, жештини, абе мислиш дојам и до мастит дојдов . Ставам зелка, ја сушам за 2 саати, топла не знаеш колку е и ќе морам изгледа антибиотик. @Мариаа. Кај мене е како гравче под десната пупка, практично споено е, тврдо камен и боли многу. Жешка е цела околу ареола и не осеќам некое не знам какво подобрување. За дијареата на смекта сум и пробиотик и поарна сум фала богу.
Добредојде Да ослободуваме место полека ние староседелците за нови мешиња. Од денес 39 недела почнуваме. Де ниско го носам бебето, де втора бременост, де женските порано искачаат, ма ништо не важи Ме убија лажниве контракции. Да ми беше прво дете до сега 20 пати на лекар ќе бев отидена мислејќи готово тоа е тоа.
Фала тии Со лесно да ни е само на сите И мене ми е втора бременост. Со првата немав лажни ни па ми беше познато што е тоа хаха И сега...досега немам ии не ни знам што се тоа лажни контракции , што се осеќа уствари?
Jas za mene da si kazam ne deka mn iskusna de ama dr mi kaza bile lazni po toa so i opisav od 30 nekade steganje na stomak na nekolku sekundi i opustanje i posle pak nanovo plus bolki celo vreme vo grb i napred vo stomak koga stavam se se smiruva nego nekoja so go oseka bebeto mn nisko mn me panice kako izgleda veke ko e simnato bebeto i so znaci toa nekoj da me upate
Цел стомак се стврднува и стои така некое време па се опушта. Нема болка ама не е пријатно како под грч цело време стомакот. Уствари истите се со контракциите за раѓање само тие болат Скрос нормални се си вежба матката за породување ама ок е.
Сега излегов од кај докторката, млечните канали се, рече да не пипкам, со сам пород ќе се среди, само облоги и зелка да ставам. Нормално било на трета бременост...
Со 36та недела во вторник одам на прво цтг Воедно и преглед и уринокултура треба во микробиологија да однесам. После овој преглед ќе биде сето со почести контроли. Исто да се пофалам од понеделник го земам одморот од работа и поврзувам со породилно - негде пред нова година ќе ми го отворат. Па редно време неше баш се наработив годинава.Се изморив веќе. Не знам како сте со болки во кичма. Мене последнава недела ако седам или лежам во иста положба подолго од 10 минути имам мака за да станам. Ме боли ме кине долу кај крстот, во долниот дел од кичмата. Пијам и магнезиум за опуштање на мускуливе ама слабо помага.
I mene me kine me boli od ednata strana kicma, od drugata kolkot, isto 36ta sum. Magnesium pijam x2 vo den, i mackam edna krema, bas ja pisav preeska vo trudnicki, dozvolena e, ama ne znam kolku pomaga. Inace mene so ctg mi rekoa od 37ma na GAK. Sekade razlicno. https://www.zegin.com.mk/mk/catalysis-folreks-krem-100-ml
Јас прв пат ќе правам цтг ваљда во понеделник, тогаш ќе бидам 37+5, минатиот пат ми правеа само ехо. Како се ближи крајот ме фаќа паника викам дали ќе осетам кога ќе ми пукне водењакот, читам кај некои течело повеќе, кај некој помалку, или во болница им го пукале… прв пат ми е и не знам како е иначе ме болат колковите кога лежам на страна, ми тежи стомакот и тешко се вртам кога лежам, на моменти ми е тврд стомакот…
Трет скрининг сте правеле,ако да каде кај матичен или приватно и кога? И спомнав на последниов преглед на матичнава,и одговор добив тоа е ист преглед како овој сеа што ти го направив. Здравје наредна контрола сум во 31 32 недела и не сум се решила дали кај нејзе или и плус на уште едно место да одам Со првата бременост само кај неа бев за тој преглед
Ne pravev, maticnata ne ni mi spomna samo me prati na pregled gak za srceto a tie tamu se cudea zs me pratila srce se gledalo vo 2 skrining. Taka da koj da gi sfati, edni vaka dr taka kazuvaat.
Мене и на тоа ехо за срце не ме праќа Ја прашав и ми рече чим Димчев не ти кажал ништо на вториот скрининг нема потреба
Nekoi se vodat i spored toa sto ne cini demek mn eho da se pravi. Barem mojata maticna se vodi spored ova iako gledav emisii kade sto objasnuvaat ne steti. Ama ete maticnava moja se vodi spored toa ako e se vo red nema potreba od eho mn.
Спијам на лева страна ама се осеќам како да тежам на стомаков. Пример, ќе заспијам и се будам, гледам сум легнала скоро па на стомак.Као навалена на стомаков, не знам да објаснам точно. Спијам со перница меѓу нозе, но џабе, не ми помага. Му тежам ли на бебе? Чаре?