Цервиксот на втор скрининг 22 23 недела ми беше 35мм, потоа во 27 повторно ми измерија 35мм. Наредно во 30та не ми измерија цервикс за сега во 34 да биде 23мм. Болки имав константни како напони за во вц, но ајде си мислев ќе ме фача некој стомачен вирус да не паничам... Но кога појдов 34 недела кај матичен гинеколог покажа болки на цтг и 23 мм цервикс.. на болница ме пратија и итно ме задржаа со услов ако не се смират болките да одам ск на клиника. Ме боцнаа инекции за зреење, дијазепам од 10мг, антобиотик во системче и ми дадоа утрогестан орално и нео пенатран вагиналети... сега имам болки послаби на 1ч некаде... ме проверија сеуште не сум почната да се отворам.. сеуште лежам на болница . Ви го испраќам првото цтг кога имав болки ако некој може да каже колку било и е опасно...
Не се секирај, штом си во болница си заштитена, ќе истераш до крај тука сме за поддршка. Многу сме со гратки цервикси тука хихи си се бодриме постојано
Немав воопшто никакпв проблем црла бременост сега ме лупна гром од ведро небо наеднаш... а има мн болки ма цтг во прво пто го прикачив? Иначе поддршка и до тебе ти која недела си каква е ситуацијата кај тебе
Навистина не знам да ти одговорам, никогаш не сум била на цтг. Моментално сум 30+6, лежам од 21ва со скратен цервикс и сум под голема терапија со но спа, магнезиум, ферона и утрогестани. Се скратува грлото уште, но немам болки, контракции или отварање… цервиксот ми беше 7 недели 23/24мм сега ми е 16мм… ти си супер, ќе те стават на терапија и ќе си влезеш во многу безбедни недели
Јас се префорсирав на работа, патував до 40 мин наработа плус терен и тоа е.. добро е што мириваш стегам палци бебушки да издржат и да ги куртулиме овие маки па после идат други обврски и тој е текот на животот... фала ти на поддршката малку ми олесна
Здраво девојки, со болки сум во стомакот цел ден 33 недела, бев на доктор прегледано и бебе, должина на цервикс, отвореност цтг се во ред и се нормално но болкиве еве уште се присутни ве молам за помош секаков совет е добредојден.
Да не си измрзната, циститис да не е? Мене и пред и сега во тек на бременост ми се случува со болки во стомак. Само брусница, топло и вода.
И јас кога имав млаки болки долу како менструални, направив уринокултура и излезе бактерија. Би препорачала и тоа да испиташ ако можеш. @EvaZ
Па не знам немам никаков проблем при мокрење... имам упат за крвна слика и мокрача ке видиме како ке излези. Сега еве само со лежење сум и течности ама болкава сеуште е присутна..
Иста бев и јас, никаков симптом немав при мокрење, некоја чудна тапа болка само кај бешиката која траеше ден два, дури и бев на ехо да видиме за секој случај, ама сѐ беше во ред, после направив уринокултура и излезе бактерија
Мене па не ми излегува бактерија, само шо викаш малце болка ниско како притисок. Два пати бев ми кажа гинекологот измрзнета си, ми даде cysticare таблети и повеќе брусница и топло ми кажа да пијам.
Мене како цел стомак да ме боли околу папокот ни се зголемува ни намалува болката ама цело време си е присутна .. А при обична проверка на мокрача ти излегуваше нешто во седимент или чисто ти беше?
Meшиња што сте при крај... јас 37 ја терам, дали осеќате жешко , па ладно да ве стресе па пак топло, периодично не цел ден Ноќно време испотена се будам
Како јас да пишувам исто, мислам дека е нормално. 37+3 недела сум Не знам веќе како да се облечам навечер, ако сум по маица ладно ми е, ако сум во пижами со долги ракави, се потам, ајде уште малку па бетер ќе биде со бебе. Ќе си смрдкаме
Некој искуство со зголемена плодова вода... Ми рече докторката не е толку страшно, може само водењакот да ми пукне порано, 34 недела сум. Бебето си е ок си напредува 2600 е ама за мојата конструкција било малку поголемо во килажа. Се надевам ќе издржам до 36та барем.
32 недела сум и осеќам некоја вагинална нелагодност и болка особено при лежење кога треба да дадам напон да се свртам или станам, мислење?