Исто значии...прашав докторка на гак ми рече мускули биле тие што што ми биле згрчени, здрвени кај желудникот, фактички помеѓу градиве и трудничкиов стомаки кај папокот(лево,десно) исто кога станувам после долго лежење/седење ме затегнува, ме сече...после кога ќе се размрдам поарно мие. И викам на докторкава постои нешто за симптомиве? Се насмеа и ми вика само пораѓај
3 тромесечие веќе бута органите и болки, непријатности се нормални Јас само што влегов во 8ми .. и овие некокку дена немам здив , ме притиска на дијафрагмата и ми се гууби здив.. а ударите повеќе се доле, на бешика посебно притиска со главчето.. и така ке е за убаво само се се иЗдржува
32 недела од денес, последните две недели тешко дишам, не лежам на грб ама и кога сум на страна останувам без воздух и тоа доста често, нормално ли е?
Јас сум второ тромесечие, ве читам и си викам уште што ме чека... Испаѓа најлесно го поминав прво тромесечие, без ниеден симптом, обратно од сите други, штета што го поминав во страв и не уживав воопшто.
И јас поминав супер без гадење,повраќање крварење прв, од кај 22ра имав некои проблеми што фала богу бргу се решија, е сега трет е прича о себи
Знам и мене ми одговорија така исто. Пијам некогаш спазмекс пошо и од цревата е шетачката болка некогаш гасови и запек. И само потпрена на кревет со перница на грб и нозе хоризонтала мие удобно. Еве ноќеска исти болки плус во колкови ич не спиев врти се лево десно и тоа со болки.
Здраво девојки јас сум 30+2дена Сакам да прашам за 3тиот скрининг дали е задолжителен како првите 2 и од која недела се прави. Јас сум од Куманиво и досега скрининг правев во ГАК. Но за третиов ништо не ми спомна матичната, само контрола и брис за 3 недели.
Третиот мислам дека дека се гледа плацентата, доплер, папочна врвца тие работи, ако грешам нека ме исправи некој, може ако ти ги гледа на секоја контрола смета дека нема потреба. Мене ми ги гледа ама јас пак ќе направам во 33та ми рече, с во 35 брисеви
Да ми има кажеано дека ми е во ред плацентата и папочната врвца, протокот. Сиг за тоа ми нема спомнато за трет скрининг сепак јас ќе ја прашам на наредна контрола.
Кога се почнува со редовни прегледи во болницата кајшто ќе се пораѓаш? До која недела се оди кај матичен гинеколог и кога се одбира доктор за пораѓање?
секој индвидуално кој кога сака...ама о 36та недела влегуваат во нивниот пакет и прегледите се бесплатни со уплатен капар
Дали послабо се чувствува бебињата после 34, послабо активно е, мора да го размрдам стомакот па да почувствувам движење или ритање со нозете,како поактивно да беше претходно. Правев ЦТГ пред два дена, уредно беше.
Јас од утре ситнам 33 недела. Пред два дена на преглед се беше во ред и уредно. Срцебиењето во ред, но со послаб звук, ми кажа матичната дека е така пригушено пошто сум била повеќе здебелена од што треба. И овие два дена бебка поспора ми е малце, ја затресувам и ке се размрда малце после тоа пак штама. Одма направив филмови, не знам кога треба да почнам да паничам. Пред да идам на преглед баш мрдаше убаво се изместуваше стомакот. Се надевам дека само повеќе одмара или е ептен заспана. Аман веќе со секирацииве.
Здраво девојки До утре 31 цела недела, стартувам 32ва.. Последниве неколку дена постојано сум уморма, глава ме боли,воспалени непца... Се исплашив поради грчеви и контракции , ме притиска со главчето надолу Дали и на некоја друга и се случува ова ? Како да ми се вратија симптомите од прв триместар само во подебела и потешка форма. ДА не зборам што трчам во wc често и што едвајј се вртам ноќе , де лево,де десно
30 недела и еве два дена послабо го чувствувам. Се збудалив, готово! Незнам кога е паметно да трчам итно на болница. Денес и две кафиња, еурокрем така јадев, попешачив, ручав се прејадив, газирано се напив. Млитави движења чувствувам, као се врти ама не ме чука, не ме мава, не ми мрда стомаков. Стварно сум испаничена. Несакам да делувам како разгалена и да трчам на преглед одма и ете не сум начисто. Хелп.
И јас имав таков период. Три дена многу слабо ја чувствував, само како да се превртува и тоа морав да го растресам стомакот, не ми помогна ни кафе ни благо ни ништо. Во петокот вечер дури со една нога спремна на лекар да одам почна да претка. После тоа убаво се размрда, еве и вчера и утрово океј е се. Мислам дека е период, како што читам кај сите се случува. Сите за истово се стресираме.
И кај мене имаше недели почнувајќи пд 23ра некаде каде некои денови беше слаба бебка со мрдање... два три дена па пак почнеше.... и кас се стресирав ама иГледа кај многу беше така..дали тогаш растат нз.. приметував кога влегував во нов месец тогаш ми се случуваше
Да и кај мене од поодамна си има такви периодчиња, ама предходно некако не се оптеретував, дали дека помало па си викав нормално е. Како што поминува времето само измислувам нешто.