Јас сум 28 + 4 мила ептен сме блиску за прегледи некои викаат се прави скрининг 3 ама мене до сега ништо не ми спомна ни матичниот ни приватниот специјалист, па денес сум на контрола ќе видиме што ќе каже
Јас сум 32 недела, освен скриен шеќер и сега брисеви во 35та недела и ништо друго.. Ми остана уште еден преглед на гинеколог за брисеви и толку, брзо летна овој пат
Значи брисевите се во 35? Баш тоа ме интересираше Инаку направив и јас во 25 скриен шеќер значи сега лабаво ќе биде
А кои брисеви се испитуваат во 35та освен стрептокока? Дали се повторуваат оние од 12та недела или некои други се?
Jas vo 30ta pravev tret skrining. Vo 28ma hemostaza i ddmeri i mi prepisaa kleksani. Isto i poradi zgolemen sekret pravev brisevi. Ako se ti e vo red i uredno ne treba nisto. Mozes skrining samo, jas na drzavna go napraviv
35 недела сум од утре 36та... како ги осеќате бебенцата овие недели... моевп неш слабп тук го има тук не.. иако приличнп е бебе мирно во меше..не е некое што удара гура штп викаат некои мајки незнам дали и кога спие... ова се си спие и кога се разбуди се преметне левп деснп се истегне и тоа е тоа
Ама баш исто. Бебушка е мирна. Се превртува чат пат. Башка веќе и просторот им се намалува. Јас ниеднаш не доживеав силни удари, искривувања на стомакот или како што викаат ноџе да се види. Од петок сум 36та и последно на преглед кога бев ми спомнаа само 10 пати во текот на денот да го осетиш макар нежно, е доволно. Неделиве дека повеќе станувам за во тоалет приметив дека си мрда и преку ноќ, ама тоа не е мрдање за да те разбуди од сон. Најверојатно си се активни и навечер само не ги приметуваме.
Значи има и такви бебенца.. и јас истп ништо не ми се подига за да видам дека е ноже ило раче... буквално малку напрчи газето се помести нежно и то е то... јас од утре 36 почнувам.. и овие два дена чат пат осеќам менструална слаба болка ...
Ај да се добредојдам во групава и јас официјално. Не ми се верува дека стигнавме и до тука. Само нека е све на арно и да ни кружат на сите најубавини па за скоро ќе се гушкаме со милините наши Денеска бев за скриен шеќер во Авицена, ама многу ми беше гадно од течноста единствен спас ми беше да си заспијам во чекална.. и секако заспав. Утре на финален комбс па инекција и контрола кај матичната наредна недела. Одвај чекам да го видам бебче цел месец ја немам веќе видено... Алал ти вера, ја у слободно време си ги држам другарките зашто ми тежат на стомак чудно ми е баш некако кога ќе ме видат странично не изгледа дека високо ја носам, ама помеѓу гради и стомак цела дланка ставам ...
Јас денес бев на преглед и и викам на матичнава многу ниско го носам бебево. Она ми вика не постои ниско, високо носење ако грлото на матката е ок, супер си е се. Иначе ме испобуни, јас сум 31ва недела и ја прашувам дали е 7ми ими влезена сум во 8ми месец, ми вика 8ми на средина си, зашто ние рачунаме 10 месеци носење бебе, а не 9. Ваква искочив а имам родено веќе едно
7ми месец од 28 до 31недела, 8ми месец нели е од 32 до 35 недела, а 9ти месец од 36 до 40? јас вака знам
Па и јас така знам, мислев во петок влагам во 8 ми, ме збуни цела вика не не 8ми на средина си, којзнае како сметаат
Од 31ва недела до 35та недела е 8ми месец Јас сум 32+2 недела , лажни контракции имам овој пат а со првото ич не осетив
Не се повторуваат доколку сте вие во ред немате чешање, миризба, пецкање, болови при мокрење и претходните брисеву ви биле ок тогап обично само од вагината ти земе брис.
Истооо, само еднаш успеав да фатам клоцање на камера, мирничко, се надевам нема да е бесно кога ќе се роди здравје
Јас и ти сме следни ... во термини сум последна од мај ама нз зш и како и од каде ама осеќам дека ќе е порано викам бар велогден да дочекаме