Докторката што ќе ме пораѓа здравје ми закажа преглед одма после празник да видиме до кај сме..Превозбудена сум, не знам што ме чека.. Не ми се ни верува дека сум 9ти и колку брзо помина времето. Иако ми е во план со епидурална да се породам, многу ми е страв некако.
Еее ја ќе одам гак и таму епидурална јок а сакам те да ми олесне оти ја знам што ме чека , викам не сум ни прва ни последна како сите така и јас.. ама скапо е приватноте немаме толку средства шо да се праве
Имаме приватно осигурување, па веќе чим го имаме ќе го искористиме да ми покрие пораѓај. Се мислев да пробам без, ама со сите што се консултирав ми го кажаа истото. Прворотка, подолго ќе трае целиот процес, па вака или така чим имам опција на крај секако ќе побарам епидурална, така да за да не се мачам за џабе да си побарам на почеток. Како и да е додека не дојде до тоа ништо не се знае, сега за сега таков е планот за спонтан пораѓај, дај боже сите да поминиме со лесно и најбитно се да е во ред.
Абе 21 век за се има лек само по државноте епидурал не ставија опција нз зошто така.. епа ке си ја платеме... ама тоа е.. и јас така викам камо да е брзо само за лесно неќе дае..со господ напред
Не мора да значи дека кај прворотка е правило за подолг процес, кај мене од болки до бебе имаше само 5 саати како прворотка, бев со епидурална исто, се чека да се отвориш некои 5 прсти што викаат они па тогаш ти ја ставаат, одма не можело, со лесно само.
Како и да е само со лесно да е, па здравје ќе кажуваме породилни искуства. Имам пример другарка исто ја чекале да се отвори 4 прста за да и стават епидурална, бавно се отварала па заврши царски, а друга пак на закажан природен пораѓај со провокација и ставиле и провокација и одма епидурална, мислам беше 2-3 прсти отворена од претходно. Каде се пораѓаше ти?
Во ремедика пред повеќе од шест години, да секое породување е посебно, од 3 сите би биле различни, само да раскажеме убава приказна во породилни сите
Брисевите во трето тромесечје со спекулум ли се зимаат? Имам заборавено, а со оглед на тоа дека премногу ми беа болни првите до степен да ногата ми откажа од болка на некоја минута сега се плашам за ова во 35 недела што следува.
Гледам повеќето сте пишале 28+ дека сте во ова тромесечие. Јас се си мислев дека со 27+1 сум за овде... На сите апликации така ми стои.
И мене на апликација ми стои така .. не сум сигурна и јас од која недела почнува 7ми дали 27 или 28 ..
Епа ако почнува од 28 недела, значи почнува од 27+1 и трае до 31+0 или точно 4 недели. 27+1 е веќе 28 недела.
28 полна 27+1 не е полна 28недела туку полна 27недела и 1 ден од 28нед. и трае до 31 полна недела. Еве како идат
На сите терминот ни го рачунаат на 40+0 или 280 дена од последен циклус. 40 недела е 39+1 до 40+0. Вака според ова што го прикачи испаѓа дека терминот треба да е плус една недела, односно 41 полна недела. Мене вака ми е објаснето. А и не е толку битно, кој како сака нека си рачуна .