Мојава па сама се понуди уште на почетокот, дали имам доктор/ка или да ми бара она. Вака лошо да не звучи, ама имав избор и да си бирам дали Гак или Чаир. Се одлучив за докторката што ме води на Гак. Некако ептен опуштена и сигурно се осеќам. Мислам да не беа матичната и она, којзнае дали ќе бев вака мирна и стабилна. Јас и отворено и реков сакам ти да ме пораѓаш. Термин ми е околи први сеп. плус минус некој ден и знам дека ќе е тука, бидејќи има школарчиња. Некако патот води дека и царски по се ќе бидам, така што ќе си се договорам со неа. Чекам консултација со ортопедот и уште еден разговор со неа, за да ми каже дали ќе можам или не природно. Иди ти Гак или Чаир и договори се со докторот што ќе те прегледа. Прашај си отворено кога има план за одмор.
Девојки денес сум 27+1, цервиксот матичната ми го измери 26+5 26.7мм, наредниот ден отидов на ГАК 26+6, таму докторката го измери 31.4... Препорака од матичната ми беше да лежам, 2х1 утрогестан и депо на 3 дена... Препорака од специјалистот на гак ми е 3х1 утрогестан и депо на 5 дена.... (Заборавив да ви кажам, специјалистот на ГАК ме стискаше во долниот дел на стомакот додека го гледаше цервиксот и ми рече дека се отвара на стискање) Е сега, на кого да верувам повеќе? Стварно сум во бунило...
Sekogaš kaj drug doktor naletuvam, rano mi e ušte za klinika pregledi, 29 u dabota tek, ne znam ni kaj koj bi odela...užas sum znači..nemam nikoj što poznava nekogo, odnoso ima ama site si gi čuvaat vrskite za kjerki, snai Ne znam što da pravam
Од 28-32 е трет скрининг. Побарај и упат на твојата за на Гак или Чаир. Имаш и список со доктори кој кој ден е во амбуланта. Ќе отидеш и договори се. Имаш низ форумов доста фалени доктори од двете болници. Одлучи се и барај и термин.
Prv pat slušam deka ima tret skrining, ja sum vo sabota vekje 29 nedela, bev včera na eho kaj nea, ništo ne mi spomnala. Ajdee ....
Третиот скрининг го прави доктор што би те пораѓал. Затоа ти викам сама барај и. Ако она се прави на будала, направи се и ти. Кажи и сакам упат за как Илиевски, Ана, Самарџиски или било кој. Овие како пример ти ги дадов.
Има ли логика ова? Стомаче и фемур помали за цели две недели, а останатите делови поголеми за две недели. Дали е лошо мерено? Веќе месец дена откако открија дека заостанува во мешето, сега ете гледам и фемурот. Килажата исто мислам дека е мала за неделата 981грама (28+1) Не ми даваат клексани, со изговор дека димерите биле нормални.
Во паника си и си пишала во две групи. Дали ти кажа доктор дека има простор за грижа и дека треба да примаш клексани? Зошто сметаш дека треба да примаш клексани? Бебето ти е со добра килажа. Не сите бебиња имаат иста килажа , нити пак е веродостојна мерката , зошто бебето е внатре и се мери по некои димензии.
Можно е да ги штелуваат за да одговара на неделата. Јас приметив на комисија на ГАК дека апла главата му ја измери помала пред мене за на крај да одговара на неделата во која што сум, инаку би било цела недела понапредно. Оди на второ мислење и на трето ако треба.
Zdravo Dali znaete vo poslednite nedeli osven ctg i eho kakov drug pregled mozhe da se pravi? Se si e okej, nemam bolki i kontrakcii, bebeto odgovara spored nedelata i e nadolu so glava. Verojatno prirodno ke se poragjam. Dr mi reche naredna nedela pak na ctg "pa mozhe i eden pregled ke ti napravam" ama deka stalno e vo nekoja guzhva, na trchanje ne uspeav da prasham na kakov pregled misli. Ke nagagjam sega cela nedela
Od kaj 37,38 pocnuva toj pregledot vaginalno so raka da vidi dali si otvorena i dali grloto e omeknato
Отиди на друго место за уште една проверка. Ехото не е секогаш точно. Кај матичниот бебето ми беше 9 дена поголемо, истиот ден бев во Ремедика и беше 14 дена поголемо таму. Плус знам девојки што им рекле бебето е 3кг, а на пораѓај 4кг испаднало бебето.
Во која недела точно се правеа контролните брисеви кај матичната, и оној за стрептокок? Во 30 та или покасно?
Имам како менструални болки во долниот дел на стомакот и кичмата во 34+5. Траат некое време па прекинуваат. Дали треба да ме плаши тоа или не?