Јас да сум би одела да ме прегледа некој може не е ништо ама да сум мирна, колку време трае ова со болките?
Девојчиња, ме боли под градите кај ребрата, болката е како да сум вежбала. Имала некоја? Иначе сум 33+
Вие кои примате клексани, дали сте забележале болки во кичма ? Веќе неколку дена се боцкам во бут, премногу ме боли најчесто десната страна, дури и ногата ми се укочува. Дали има некој искуство? 30 недела сум
Не ти е од клексаните. Болки во кичма секако има, од тежина, расте бебе, притиска внатре. Ако ти се укочува ногата најверојатно некок нерв ти се приклештува.
Па повремено, некогаш кратко некогаш по 3 часа. Бев на доктор ми рече скратено грло на матка ќе се породиш за 2,3 недели штом имаш и контракции такви, во петок сум пак на контрола за бебето и ќе ми дадат упат тогаш за пораѓај во Чаир одлучив. Веќе сум влезена во 35та недела. Брисеви чекам и упат да извадам и ќе одам во Чаир на ЦТГи прегледи секоја недела како што и по пракса сите прават.
Како сте жени, јас моментално во ваков муд ми се плачи ништо не ме собира, од друга страна се тешам барем ќе се подновам
Ете ме и мене Шорцеви што ги облакав пред две недели, сега не поминуваат кај бутките. Утре идам да си земам некои така поголемки, да можам да носам барем летово колку толку.
Остај, едни шорцеви ме собраа денес ги кренав до под стомак со подолга блуза таман, и така јас среќна абе за до градинка само шо појдов и назад се гушев од шо ме стегаа, кај сите органи ми се кренати горе од бебе уште овие ми фалеа
Од утре во Кам ќе има по 200 ден некои памучни демек. Ќе тркнам утре да видам дали ги бива за да земам два пара, за да имам за низ населба.
Чаре за киселини има? Пијам кисела вода, шмукам гастрогард моментално можи ќе ме смири после пак исто, како змеј се осеќам со првото немав толку мака ама ова за сите пари ме измачи
Мене од сода ми врви секогаш инаку пробав и гастрогард и кисела вода ништо не помагаше горев инаку јас си земвам прочистена мислам дека таа е без алуминиум
Зелено кисело јаболко или ладно млеко пробај. Јаболко мене ми смирува на подолг рок, млекото кога како некогаш само моментално некогаш повеќе.