Можеш да пробаш бадеми непечени и несолени, ладно млеко, коска од маслинка или неколку зрна ориз да ги голтнеш со малку вода со првата бременост тоа ми помагаше со втората ништо не ми помагаше само сода растворена ама многу ретко ја земав кога немав избор. А сега со третава да не се заречам немам кисели многу ретко и сами од себе поминуваат. Може два или три пати зедов гастро гард и толку.
35+5 сум. Ме фаќаат болки во кичма кога спијам на страна. На лева страна воопшто не можам да спијам, неудобно ми е, а и таму му е главчето на бебето. На десната страна ми е поудобно, но кичмата ме боли. Понекогаш ме фаќаат и контракции кои долго траат, не се силни ама долго траат. Еве вчера имав од 22ч до полноќ и после од 3 часот насабајле до 5 часот и после ми помина како ништо да не било. Ич не сум наспана како што треба. Се мислев дали да одам на лекар, дали да не одам. Бидејќи ми е прво дете, како да препознаам кои се лажни контракции кои се оние вистинските за кои треба да се појде во болница?
И јас имам такви, 37+4 сум. Кога бевме на тоа предавањето, кажаа дека тие се лажни. Јас ги осеќам како менструални болки, напред на стомак и кај кичма. Плус ме боли лева страна од уринарна инфекција. Кажа таа сестрата дека ако траат и поминат се лажни. Ако се зголемува интензитетот, а намалува растојанието меѓу контракции, тогаш се вистински. И дека требало да осеќаме како грчеви низ целиот стомак. И мене ми е прво.
Женски има ли некоја од Вас искуство со амнио во трето тромесечие? Инфо од Ваше искуство, другарки и слично? Поради нухален едем виден на втор скрининг сеуште сум во прашалници дали да се изложам на амнио... Консултирани повеќе доктори сите со различни мислења... Секое инфо ми е добредојдено
Мамички .. вие што сте при крај и се спремате за болница .. Ќе се пораѓам на гак, па кажете ми за бебуш.. земав влажни марамици,Павловичева и пелени но се двоумам колку да земам..? Имам мало пакување од 28 пелени .. да не се многу? Или можеби малку ..? Ваше мислење ..? И дали нешто пропуштам за бебушот што не сум земала? Алиштата за излегување ќе ми ги донесат дента кога ќе си одиме ..
Јас од дм тие мислам исто 28 се па цели ги ставив викам нека останат ако не и мене ми беше тоа мисла па така одлучив, сите. За бебе тоа имам и јас, павловичева, влажни и пелените. Плус некоја тетра пелена спакував
За мене спремив: 1. Бони влошки од плавите на мрежичка 2. Водоотпорни подлоги 6,7. Доколку планирате да се пораѓате во државна болница додека да дојдат да ти го сменат чаршавот, ќе ставиш подлога да не седиш на крв. Сепак они не летаат за одма се да биде донесено. 3. Гаќички за родилки од Белина. 4. Физиолошки раствор 5. Виоплекс спреј за побрзо заздравување на раната. 6. Шампон, спреј за расчешлување коса, стегачи за коса, чешал, полнач, влечки пластични. За бебето: 1. Пелени земав Babylove Premium цело пакување 24 мислам дека се внатре. 2. Павловичева крема 3. Влажни марамици на виолета 99% вода
А зашто физиолошки за болница? Јас за мене земав 1. Две паковања влошки 2. пелени за кревет Sleepy 5 3. Пешкир мал и голем 4. Тоалетни 2 5. Паста, четка, гел за туширање, ролон (сите овие авионски паковања мали за колку потрошам толку другото ќе фрлам таму не враќам дома) 6. Мрежасти гаќи 5 7. Папучи, полнач, стегач, штипка 8. Влажни марамици За бебо 1. Влажни марамчиња 2. Пелени земав 10 3. Крема за газе
Може слика од водоотпорни подлоги? Каде може да купам? @Tea SK Пиши ни штом можеш тука, како е по собите сега на ГАК, жешко и дали доаѓаат сестрите одма?
Има клима, има тв топ е. Сестрите на одделение се крш. Ја со 2 до сега се испокарав . Ти кога ќе се пораѓаш?
Ајдеее па со сестриве аман ... Инаку утре сум на преглед па ќе видам не знам хаха само да не терам до 42
Moms to be овде сте поактивни па заради тоа тука ќе прашам. Треба да се породам здравје август. Второ ми е па можда и нема да терам до термин. Туку како треба бебето да го облечам за од болница? Времето ќе е топло па сум скроз во дилема. Првото ми е зимско бебе немав дилеми за тогаш. По кратки ли по долги!?!?
Јас си викав дека ми е второ , може нема да терам до крај ама ете недела ми е термин а јас нит болки нит ништо првото ми е во август, го изнесов во кратки пошо прежешко беше.. здравје до август ќе си видиш времето какво ќе е
Spikozni na kratki ili kompletce na kratki. Vo kola ako vi e zesko i ako pustate klima ke mu stavis tetra ili muslin prekrivka