Дали некоја во 3-во тримесечие се соочува со траење на само лева дланка и лево стапало? И благ оток...не знам што да мислам..
Дали некоја во 3-тово тримесечие се соочува со трнење на само лева дланка и лево стапало? И благ оток...не знам што да мислам..
Оток на стапало ми се појави само еднаш, ама не беше ништо страшно. Ја дигнав ногата и спласна преку ноќ. Ако е постојано, зборни со доктор за мирна глава.
34+5 сум. Веќе 5 дена примам поголема доза Мг и Б6, утрогестан навечер за да ми се смират контракциите и стегањата кои ги имав. Ми ги дадоа бидејќи бебево е карлично со газе во канал и мора царски, не смее да почне природен процес. Контракциите се намалени на 4-5 пати во денот и траат многу кратко, мислам терапијава делува. Сакам да Ве прашам дали е нормално да осеќам ненормална тежина долу? Кога ќе станам да ме влече стомакот надоле дури болно? При мочање да немам доволно осет и да не можам да дадам притисок за силен млаз? Како некој друг да моча, а не јас, така се осеќам Плус имам поретка столица 2-3 пати на ден и постојано чувство во вц како да ми се оди..Исто така кога ќе клоцне малово остро ме заболува кај газот, а и кичмата богами.. Нормално е се ова или се знаци не дај боже на некаква подготовка дека нешто почнува? Се нервирам што сега ми почнаа ствариве откако видовме дека е спуштено доле ама обратно, и не можам да напраам споредба од претходно
Дали треба да паничам и да барам да одам на доктор? Веќе 10 дена бебето е премногу мирно и многу слабо го осеќам, ај си велам нормално е и претходно така ќе биде мирно со нежни ударчиња после 2-3 дена скоро по цел ден го осеќам. Ама сега веќе почна да ме фаќа некоја паника. Го пипам го тресам стомакот и ќе осетам едвај 1-2 пати слабо ударче. Лежам на грб на страна пробувам се ама од време на време ќе осетам како оние на почеток кога почнуваш да го осеќаш слаби ударчиња. Од утре влегувам 29та недела и се нервирам, наместо да е многу поактивно и често, тоа напротив
Kako se blizi krajot plodot raste I nema mnogu mesto za dvizenje naprotiv udarite se poretki no pojaki veruvam sve si probala I blago I gazirano ako si isplasena slobodno pojdi na gak ili Cair ke te vidat
Пазам на исхраната откако го добив резултатот од скриен шеќер и може да се каже дека поголем дел од денот се осеќам гладно и нервозно. Плус пиев антибиотик 5 дена, незнам дали тоа може да предизвика нешто. Ама ептен ретко и слабо го осеќам, ми доаѓа да се најадам благо да видам дали ќе почне да реагира...
Ама сепак од утре сум 29та мислам уште си имаат простор. Мене тоа ме нервира што не се ниту јаки ударите, напротив ептен нежни... Не сум во Мк и тука оди малце потешко со прегледите, ама ако продолжи вака ќе морам да инсистирам. Пазам на исхраната ради шеќерот и немам јадено благо ниту газирано, ама може ќе пробам денес да видам дали ќе се разбуди девојката.
Ete ima nekoi periodi bebinjata se pomalku aktivni, nemoj da se nerviras vo nikoj slucaj ako si nervozna I bebeto kje bide taka vikaat sve osekjaat I vo stomak za da si raat odma pojdi na lekar ako ide potesko izlazi nesto za da te primat I da ti olesni
Opusti se i smiri se ke pocnes da go osetis i ja od utre sum 28 ama ne go osekam mn plus mi e predna postelka
Баш сакав тебе да те означам дека сме блиску со неделите и дека на двете ни е на преден ѕид, да споделиш мислење како го чувствуаш. Пак ќе кажам бебенцето во принцип ми е мирно, исто така беше и првото. Ама сега малку ме загрижи дека подолг период е така и што ептен ептен и ретко има ударчиња.
Јас од 32-ра приметив промена во движења. Како поретки да се и повеќе како ролање, наместо удари. А, читав дека од 35 недела треба да е вака. И кај мене е на преден ѕид. Не знам, можеби и нема место веќе, кај мене е бајаги пораснат стомакот. И навечер ретко почна да се буди, а едно време на секое одење во тоалет го осеќав. Амааа, точно е дека реагираат, или пак повеќе си спијат во зависност од храна. Моево бебе во принцип е мирно, ама јас сум искрено претежно на салати и овошје, не дека пазам, ама 7 години бев вегетаријанец, едноставно зошто никогаш не сум обожавала месо. Е вчера, касно ми беше да си правам нешто посебно, а маж ми посака ќофтиња, па пробав и јас со него со малку мајонез. Е, одма се заигра. Газирано (без многу калории гледам да е), кафе, калорична храна многу им влијае.
I moeto isto pa digav panika ama koga i ja ke se smirev pocnuvav da go osetat i ja vo tek skoro na sekoja nedela ima den ili dve mnogu slabo
Мислам дека е од тоа, јас исто тие недели се изгладнував многу после тестот по препорака на "ендокринолог", мртва гладна бев (кетони во урина) а и јас сум цело време на овошје и салата, па уште и од тоа требаше да намалам, мислам дека беше успано буквално.
Имам пишувано за ова во труднички муабети. Цела бременост ја терам така, мрда ко лудо некогаш и две недели, некогаш со денови како што го опишуваш одвај слаби удари некогаш само во денот. Можеш да отидеш на преглед за мирна глава, ама веројатно такво е бебчето. Јас сум на диета со гестациски и тоа има исто големо влијание. Од тоа читање на интернет се секираме
Денес 30 та сум. Исто со деновиии ја осеќав онака како ради реда буквално. Ама затоа вчера и завчера ме растури. Вчера особено мислам дека не преќина. Дури викам ова бебе спие ли. И цела ноќ си продолжи да прави ротации, да игра бокс и што се не по ред. Денес изгледа одмара. Ќе мрдне, клоцне , ама како што беше не е. Пред тоа исто се како што напиша ти, така беше и кај мене. Може со нозе и раце е свртена навнатре, па не осеќаме.
Искрено малку ме заплаши ама може да е до тоа бидејќи ја сменив исхраната одеднаш и дури и мене ми е тешко се осеќам гладна. Претходно обавезно после доручек, ручек ќе ја осетев да мрда. Дај Боже да е до тоа. Вчера иако не требаше земав еден ред чоколадо и кока кола и ја осетив ама пак беше нежна. Фала ви многу на сите за споделеното, ме утешивте малку дека не сум само јас.
Прво се помирив дека е такво бебето бидејќи и првото ми беше слично и тогаш паничев. Сега оваа знаеше пример неколку дена да е мирно и после 2-3 дена по цел ден ќе си го осеќав и ме смируваше. Ама сега може дека се ставив на диета и да има промени. Ќе следам и наредниов период како ќе биде. @BellaBibi Исто како што ти пиша ја осеќам чисто како ради реда, ептен нежна... Си го помислував и тоа да не е свртена навнатре па така да осеќам, ама ќе видиме ќе следам како ќе биде овие денови ако не ќе закажам на контрола. Последно беше со главчето свртена надолу и таму доле ниско ја осеќам цело време. Фала ви многу.