Ми се стврднува цел стомак и нагоре ми се качува како некоја сила низ гради, необично чувство. Не се болни
Од денес официјално трето тромесечие и имам прашање од кога имавте како менструални болки? Денес како да имам некоја болка во долен дел ама не знам како да ја објаснам, како burning чувство.. Врска немам што е и дали е за грижа..
Kako pred da dobies ? Jas imav vcera taka plus mi se stvrdnuvase stomakoot,denes bev kaj maticnata mi napravi ctg i mi izmeri cerviks se bese vo red..mi rece lazni brexton kontrakcii i mi rece da go prodolzam utrogestanot uste edna nedela iako go prekinav vo 32 nedela sega sum 33 plus 6
Бев и јас во понеделникот, исто цтг ми правеа, немаше никакви контракции, пулс добар. Тогаш не беше баш вака болката ама пак имав некои болки, може и од што се шири сега веќе се, па и од тоа да боли..
Проверка на димери и потреба од клексани, поради лакуни, не е компликација, за да си правиш непотребен стрес. Сама пиша дека бебе е здраво и се е супер и сега стресови. Другарка пола бременост со лакуни ја помина, ни димери не провери, за детето и е 4 години. Опушти се.
Лажни контракции се. Мене па навечер ме фаќаа, во спиење. И така како менструални ме будеа. Не се страшни, само се досадни, и нелагодни. Јас многу пати не ги ни осетив, само стомакот камен ми се правеше и знаев дека ми се дешаваат. Еве 35та, веќе друго е, имам како менструални ама пак не е до толку страшно.
Денес ги нема, ама бев на дежурен бидејќи имав и некој исцедок чуден, ми беше страв да не е чепот. Се беше во ред, грло затворено, бебе се пикнало лево и се свртило со главче надоле, затоа и деновиве поинакви движења и помлитавки имав.
И моево денес е така. Завчера беше толку активно што и тоа ме извади од памет.. денес па.. успана е цел ден. За исцедокот сега ќе ти почне повеќе да знаеш. Во трет повеќе се зголемува.
Како изгледа palvic pain,незнам дали и тоа го имам сеа прво почна како од левиот препон па позади цела нога како нерв фатен да кривам,тоа ме пушти.Па почна како срамната коска даме боли и позади како во чмарот даме жига,при вртење навечер ме притиска ниско,и синојка во сон како да осетив веќе коскиве бутовиве ми пукна нешто,веќе ме болат све на страна спиење.
Па доле срамната коска , тоа боли, и баш пука на вртење.. ја ко раштрафена се осеќам… и коа одиш после подолго седење баш доле те боли ко притисок.
Да,еве пеглав едно добри 4 саати,ме здоболе и веќе станав и си легнав.Ми натежнува веќе стомакот 31+ и повеќе ме притискаат
Ти си до близнаци, така да дупло потешко ќе ти е. Избегнувај и многу да седиш. Од тоа повеќе боли. Лежење и движење само помага.
И јас ги имам тие менструални болки, посебно навечер. Не знам само кога ќе дојдат вистинските болки како ќе ги разликувам оти многу жени болките пред пораѓање ги опишуват како силни менструални болки..
Исто и јас се чудам, ама веројатно ќе бидат појаки од овие па валјда нема да утнеме. Мене ме фаќа и тоа pelvic pain дека сум со лежење и веќе не знам што е што да бидам искрена
Јас бев со силни менструални болки секој месец. Кога дојде денот да раѓам, не ги осеќав болките толку јаки. Осеќав болка да, ама на нозе ги издржав. А се разликува кога е за раѓање. Незнам како да опишам, ама се осеќа. Како појака болка за мене лично, беше кога имав напон и кога буткав.
Како позна дека треба да одиш во болница? Болките се појавуваа и снемуваа на секој 10,15 минути? И дали беа баш доле или погоре на стомакот?
При секое движење денес стомаков ми е камен стегнат , некогаш со болка некогаш без болка , а минатиот викенд лежев на болница два дена поради контракци до 99 , и примав 4 дози за зреење , понеделник 36 ја почнувам Бебе минатата недела беше 2700 малку по напред во кг било Секој момент очекувам болки или водењак
За 2700 бебе ти ставиле зреење? И јас лежев, ама јас 34та бев коа лежев 3кг бебе не ми ставија никакво зреење. Иначе јас сум 35та, исто имам стврднувања во движење, обично лажните се такви не се чести и не се на интервали. Колку ти е грлото? Те измерија? Мене ми е 2.
Да ми ставија и јас бев 34 недела , само ми кажаја дека не сум отворена а грлото е омекнато друго ништо Би имало штета од инекцијата за зреење ако без потребно ми ја ставиле?