Не не, тоа е за подобро развивање на белите дробови на бебето. Ако требало да те породат, да може самостално да дише.
Епа таман е, се спрема за пораѓај. Така и треба, полека ќе се крати ќе омекнува за да може да стигне до 10 прста да се отвори за да се породиш. Мене 3 недели поголемо ми го рачунаат бебето, дури ме прашаа дали сум сигурна за последната менструација…
Мене ми рече една недела по напред но сепак се одличи за зреење бев во паника ниту прашав зошто одлучи така докторката Ќе бидам закажан царски кон 38 недела ако не ме фатат болки порано
Па и јас, моето е карлично. Така ми рекоа од 38ма натака, ако претходно не ме фатат болки или ми пукне водењак. На гак лежеше?
Не , во Охрид , многу лошо поминав првиот пороѓај и сега самите доктори ми предложија царски и без мислење прифатив не сум психички спремна за природно
Почна прво со болки долу ниско, фати пушти беше поретко, па после зачестија и тоа ми беше знак, за да тргнам накај болница. Пред да тргнеме, почнаа и од кичма према стомак болки и ми се затегаше. На прием 4 прста бев отворена. За некои 3 ч 6 прста, минута после тоа 7 и веќе 8:40 бев породена. Од прием до пораѓај 4 саати и 40 мин.
35та недела, три дена главоболка. Пред спиење ми помина ок бев и еве сега пак почнува да ме боли. Имам и како вртоглавица на моменти, тоа мислам прочитав нормално е.
Прочитав дека со миена коса си седела надвор, не е лето веќе. Можеш да се разболиш. Ја дома внатре не седам со мокра одма ја сушам, не па надвор. Ако те боли кај челото, синусите се. И тоа е од што си седела надвор. Измери и притисок за секој случај.
иста сум, не излегувам никогаш ни јас, ама сега ме излажа сонцето па со штотуку исушена излегов и сигурно ми е од тоа. Вчера малку ми беше качен притисокот па ми се стабилизираше. Ќе измерам и денес.
Здраво Денес влегувам 39та недела. Бебчо не планира да излегува се уште. Иако другите две ги родив 37ма и 38ма. Докторката ми нуди да ми стави провокација и да ме пораѓа. Дали некоја била со некое вакво искуство да сподели како постапила?
39 та си, не си над 40 та. Нема врска што си ги родила другите порано. 39 та без еден ден , се породив, ама тотално неочекувано. Др. ми кажа де гледаме за 3-4 дена, ама јас вечерта во болница и за 4 саати од прием се породив. Јас би да почекам , освен ако нема некоја индикација.
37+5 сум и повремено осеќам како сечења ама ептен доле кај вагината дури. Инаку бев вчера на преглед, плодова вода доволно, постелка добра, цтг мирно. Имате ли искуство со вакви болки, да не е почеток на крајот ?
Те проверија дали си отворена? Мене тие болки ми беа знак за во болница, после 4 саати од прием се породив.
Па не ме проверија, зашто сме договорени за царски инаку од 35 недела одам на цтг и преглед два пати во неделата. Овие болки ги имам две три недели веќе особено кога се движам, ама денес почесто ги осеќам. Јас пак како знак за болница чекам или контракции или водењак, некако овие болки ми се ептен издржливи, мислиш може веќе да се отварам?
Дали се отвараш вака од разговори , неможеме да знаеме. За кога ти е договорен царскиот? Водењак може и воопшто да не ти пукне. Сите сме различни. Моето искуство е , контракции дури на прием почнав да имам. Ама тоа е мое искуство. Доктор што те води, сигурно знае што прави.
I jas sum 37 nedela I jas imam takvi secenja 2,3 pati do sea ama normalno mi e ne mu pridavam znacenje ne boli skoro ic