Дури после една недела ми е закажам царскиот, во пон сум на преглед кај мојот доктор, па ќе видам што ќе направам. Фала ти за споделеното искуство.
И кај мене беа ретко по 2 3 пати на ден и ги имам со недели ама денес баш зачестија, затоа се замислив.
Zdravo bi sakala da znam dali nekoja od vas se soocuvala so vakov problem,31 nedela no veke dve nedeli so intenzivno cesanje najprvo dlanki I tabani,sega premimuva niz celo telo.Pobarav mislenje od mojot maticen ginekolog so toa sto sledea nekolku ispituvanja preku krv I se vo red,pobarano vtoro mislenje od uste eden ginekolog slicen odgovor se slucuvalo normalno vo bremenenost.Pobarano mislenje od kozen doktor pri sto sledese pregled, nemam nikakov osip,mi bese dadeno terapija beloderm mast 3dena so nadez deka ke se smiri no bezuspesno.Da napomenam probav so pudra za sipanici,krema bepanten,oblogi postojano so acidi borici I sprej atoderm sos spray no nisto ne pomaga.Ve molam nekoja dokolku imala slicno iskustvo I se spravila so ova da mi pise.Pozdrav
Здраво Немам искуство но напишаното ме потсети на едно видео од тик ток пред извесно време што ми се појави. Нешто поврзано беше со растот на хормоните и црниот дроб. Пребарај на гугл како cholestasis of pregnancy, види дали е тоа што го чувствуваш и ако треба побарај уште некое мислење
Ispituvanjata za crniot drob odnosno za holestaza vo bremenost veke gi napraviv sreka ne e toa,a za rast na hormoni ke se sovetuvam uste ednas so maticniot ginekolog Ti blagodaram na odgovorot
Ме потсети на состојба што јас ја имав, мене ми се смируваше со лоратидин, читав тогаш дека се јавува како резултат на поголемо формирање на хистамин во организмот, тригерот може да е и стрес но се јавува и во бременост. Прашај да пробаш со лоратидин, кога ќе добиеш напади на чешање, треба да е дозволен, јас пиев во втор семестар мене ми се случи.
Vi blagodaram na odgovorot,sega si povrzav predhodnata godina imav nekoja hiruska intervencinja kade sto imav alergiskija reakcija I bese povrzan histamiot kade sto sledea niza ispituvanja..Voopsto ne se dosetiv deka moze da ima udel I sega.Vi blagodaram uste ednas.
Da vekje sve kje te boli pri najmal napor race noze papok kicma jas ako postojam 5 minuti odma bolki imam se zadisuvam
Здраво, во 35 недела докторката забележа зголемување на задните комори на главчето кај бебето. Претходно на скрининзите немаше ништо. Сега сум 36 недела и повторно се гледа. Дали има надеж да се изгуби ова, има ли некоја искуство?
38ма полна, во 39та влегов. Бебуш нема абер. ЦТГ мирно. Ни лажни, ни никакви контракции немам. Страв ми е ако ми помине крајниот терминот и не се породам, докторот заминува на една недела од државава тогаш, и не сакам друг да ме пораѓа...
@BellaBibi За движење немам застанато. Од 9 сабајле како сум излезена од дома, пред 15 мин се прибрав. Од сабајле смукав, пеглав дома, па на доктор, па на шопинг бев во Сити Мол (сабота сум на свадба, пукнав дури најдам фустан низ продавниците), па на работа. И секаде со кола, возам уште. Ќе почнам сега урми, скали, се' што читам. За секс не знам хаха, кај со стомаков. @Autumn Love Му реков денес, ми рече во понеделник на следно ЦТГ и мануелен преглед. Денес со вакво ЦТГ немаше потреба.
На другарка така докторката исто така и се погоди при крај некоја недела да не и е тука, и она зема урми, чај од малини, секс, се по ред Плус докторката се понуди вагинално да ја провери демек да видат до кај е, тоа иницираше паѓање на чепот и после една недела пукање на водењакот и бидна. Пробај и ти
Лејди , ваљда нема да дозволат да помине терминот..инаку исто како тебе, по ова што осеќам бебе абер нема. Неделава сум на цтг, туку мене не ми е јасно што ако добијам болки/ми пукне водењак сред ноќ..од Систина ќе го повикаат докторот ?
Не бев бремена но добив алергија од еден шуруп на природна база што го пиев за крвта,исто така страшно чешање по дланките и стапалата.. Да не пиеш некој лек за крв или витамини а да не ти одговараат?