Чај од малини пијам веќе три недели секој ден хаха. Сега следува се' друго на списокот. Мене ми кажа докторот во Систина дека било што да осетам - контракции, да пукне водењак, болки и слично, право на ургентен. Да не чекам. Таму да кажам кој ми е доктор, и тие ќе му се јават без разлика кој дел од денот е. И во меѓувреме дека ќе ме прегледа дежурниот гинеколог, кој и да е таму во тој момент. Зошто цело време си има дежурен гинеколог.
Кола до ден пред пораѓај возев. Регистрација на кола истерав. Не бев застаната цел ден. Абе на сред свадба глеј да не пука водењак Секс има пози. Да не ги разглабаме сега Јас мислам ќе биде за некој ден.
Ако ти пукне водењак сред ноќ идеш во болница. Или чекаш болки. Тоа ти ќе си воочиш како сакак и треба. А за докторот ако е зорт работата и бебе излага, најискрени да бидеме, додека дојде докторот ќе те породи друг.
Хаха да се надевам дека нема. Најдобрата другарка ми се мажи. Белким нема драми да и правам на свадба хаха
Тури еден памперс под фустан за секој случај. Ако претече, упс не држи бешикава ќе кажеш, дискретно погледнуваш маж ( само смирено со него, бидејќи таква паника ги фаќа мажите аууу) и тргаш накај болница Цело сценарио ти направив.
Уште памперс и со мешево, и ќе пукне фустанот. Хахах фали само во сценариото некој да се поклизне од што ми пукнал водењакот на оро. Среќа во Скопје е свадбата, па пак тука сме. Ако требаше маж ми да вози од некој друг град во Скопје испаничен, кој знае што патување би било тоа. Од кај нас дома до Систина има <5 мин со кола и мислам дека и за тоа време ќе има драми со него.
Мојов несакаше да тргнеме, требало да ми плисне водењакот прво. А јас веќе чести контракции. Па пред да се качиме во кола, на улица во 4 сабајле, го смирував јас него, за да стигнеме здрави прави до болница.
Osven premama duo,utrogestan I magnezium nisto drugo,so ova terapija sum od 15ta nedela.E sega imam problem so zelezo no zemam priroden domasen lek odnosno seme kopriva,med,orevcinja so ceden limon mesano.
Колку и да сакам мојот доктор да ме породи, ако е толку брзо ич не се бунам прво ми е , како што дојде времево ја цепкам 38ма недела и ме фаќа малце страв.
Исто и јас уште малку и полна 38ма. Некои измешани емоции, страв возбуда. Од се по нешто. Ама најнормално е. Веќе и одвај чекам од што ми е се премачно и тешко.
И мене. Генерално сум активна цел ден со работа, се е супер ама некако ми паѓа физички тешко и едвај чекам да бидне. Само да е се ок, бебушите да се добри. Кога ти е краен термим тебе?
Следна недела ќе бидам јас царски. Мора заради тоа што е карлично. Во петок ќе договориме ден со докторот. Одвај чекам, и преплашена сум, ама само да си го земам здраво и живо детето, па после се се заборава.
Мојов коа ни рече докторов ајде следен преглед договараме царски, почна да плаче у кола хахахх. Се возбуди мислиш ме носи одма. Викам што ти е, леле вика се возбудив, па дома се проверуваше за пиење што имал, за дентаа коа ќе бил под импресии да не се онесвестел
Мојовне прифати никако да присуствува. Се молев со него уште од почеток , за да присуствува, ама несакаше. Неможел од да ме гледа кај ќе сум се мачела
Кога ќе дојде моментот, верувај дека само ќе мислиш на тоа да искочи. Само слушај што ти зборат, не давај напон сама од себе, слушај ги кога ќе треба да дадеш напон. Ти посакувам брз и лесен пораѓај, исто како што имав јас.
Браво за него. Јас мојов го убедувам, ама уште се тегнеме, не сака. Вика што ако се онесвестам таму А јас многу сакам да биде и тој таму.
Хаха спреми му торбичка со работи за смирување @Orchidea Мојов не сака да присуствува. Кога го прашуваат дали сака - секогаш вика не. Ама дека јас сакам, и ќе присуствува. Сто пати ме замолува да не биде присутен, ама не попуштам. Му викам има таму да бидеш, да видиш жената низ што проаѓа. После помалку да стенкаш кога ќе качиш 38 температура. А и од другари кои присуствувале му кажуваат дека колку и да не сакале, сепак им е најубавиот момент во животот, и дека секогаш би одбрале пак да бидат присутни. Така да мислам дека и мојов не сака сега, ама после ќе ми биде благодарен што сум го натерала. Како и за многу други нешта во животот. Го знам многу добро каков е.
Леле и маж ми така вели, не сакал да гледа како се мачам, жал ќе му било додуша јас и не сакам да е тука во тој момент.