Iskustvo so glavobolka? Me boli samo na leva strana, glava, oci, sinusite, vrat, ramo…. Ne pomaga paracetamol. 36+ sum
Мене само кока кола ми помага за главоболка, ама ова ко настинка ми личи твоето. Топла супа, цеден лимон, едра сол на синуси да ставиш.
Во 8ми месец колку често ви се контролите? Јас последно бев во 31ва недела, а следна контрола ми рече дури после 5 недели, ќе бидам веќе 36та.. се мислам дали да си отидам и на 3 недели во 34+ гн или што мислите? До сега цела бременост идам на 3 макс 4 недели
Јас исто бев претходниот преглед на 31+ и следно ми закажа на 35+. После 35та ми кажа дека еднаш неделно ќе идам на ЦТГ. Во било кој момент ако осетам нешто необично, да и пишам или директ да идам во болница. Ако ти е толку шубе замоли ја да идеш и порано, ама не е нешто страшно за една недела, посебно ако се осеќаш добро и бебуш си мрдка нормално
Иначе не ни треба нешто посебно да прашувам кога да одам, ќе си закажам и ќе отидам тоа не е проблем, секако нема да ме врати ама баш ми се виде многу некако , сега рачунам скоро 6 недели ќе се поминати и веќе ќе влезам во 9ти, во 8ми испаѓа без ниедна контрола. Сепак ќе си отидам пред нова година еднаш па здравје после ќе се договараме.. и нели треба контролни брисеви околу 34та недела да се прават па таман ќе си завршам и тоа
Четврта вечер по ред ненаспана со тоа што оваа баш ич не успеав да заспијам, а претходните три по три-четири часа. Имав вакви две недели и во второ тромесечие ама спиев по барем 5 часа и беше поиздржливо. Сега телото ми се распаѓа, ме болат очи, глава, тахијардија и гадење имам веќе од ненаспаност ама мозокот не ми спие. Не е дека размислувам на нешто, само воопшто не ми доаѓа сон. Еве ме сега стресирана за вечерва, 5та ноќ по ред да не заспијам за никој нема да е добро… а ме фати и мигрената сабајлево, баш бев раат три месеци па и за тоа морав апче да пијам… И не знам што да правам, сакам да и пишам на Котларова за совет ама нејќам да ја замарам новогодишно пробав со магнезиум и Б6 пред спиење, ништо. Дијазепам читам не е најпрепорачливо во трето тромесечие. Имате ли пробано нешто друго? Барем една ноќ да се наспијам 7 саати за да се вратам во нормала, ќе се срушам ако и вечер не заспијам
Чај за добра ноќ, ми дадоа две докторки. Имаше некој ефект малце да кажам. Од 7 ми месец до пораѓај, спиев вкупно 5 саати. Ретко ретко, да преспиев преку ден. А спиј во бременост, после нема спиење. Абе важи. Сега сум повеќе наспана мислам дека.
28ма недела Првиот триместар ми се чими траеше 10 години, а вториот ми летна. Сега од Нова Година веќе не одам на работа, стар одмор, па нов, па при крај на февруари отварам породилно и ги чекам лепотиците Сакам да ве прашам мајките на близнаци, кога почнавте со цтг? Знам дека порано, ама кога, 32 или 34? Јас сигурно ќе сум царски и се надевам дека ќе си пораснат убаво како и до сега и дека почетол на 9ти ќе се спремни да излезат. Преголем ми е стомакот уште сега, деновиве осеќам и болки во кичма веќе почнуваат, полошо спијам и горам од киселини. Ама освен ова, што е нормално за периодов, имам енергија и се осеќам добро, и конечно ќе почнам со подготовки за бебушите
Овој триместар ме смачка. Колку што ми беше убав втор, трет е толку тежок, а кај ми е уште 40дена до термин. Па и си праам gaslighting дека може 38ма, 39та ќе се породам, аха важи. Преку ден планина ќе преместам, можам да сум нонстоп во движење, ама навечер како сканија да ме има згазено. Спијам на рати по 30мин на страна, ту ребро ме боли или колк, ту во бешика ме мава, па киселини по цела ноќ и нагони на повраќање, па бракстон хикс за јаготка на шлагот. Едвај чекам да се породам и да заспијам без да ме влече нешто. Иначе прекинав да се мерам. Секој ден се будам со се поголемо меше и веќе ич не ми е гајле. Очигледно и да јадам и да не јадам ќе си качувам со брзина на светлината овој месец. Ќе видиме на пораѓај дали ќе преврти вагата
Како јас да сум го пишувала ова од збор до збор. Се пронајдов и морав да ти вратам, you are not alone 39+5, бебка гајле си нема за излегување. Исто преку ден цел ден сум во акција, чистам, перам, шетам по молови, ама навечер сон немам и како вампир шетам низ станот. На сите му е ладно, мене пекол ми е жива вода. Ќе ме видиш по пижами, боса и гол стомак на тераса во 3 сабајле и ќе се извадиш од памет. Не сум мерена од 35 недела, јадам многу од 8ми навака, апетитот ми е на максимално ниво. Колку се поправам - толку, ич не ми чуе. После ќе му ја мислам. Кај мене вишокот одма си го гледам во гушата, мислам таму ми е поизразит отколку во стомак.
Здраво женски, јас сум 9ти месец бремена и почна само од десната града да ми излегуваколострум. Совет?
Од аптека или од дм влошки за доилки чисто за маичките да не ти се влажнат и не ги притискај градите во полабави прслучиња памучни да не се стимулира млеко уште сега
Консултација со гинекологот, или оди до клиника кај што ќе се пораѓаш, висок ти е ќе ти дадат нешто за регулирање
31 + 6. Bebeto napredni 1 nedela povekje. Otvoreno grlo 25 mm. Ctg so bolki, no jas ne gi osekjam… me zadrzaa na bolnica i primam magnezium da mi se smirat bolkite.. Jas - ispanicena skroz Nekoj so slicno iskuarvo i sovet?
Не се вознемирувај веднаш, ќе се смират болките од магнезиум, знам дека знаат да боцнат и апаурин и се смируваат и на ЦТГ, ете 32 недела си веќе, ако е напредно и една недела плус не се секирај, пораснато си е, штом си хоспитализирана немај гајле, се ќе биде во ред
нормално е. не паничи. сега веќе се ќе боли од големината на бебето притисокот. сигурно лажни контракции ти се. пиј магнезиум. течности.