1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трето тромесечие од бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од chache87, 19 септември 2014.

  1. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Женски
    33+5, денес на редовна контрола кај Ќаев. Добро е се, бебињата се пораснати, резултати од хемостаза и д димери се добри, протоци измери и се супер и ми потврди дека официјално НЕМА ВЕЌЕ БОЦКАЊЕЕЕЕЕ :party::party::party:

    Се прерадував :inlove: од пред трансфер се боцкам, едвај чекав да ги прекинам.

    Инаку бебињата се околу 2 и 2,3 кг. Нема потреба за инекции за зреење, не гледа можност за порано породување, дури и мисли 38-39 дека ќе закажеме….
    Тоа се уште 4-5 недели, како ли ќе се издржи? :worried:
    Стомакот веќе ми е доста голем, високо се двете, постојано имам киселини, како оган да ми гори во уста…
    Ќе видиме за 2 недели како ќе биде прегледот, можда и цтг ќе почнеме..
    Само нека си биде се добро, ќе се издржи :sun::sun:
     
    На tigree.., Kitanova77, Nela_21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    6.039
    Допаѓања:
    9.983
    Пол:
    Женски
    Ќаев секогаш гледа да се износат бебиња колку може повеќе. Ќе се обиде макс да извлече, да си пораснат бебињата. Ама тешко со близнаци, порано ќе биде. Секако во сигурни раце си.:sun:
     
    На Izzy_0504 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Женски
    Дааа секако ќе си го слушам како ќе каже така, не се сомневам во него, само малку да си ја олеснев душата :D
    А што викаш, не се знае никогаш, може брзо да се смени ситуација и сепак да добијам болки и порано или да пукне водењак, ќе видиме :)
    Важно добри се они, што вика и утре да дојдат, безбедно е, така што не се секирам :sun::sun:
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LeNora

    LeNora Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2024
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    1.323
    Пол:
    Женски
    Девојки во која недела се прави трет скрининг? И кога се почнува со цтг?
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lady Maria

    Lady Maria Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2020
    Пораки:
    805
    Допаѓања:
    801
    Пол:
    Женски
    Од 36та ако има потреба и од порано ....
    Не сфаќам зошто трет скрининг ...Зарем на секое ехо не се гледа ...Јас не направив мене ми рекоа демек нема потреба иначе 32 недела
     
  6. GIGI69

    GIGI69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2021
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    409
    Пол:
    Женски
    Кај мене имаше потреба за трет скрининг ради намален проток кај папчаникот, ајде како за второ мислење да не ми е на мисла, но во други нормални бремености стварно и јас не гледам потреба од тој трет скрининг
     
    На Lady Maria му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LeNora

    LeNora Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2024
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    1.323
    Пол:
    Женски
    Прашувам затоа што на скоро секои два месеци одам на приватно, а секој месец кај матичен па да знам од прилика кога да си закажам на приватно. Благодарам за одговорот.
     
    На Lady Maria му/ѝ се допаѓа ова.
  8. dummy

    dummy Активен член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    196
    Пол:
    Женски
    Како се чувствувате при крајот на последниов триместер? Јас сум 32+2 и се потешко и потешко ми станува, не знам како ќе издржам до крај. Одкога почна бебе да расте нагло, се помалку имам здив, ме потиска по органите па дури и на најмали активности по дома се задишувам, пулсот и во мирување до кај 100 знае да ми се качи
     
  9. Vedraaa

    Vedraaa Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2024
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
    Здраво јас сум 38 недела и бебето го осеќам дека мрда ама сосем по малку докторот вели дека тоа е така бидеќи е големо и нема место мн ама сепак некако мислам баш сега би требало да. се познава повеќе кога мрда малку ме плаши вашите искуства ако може
     
  10. hristinan12

    hristinan12 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2014
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    1.486
    Пол:
    Женски
    Реално нема место кај да мрда , само ќе се тегне и толку, само мене ми рекоа и секој преглед ми потенцираат пошто веќе и над термин сум по 10 пати барем во денот да промрда, значи да осетиш дека е будно што се вика
     
    На Bejb15, Autumn Love и xxx-ba им се допаѓа ова.
  11. Bejb15

    Bejb15 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2016
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Женски
    Јас сум 38 недела нормално е како докторот што ти вика. Сега повеќе осеќаш како несто да се тегне ама не како во 25/26 недела пример кога клоца сега е поретко сум приметула после јадење и се испапчува едната страна па другата па над папокот.
     
    На Vedraaa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mimics

    Mimics Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2022
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    31
    Ве молам за совет, пред една недела бев хоспитализирана во систина поради контракции што јас не ги осекав а цтг ги регистрираше, примав инекции за зреење и атосибан, скратено и омекнато грло 2цм, пуштена дома на строго мирување, денес на преглед во Ремедика кај др Афродита ми кажа дека грлото не ми е 2цм туку 3цм и дека нема потреба од никакво мирување. Претходниот совет ми е даден од др. Дракулевски, со тоа што докторот не ми го измери грлото со вагинална сонда туку со прсти. Дали да одам на трето мислење :sweat:
     
  13. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    1.430
    Допаѓања:
    3.111
    Пол:
    Женски
    Како со прсти го измерил хмм.. која недела си? Јас редовно одам на 7 дена кај Др Афродита баш е внимателна го мери може 4-5 пати грлото не само еднаш... во Систина бев за тоа и само две мерки ми даде Др Панчевски.
    Дали пиеш но спа? Јас редовно го земам мислам мн ми помогна ја опушта матката да не се стега и грлото.
     
  14. Mimics

    Mimics Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2022
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    31
    32 недела…. Не знам ништо не ми е јасно, еден вика не станувај од кревет друг ништо не ти е
     
  15. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    1.430
    Допаѓања:
    3.111
    Пол:
    Женски
    Мислам дека со сонда мерењето нема некоја грешка, сепак се гледа во должина убаво, не е малку еден сантим е во прашање разлика. Мене кај Афродита кога беше 2.2 и кај матичниот другиот ден иста должина имав.
     
  16. Pilka87

    Pilka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Женски
    Јас сум 32+2 и осеќам сега за сега и по малку клоцање и тегнење/ вртење како што опиша Бејб. Прашање: од која недела да очекувам само тегнење/ вртење да осеќам? Многу ми е страв дури и сега кога вака го осеќам, иако знае со јаки удари 5-6 пати дневно да изненади, многу се вознемирувам кога послабо го осеќам.
     
  17. glittergirl

    glittergirl Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2015
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    2.807
    Пол:
    Женски
    35 недела , настинка фатив и мислам се потешко ми е , апетит и онака немав цела бремност и плус сега насинката.Бебушот многу повеќе е активен ме испотепа поготово кога ке се раскивав го вознемирувам.
     
  18. An43

    An43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски
    Дали е можно во 31 недела бебето да удира одприлика тука, како на сликата.. Повремено осеќам како удари таму ама не знам дали можи да е од бебето или нешто е друго и дали е нормално.
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_4545.jpeg
      IMG_4545.jpeg
      Големина на фајлот:
      242,3 KB
      Прегледи:
      29
  19. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.610
    Допаѓања:
    17.412
    Која недела се прави трет скрининг и што се гледа на тој скрининг?
    Последно бев на преглед во 30та недела, матичната ми рече дојди и во 33та да те видам, после 35та за брисеви и после дека ќе ми даде упат за на ГАК таму да продолжам до крај.
    Не ми спомна ништо за скрининг :^)

    Не памтам со првото како беше :|
     
  20. Iva.T

    Iva.T Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    1.544
    Мене Симонида ми кажа од 30-32 недела за трет скрининг. Ама мислам дека повеќе е како обичен преглед, со оглед на тоа што и така го наплаќаат
     
    На pamelche, happygirl и Ladyme им се допаѓа ова.