И јас сега влегов 31 и го осетив на два пати да удри тука кај шо ти е обележано. Денес еве нема место кај шо ме нема удрено. Ми мрда низ цел стомак на моменти како да вибрира стомакот дури
32 гн сум , вчера и денес имав ептен малку некој зеленкаст секрет али многу малку. Дали е нормално ? Секако на следен преглед ке се консултирам со гинекологот, но чудно ми дојде сега од нигде
Сега скоро не , пред некој месец. Ама сигурно ќе правам и сега чим се јави исцедоков да не е случајно инфекција некоја не знам..
Здраво, мене истото ми го направија, задржана бев поради наводно истекување на плодпва вода од високо песната водење, лежев 5 дена ми собраа пари, сум имала божем инфекција ми даваа антибиотици и зреење, после излегување отидов на контрола кај матичната никаква руптура ни инфекција, отидов на уште две мислења истото го потврдија, по тоа се одјавив од систина и сменив дестинација за пораѓај. На маж ми му беше кажано дека ќе се породам секој момент абер немав од контракции а потоа ради наводната инфекција дека ќе треба царски. Пројдоа 3 недели ниту инфекција иам ниту контракции ниту плодовата вода е намалена напротив зголемена
И мене исто ми кажаа у систина патолошка ме напраи а нишо сум немала така да за пари почнале неетички да работат само незнам као мислат дека идеме само таму на гинеколог, јас лежев додека не сфатив дека е фарса цел тој,муабет шетам се движам пазарам и нишо не ми е
Не да е нормално. Синоќа таков еден склет ме фати 5-6 пати станав во текот на ноќта од што ми беше претопло.
Дали ќе сакате да споделите кој доктор ве водеше ? Во Систина ми е план за пораѓај па би сакала да слушнам од кој доктор ви е вашето искуство.
Девојки како сте со спиење вие што сте пред пораѓај јас само да ставам глава на перница готово заспана сум кај вас како е ситуацијата денес сум 37+2 и на моменти јајнициве ме здоболуват ама нека си поседи уште малку има времњ за надвор
Спиј и наспиј се. Од мене толку хахахха Спиј , сега ти е шанса да се изнаспиеш. Ќе ми памтиш зборививе хахахахха
Девојки кога се прават последни брисеви? Бев кај матичната во 29та недела, ми рече брисеви и следен и воедно последен преглед кај неа во 36та недела, во меѓувреме само во систина да си одам затоа што одам паралелно и кај неа и во систина од сам почеток. Малку доцна не е 36та за брисеви?
Јас минатиот пат се породив во 18та недела сме збореле, го узгубив бебето со пукнат водењак … болките на крај последниот час беа големи ама кога ќе ми дојдеа само гледав да дишам и да издржам, се сеќавам дека на сестрите им викав да ми стават нешто за болките па ставија нешто во инфузијата. Бидејќи имав болки и на пат до болница само осеќав како телото природно регира на секоја контракција и соработува со мене. Овојпат читам и учам за типови дишења на пораѓај и мислам дека тоа е многу битно за да си олесниме. Овојпат денот на пороѓајот го чекам како ден на триумф, спремна сум на болки и сакам да го доживеам природно секој момент и на крајот да си ја гушнам и да и се израдувам најмногу на свет. Боли многу … ама за здраво и живо детенце кое ќе дојде на овој свет од љубовта меѓу мене и човекот што го сакам најмногу би издржала се! Наместо на болките да се гледа како нешто негативно да гледаме на тоа како еден чекор понапред со секоја контракција до првиот поглед со нашите бебиња
Леле сега гледам дека сум пишала во скроз друга тема а во труднички збориме за болки на пораѓај јас тука сум реплицирала нема везе
те читам секако ❤️ исто правам читам, гледам видеа како би можела да искористам сила кон правилно дишење и напон, да се соочи човек со болка. Ако е спонтано здравје
Samo sto vlegov vo treti semestar i energijata kako da mi ostana vo vtoriot, znaci nema nok da legnam i da pospijam. Na sabajle sum kako zombi, ajde drugoto rabotam kako mozam i kolku mozam ama najkrivo mi e sto edvaj mozam da pominam kvalitetno vreme so drugovo. Iskreno mi se place ..ako sega vaka nemozam sto li ke bide koga ke dojde i drugoto.