Тогаш ќе имаш повеќе енергија И јас само што влегов во трет триместар, чувствувам дека имам енергија ама попладне обавезно спијам. Мене ова ми е прва бременост па некако можам да уживам и да правам како ми одговара. Гледај колку може и другите да ти помагаат. Гледај колку можеш да му се посветиш на детенцето. И немој да чувствуваш грижа на совест, нормално е во трет триместар и да си заморена и исцрпена. Секоја трудница во тој период се чувствува така.
Исто ми се случи на почеток на седми месец, баш како да ми остана енергијата во вториот, наеднаш клапнав. Мене ми е прво па имам повеќе време за одмор, ама дефинитивно има многу разлика од второ до трето тромесечие
Здраво Женски 30та недела од бременоста сум и денес имам болка во долниот дел на стомакот и не го чувствувам многу да мрда како претходно само неколку пати Дали има простор за паника ве молам за совет
Ми се случуваше и мене истото. Најчесто ако бев уморна, во движење или простум. Кога ќе одморев престанваа болките. Исто бебето можи да спие. Кадни благо, кока кола и ќе легниш и ќе го чувствуваш. Немој да се секираш и плашиш.
Здраво, дали е за загрижување ако имаш дијареа во 34 недела? Веќе втор ден ја имам, се чувствувам многу омалаксано, ама бебето е активно и си мрда.
Јас поминав стомачен вирус со дијареа, малаксаност и температура пред некој ден, некои 3 дена траеше се на се, ама тие 3 дена хорор… 32 недела сум. Така да може и вирус да ти е.
За жал има моментално стомачен вирус со дијареа, малаксаност и болка во желудник.. околу мене имам неколку блиски особи што се болни со овие симптоми, се надевам ќе го избегнам Со лесно да проаѓа!
37мс недела , вчера мислев ќе раѓам. 1 час имав менструални болки во половината и стегање на стомакот. Потоа се смирија. Пред спиење повторно некое чудно чувство , повторно менструални болки, некакви тресење. Си легнав реков да се одморам малку па ако е момент дојдено ќе се разбудам . Се будев во текот на ноќта но болките беа смирени. Денес е во ред , минимални менструални болки . Дали ова е знам дека се ближи пораѓај? Се надевам дека ќе поседи барем уште 1 недела. Како вие де чувствувате во последните недели?
Здраво на сите Пред два дена примав инекции за зреење на белодробие и вчера магнезиум венски( како превентива иако немам ниедна кинтракција) После првата доза примена во четврток ми се јави како мало чешање во нозете- ама ништо страшно. Вчера ми се јави интензивно чешање во нозете- мислев не ми е хидрирана кожата се намачка со крема од органско потекло чешањето пак продолжи. Се истуширав со млака вода- се намали и сум заспала Сабајлево 2 часа ме чешаа нозете Читам по нет интерхепатичнс холестаза а може да е и алергиска реакција на инекциите или магнезиумот. Дали некој имал вакво искуство? Во понеделник планирам да испитам жолчна киселина и алт и аст и билирубин во мокрача( до сега се ми било ок. Освен што немам испитувано жолчна киселина)
И пиша ли на докторката? Сигурно можат да претпостават од што е па да те насочи што да испиташ барем кога ке отидеш да ти земат крв се наеднаш да се провери
Абе и во болница беше, постелнина друга, стресови, не се вади одма од памет на гугл се ќе најдеме ова докторката предложи? Искрено јас почнав пред еден месец да осеќам како гушење кај вратот и немир и и кажувам на матичната и ми вика тороидна да испиташ … викам ок… почекав некој ден и почнав тест да правам со храна …. Сфатив дека не внесувам храна доволно во денот кога почнав да јадам доволно се изгуби чувството на растрепереност. Чисто онака споделувам, дека сме веќе пред 8ми месец и двете не ни требат дополнително стресови и испитувања ,,, што ми вика мојата докторка од Систина, ај сеа да не бараме клиники
Сеуште не. Вчера цело време доаѓаше да ме посети и ме проверуваше, а имаше 3-4 царски и плус на држурство беше. Веќе не знам како да и пишам. Ја испозамарав. Ама ќе морам од пинеделник да и пишам. Пошто ова е доста опасно за бебето. Не е докторката. Уште не сум и пишала. Знам дека може да биде хормонски па викам ако до понеделник не се среди ќе и пишам. Ама што истражував се испитува билирубин во мокрача( кај мене е негативно) алт и аст( ниски се) мада ова е од оној медец. Треба да испитам и жолчни киселини- кај и да се јавам по приватниве лаборатории и клиники поима немаат. Сите ми кажаа во понеделник да се чуеме за да прашаат. Ќе чекам до понеделник. Подобро да се испита пошто ако има треба чести прегледи и индукција ако влијае на бебето. Ќе видиме. Ако е алергиска реакција на матнезиумот- пошто др. Симонида и без цтг беше сугурна дека не сум за мафнезиум пошто знаеше дека немам контракции тогаш ќе помине за брзо.
Се слушнав со др. Симонида. Лоратадин да земам и да мачкам синопен крема. Честа појава било чешањето. Крвна слика ми била добра не се сомнева во холестаза. Јас секако треба да правам проверка па ќе испитам. Само никаде не прават проверка на жолчни киселини.
Таман сега почни ден два ке видиш, ако се повлече значи нешто моментално. А можеш со општ матичен да се консултираш да видиш дали на клиничка биохемија испитуваат, таму би требало да може
Се јавував во лабраторија во Ремедика и Систина па во понеделник ќе ми кажат. Со скратен цервикс сум на строго лежење не ми се чека по државно. Ама па можеби само таму прават вакво испитување. Фала на совет. Баш ќе се консултирам
Ми стопре чешањето. За џабе паниката. Сигурно во болниците ставаат некои јаки детергенти за да деџинфицираат па од тоа ми се јавило чешањето. Еве од вчера немам никакво чешање. Чисто да пишам, може некој во иднина ќе ги има испите симптоми за да не паничи.
Ам Ти рекооооов Ми текнува на мирисот на постелнината во Систина ден денес, користат јаки омекнувачи или прашоци вероватно за дезинфикација
Во Ремдика немаше такви мириси само сабајлето кога чистеа имаше некое јако средство па луфтураа. И затоа не ни помислив дека може да е од постелината.Ама мора да користат јаки детергенти за да дезинфицираат, тоа е. Се одморив откако престана да ме чешаат нозете, посебно психички