Феминки пишав и во друга група ама ајде и тука. Се соочува ли уште некоја со чешање на нозете во бременост 34 недела сум .. Земав да читам по интернет и искрено се извадив од памет све и свашта пишува па викам да ве прашам и вас дали се соочува уште некоја со чешање на нозете во бременост. Фала ви за одговорите.
Феминки пишав и во друга група ама ајде и тука. Се соочува ли уште некоја со чешање на нозете во бременост 34 недела сум .. Земав да читам по интернет и искрено се извадив од памет све и свашта пишува па викам да ве прашам и вас дали се соочува уште некоја со чешање на нозете во бременост. Фала ви за одговорите.
Здраво. 34та недела сум. Вчера бев на преглед, ехо супер, доволно плодова вода, цтг мирно, но 1цм отворена. Трета бременост. Некоја слично искуство? Има ли простор за паника. Докторот беше смирен. Да одморам повеќе, не долги прошетки. Во пон сум за контролни брисеви.
Здраво на сите барав по форумот ама немаше отворено тема за матични клетки, па сеа дека сум на крај почнав да разгледувам опци, и најдов 4 банки во Македонија кои ја нудат услугата: 1.https://biosave.mk/ 2.https://genea.mk/ 3.https://cells4life.mk/ 4.https://ginekaliks.mk/ Добив понуди од сите и цената горе доле е слична за некоај 50 до 100 евра разлика. Се уште не сме одлучиле со која опција да идеме па сакав да прашам дали некој од вас има искуство или планира да користи ваква услуга? Од ова што читав некако генеа и гинекаликс ми изгледат по релевантни ама би ви била благодарна ако некој има искуство да сподели. Поздрав до сите
Како гледаат колку сантими си отворена? Ти прават друг преглед освен задолжителното абдоминално ехо? Јас сум 33та недела, контрола за неколку дена, па да видиме што ќе кажат. Последните брисеви кога се прават за стрептокока?
Вагинално се прегледува колку цм си отворена. Мене прв пат во 34та недела ме прегледа вагинално, воедно и брисеви ми земаа тогаш
мене на вториот скрининг ми измерија грло, додека кај матичната не ми мери досега ниеднаш се надевам за 2 недели кога ќе одам на контрола дека ќе мери тогаш 30недела ќе бидам
Девојки, имам страшна главоболка веќе неколку дена, не мине со парацетамол, се е пробано друго алтернатива, да внесувам течности, цеден лимон, масажа на вратот. Притисокот 120/80, не можам да спијам, ми се плаче од главоболкава што не се смирува, а ми е страв да се напијам нешто друго заради бебето, трет триместар сум, 27 нед.
Конзумираш некој суплементи ? Мене ми беше такво железото ама ептен ми паѓа никако да го кренам. Хемоглобинот го подобрив ама железото 4-ка. Сега со хематоферол почнав па ќе видам.
Зимам на Solgar Gentle Iron, на почетокот на бременоста ми беше супер некаде 17, потоа почна да опаѓа и железото и хемоглобинот, железото падна 9, а хемоглобинот 11, одма почнав со суплементи, тоа беше некаде 12-13 недела, откако зимам железо, немам проблем, а и си јадам се.
Многу многу вода, турско кафе со лимон и ладни облоги на врат. Во темно легни затвори ролетни и пробај да заспиеш и времево е ненормално час топло час врне може и тоа
Добра вечер. 28+5 сум. Уште од рани недели имам стврднување на стомакот но како што расте мешето растат и стврднувањата. На последната контрола гинекологот ми препиша токорелакс бидејќи ден пред прегледот бев повеќе активна и скоро цел ден имав стврднување. Денес истиот случај значи можам да кажам дека во 10 мин три пати ми се стврднал стомакот. Болка и исцедок нема освен понекогаш слаба болка во долниот дел од стомакот. За 1 недела сум повторно на преглед ама ме загрижува тоа што денес цел ден ми се стврднува стомакот. И постојано имам потреба да одам во тоалет. Уринокултура чиста. Како сте вие во овие недели со лажни контракции? Да напоменам дека кога одмарам повеќе, стврднувањата се многу ретки. Исто денес бебе е мнооогу поактивно.
Имав приметено и јас кога бев активна многу, стомакот камче ми беше. Кога одмарам си е во ред. Гледај да избегнуваш активност види дали тоа ќе ти помогне
Kako pominuvate vie sto ste 35 plus nedeli.Mnogu mi se nelagodni laznite kontrakcii i pocnav edvaj da funkcioniram, nozete posle 23 h katastrofa isto...kako oktopod se osekam stvarno.a
И магнезиум и токорелакс пијам. Ама еве приметив ,вчера повеќе одмарав па значително се намалија. Значи сепак било од премногу активности.