Пиши ако разбереш нешто плус. И јас сум заинтересирана за темава. Јас имам ваучер од Биохеленика од Солун, и засега ми се гледаат како супер опција заради тоа што ни е блиску, одма стигнуваат земените примероци, нема авиони, дхл, или ако жена се породи петок-недела не се чека понеделник за испраќање. Меѓудругите причини, најмногу заради оваа ми ги препорача докторката кај што одев во прв триместар, но се уште размислуваме. Како си сега, помина ли? Минатиот пат прашав на лекар што смее освен парацетамол, за недај боже да знам, ми рекоа рапидол с од 200 - за деца.
@ginger Не можев да издржам и се напив рапидол с од 200, неколку саати ми размина колку да можам да поспијам, ама повремено пак ме заболуваше, па престануваше. Вода многу пиев, плус цеден лимон со вода и тоа ми помогна, сега сум добро.
После сите стресни моменти и предизвици не ми се верува влегов во оваа тема 28+1 Сега дај боже да пројдат колку можат повеќе недели блиску до термин Од кога т.с. од која недела броите удари на бебчето во стомак?
По колку магнезиум земате веќе во трето тримесечие'јас до сега 200 мг ама се осекам некогаш дека имам уште болки па си земам плус 100 иначе пијам магнезиум на now цитрат. Да не е многу? 8 месец сум
Lana jas primam 1000-1100 dnevno. Slobodno mozes 400 bez problem nikakov, mozes i do 600 nekoi denovi ako imash epten maka
Премалку е тоа, до 800мг е дозволено дневно, некои и 1000мг примаат со дозвола од доктор, ама ти премалку примаш.
Можеш навечер плус од овај да земеш Најдобро се абсорбирал Баш пишував пред некое време некаде по темите
Jas go zemav pred nedela dena, ako mi veruvash prv pat da zaspijam pred 2 i da stanam sabajle vo 9. Bash i po temite se zalev deka pred 5 ne zaspivam.
имам едно прашање дали ви се има случено наеднаш да омалаксате да снемате сила како да ви паѓа шеќерот чуство? веќе трет пат ми се случува од неделата наваму, мислев железото да не ми е слабо, ама го испитав на долна граница ми е.
Мене така вчера, јадев и се напив кока кола (некако и како прегладнета се осеќав, а не бев). Мене железото ми беше околу 25, така да најверојатно од топлово ми беше или не знам од што. Ама и обично деновиве снемувам сила кон 5-6 сатот, ќе одморам и после во ред сум
Другарки, како и колку ги осеќате бебенцата во 31ва недела? Вчера и денес како ептен слабо активна да ми е.. едвај неколку пати во ден ќе ја осетам, на раб сум да одам пак на дежурен а бев во петокот кај Котларова се си беше супер. Ме уништи паникава оваа бременост.
Цел ден сум со малава во движење не ни успевам да избројам, ама до сега вообичаено ко ќе легнев се размрдуваше или после благо исто, ај ќе остаам уште денес простор па ако е вака утре ќе отидам на едно ехо.
Штом си во движење не се чувствуваат толку движењата, не дека тоа не си мрда. Кај мене од сабајле како ќе станам цело време мрда, клоца, бидејќи работата ми е повеќе во седење и чуствувам, а кога ќе легнам обично се смирува и не е активна. Види како ќе биде и утре, сепак мислам дека и тие си имаат периоди кога не се толку активни и кај мене се случувало да биде помалку активна неколку дена и ми е мисла кога слабо ја чувствувам, потполно те разбирам.