Јас пијам на сабајле една капсула магнезиум цитрат од now (тоа е третина доза) па за ручек пренаталните витамини и токорелакс во кои има исто магнезиум не знам точно колку беше ама е од тој 'лошиот' оксид И навечер овие магнезиум бисглицинат едно апче (што е пола дневна доза) Да цитрат и магнезиум оксид прави течна столица ако е поголема доза во текот на денот, затоа ти е подобро да ги комбинираш или овај бисглицинат да го пиеш, кој е нај ок од тој аспект а и најмногу се абсорбирал
Јас пијам на џејмисон до скоро по 1 навечер но веќе почнав да имам болки во нозете и грчеви па почнав по 2 сабајле, навечер
Mozesh po 4 slobodno ako primash tolkavi dozi. Edno e 375mg, moze i 3 ke ti bidat dovolni probaj. Jas sum so 3. Mnooooogu mnogu e dobar iskreno mnogu pozitivno sun iznenadena. Da si go zemesh
А до кога пиевте магнезиум ? Јас веќе еден месец не го пијам ама навелер многу грчеви имам во нозете и ме болат ребра, нозе ... Немам некоја мака да речиш да не можам да спијам ама со грчевите мака мачам. Инаку денес бев за брисеви, ме виде и на ехо, бумбарчето мое си расти, се свртило со главчето деновиве, мава ли мава по страните, ме крши од ќотек
Здраво девојки, јас сум 34+3 дена и почнав од време на време да го чувствувам стомакот тврд, меѓутоа тоа не трае кратко време па да изгледа на контракција или лажна контракција, туку може цел ден така да чувствувам тежина и единствено ми е попријатно ако легнам. Исто, сега чувствувам дека бебето е поголемо и секое негово истегнување или удар ме боли. А и последно беше карлично поставено, односно поточно трансверзно. Дали е нормално да се чувствува стомакот тврд и дали е можно бебето да пробува да се заврти и дали има начин да му олеснам да се заврти?
Има начини да се заврти, ќе ти објасни гинекологот. Кај мене беше карлично исто така трансверзно па се свртило сега 33 недела. Исто ги осеќам тегнењата многу и боли некогаш, поготово во слабина ко ќе ме мани потскокнувам. Ама кај мене матичниот предлага царски оти јас сум тесна а бебето е со поголем обем на главче.
Женски пак јас 38 недела сум денес некако како да ми омекна стомакот скоро пола ден ми е мек Иначе ми беше претежно тврд.. се надевам така треба да е ? мислења или искуства ? поз
Дали вака изгледа тој чеп што треба да падне 39 недела сум . Извинете за сликава ама прва бременост ми е
Девојки едно прашање Во трето тромесечие треба да се мери притисок Јас тек денес си купив апарат 31нед Кога во текот на денот мерите? И с врска пред после јадење? Еднаш, два пати? Генерално имам низок притисок Досега не сум имала некои симптоми Ама превентивно требало да се мери Ме интересира ваше мислење
Јас мерам притисок од почеток на бременост, зашто претходно бев со терапии. Наутро и навечер обично. Со дигитален апарат мерам по три мерења едно по едно, за да се осигурам за вредноста. После јадење обично е понизок. Најди си некое време што тебе ти одговара и секој ден во истиот период мери. Ќе видиш дали има некои промени.
Мене матичната ми кажа еднаш во денот , некое рандом време и да и запишувам две недели колку ми е притисокот . Како што знам не се мери веднаш после јадење. Можеш да си одредиш период од денот кога ќе го мериш и така ќе ја пратиш ситуацијата.
Јас не мерам притисок редовно, кога имам главоболка, не ми е добро го мерам и секогаш ми е низок, над 110 со 70 ретко се случува да ми е.
И мене ми е секогаш низок Затоа и не ни мерев Ама ми напомена матичната дека треба да се мери секој ден па ајде купив апаратче Само не ја прашав дали има врска кога во текот на денот Денес кога мерев беше 94/62 Ама не ми е чудно