Трето тромесечие од бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од chache87, 19 септември 2014.

  1. 5678m

    5678m Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    410
    Jas zimav magnezium na solgar.
     
  2. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    962
    Допаѓања:
    1.394
    Пол:
    Женски
    здраво женски
    Како се чувствувате околу 30тата недела ?
    Јас сум 29+3 и наеднаш како да ми стана поголем и потежок стомакот, доста е тврд.
    Имам болки во нозете особено од колена надоле во мускулите и стапалата, на препоните и задниот дел од нозете ми се јавија некои како поткожни влакненца и целите места се модри точки незнам зошто така, не се депилирам одвреме навреме користам бикче.
     
  3. Blerta.91

    Blerta.91 Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2024
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    181
    Пол:
    Женски
    Здраво идни мамички
    Јас сум 37+5 денеска, бев за цтг и ехо, бебето е скроз на десна страна собрани нозе пред лице. Во оваа позиција е цела бременост. Главата и е скроз горе до желудник ( затоа имам голема мака со желудникот ).
    Се одлучивме за царски следната недела.
    Но тоа што ме загрижува е дали позицијава на бебето е нешто ризично за бебето? Си мислам дали после може да има проблеми со нозе дека и се цело време така собрани пред телото? докторката вика нешто и смета во матка , може формата на матка и смета.
    многу се секирам дали позицијава може да има последици кај бебето?
    Имала ли некоја вакво искуство? :(
     
  4. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.726
    Допаѓања:
    19.796
    До сега цело време е собрано? Немам искуство ни да ти помогнам ни утешам.
    На еден доктор беше или повеќе мислења?
     
  5. Blerta.91

    Blerta.91 Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2024
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    181
    Пол:
    Женски
    Да, можам да кажам од 6 месец навака, она си мрда, ја осекјам активна е.
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Blerta.91

    Blerta.91 Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2024
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    181
    Пол:
    Женски
    Вака расте све како што треба, 3кг и 200гр денеска, одговара све на 37+5
    Докторката не ми рече ништо негативно, но ете јас си размислувам свашта
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.726
    Допаѓања:
    19.796
    Ајде уште малку додржи со позитивни мисли за да не западнеш. Штом рекле наредна недела царски подобро ќе е за бебето, секако веќе и килажа има и со неделите е ок чим си напредува не би требало да е нешто. Верувам и они ќе ти кажеле
     
    На Blerta.91 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. CareTee

    CareTee Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.284
    Допаѓања:
    3.813
    Пол:
    Женски
    Првата бременост мене ми беше со глава горе а ноџиња доле, исто со договорен царски се породив. На преглед во 36 недела дури ми открија некој израсток горе на постелката голем колку тупаница рака. И на царскиот докторот едвај ја извади многу лошо била поставена, раката и била заглавена, кога се роди една недела, едната рака и беше модра од лакт до доле ама и помина. Јас од памет се извадив кога ја видов така ама не беше ништо страшно. Никаков проблем не сме имале со рачето а баш страшно изгледаше.
    Штом до сега не ти кажале дека нешто не е во ред, не се секирај ќе биде добро, мое мислење ако имало нешто ќе виделе до сега на ехо. Ти посакувам лесен пораѓај!:)
     
    На Blerta.91 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Blerta.91

    Blerta.91 Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2024
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    181
    Пол:
    Женски
    Прочитав на интернет, се викало frank breech position , коментари имаше дека кај некои случаи заради тоа што бебето се навикнало со таа позиција можно е после пораѓај така исто да ги држи нозете, се викало како displagia na noze ама за неколку недели со некои вежби ке и се наместат надоле. Некои викаа дека имале ист случај и бебето се родило без проблеми .
     
  10. Blerta.91

    Blerta.91 Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2024
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    181
    Пол:
    Женски
    Мене постелката ми е предна, значи доага на грб на бебето
     
  11. katce patce

    katce patce Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2019
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    334
    Пол:
    Женски
    Дали некој од премногу кашлање го болел делот околу папок и папакот ( јака болка како бодење не се издржува). На антибиотик сум и плус тамифлу заради грип. Болката е неподнослива.
     
  12. Hijabigurll

    Hijabigurll Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    1.090
    Допаѓања:
    1.487
    Пол:
    Женски
    34+3 веќе 2 дена многу ми отекуваат нозете до тој степен што не можам ни чорапи да облечам.. Смеам облоги со ациди борици?
     
  13. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.922
    Допаѓања:
    26.940
    Пол:
    Женски
    Смееш. И дигнати на перница.
    Намали и на солена храна.
     
    На Hijabigurll му/ѝ се допаѓа ова.
  14. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    962
    Допаѓања:
    1.394
    Пол:
    Женски
    Како се чувствувате последниве недели?
    36+3 денеска и се осеќам многу уморно, кога станувам едвај одам ми тежи стомакот и го осеќам бебето како турка со главата, секое движење болка ми прави, ноќе едвај спијам од болки во колкови.
    Како се приближува времето ме фаќа страв...
     
    На Elperseguidor# и Milkiway им се допаѓа ова.
  15. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    4.216
    Пол:
    Женски
    Речиси сите бебиња што се раѓаат царски ги држат така собрани ноџињата на почетокот. Тоа е затоа што не поминуваат низ вагиналниот канал кадешто поминуваат бебињата кои се раѓаат спонтано и во тој момент им се исправаат ноџињата. Затоа и го имаат тој рефлекс да ги држат поисправено кога ќе се родат. Ама не е страшно, матката не е толку голема да акомодира целосно исправено бебе па и правилно да е поставено пак ќе му бидат свиткани ноџиња и рачиња. Кај мене беше поставено со главата надолу ама на десна страна му беа собрани и ноџињата и рачињата уште од 6ти месец и така седеше до крај па се си беше океј после. И спонтано се породив и пак така сака да си седи и да лежи, со собрани нозе свиткано како кифла :D
     
  16. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.916
    Допаѓања:
    15.145
    Пол:
    Женски
    Иначе не баш, ова што го пиша членката погоре е многу чест случај на карлични бебиња, такво беше и моето, се роди со нозете ако жаба, така ги држеше скоро три недели од кога се роди, ми кажаа дека е многу честа појава и ми покажаа слики колку и бетер има од карлично родено бебе положба. Ми посочија дека на нив тоа им е природна положба, дека не е опасно и дека се средува само посебе, што и така беше случај кај нас. :D
     
  17. snegce

    snegce Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    823
    Допаѓања:
    577
    28ма недела, неколку часа имам болка како горе некаде кај желудник и ми оди накај грбот. Повеќе е како напнатост, нелагодноат, и буквално како да сум пиела нешто газирано, такво чуватво имам. Повеќе во грбот чувствувам, отколку стомакот. Вака немам стегање, стврднување...Дали може да е од храна? Денеска измешав некои работи и изгледа не сум требала вака....
     
  18. Frida-

    Frida- Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2025
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    601
    Пол:
    Женски
    35+4 дена, многу ми се спие во последно време. Дали сте поспани во последниот триместар?
     
    На tambelina и srce-9 им се допаѓа ова.
  19. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.922
    Допаѓања:
    26.940
    Пол:
    Женски
    Скроз нормално. И да се наспиеш. Да спиеш ако имаш можност( ако немаш друго дете и обврски со него).
     
    На Frida- му/ѝ се допаѓа ова.
  20. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    962
    Допаѓања:
    1.394
    Пол:
    Женски
    Даа. И спиј ако можеш. Баш тој период многу ми се спиеше, си легнував во 20h но јас неможев да спијам од болки во половината, таман малку поминаа сега последниов месец воопшто неможам да спијам, станувам за мокрење по неколку пати, болат колкови, стомак се стврднува, ќе ми се одбие сонот и така се превртувам цела ноќ...
    38+3 денеска
    Како да ме прегазил воз така се осеќам...на бебе уште не му се излегува
     
    На tambelina и Frida- им се допаѓа ова.