И мене цело време ми е 2 недели напред со главчето ама они секако не се пропорционални сега во однос на стомаче така да немај гајле не е тоа воопшто страшно
Здраво, Некој со што има искуство со докторката Ирена Шуплиновска од Систина. Првото дете ми е природно родено. Трудна сум со второ дете и имам индикација за царски рез поради карлична поставеност. Следнава недела сум кај неа на преглед, ако ми закаже термин за царски рез океј, ама ако се сврти бебето пред терминот, сакам природно да се пораѓам. Некој со слично искуство како мене?
Девојки, како сте со отекување и болка во дланки во трет триместар? Од пред неколку дена за бележав дека станувам со болки и трнење на дланките, буквално не можам во тупаница да ги свиткам од болка, потечени ми се прстите... И во текот на денот ми се случува, особено кога ќе прошетам се спуштени рацете покрај тело да почнат да трнат и да ме болат. Други отоци немам, поправена сум 15 кг во бременоста (34н 5д), со 60 кг останав бремена, сега 75 имам.
Јас сум 22+ и сега ми е така. Од топлото е. И со првата бременост исто во лето бев бремена, исти скроз отекував летото. Дури папучите мали ми беа
Јас сум 38 недела, исто кај мене само стапалата ми отекуваат, 15кг имам качено, прееска и грч на десната нога ме фати ... Кога имам можност одмарам и отокот се повлекува
Веќе кога си се пожаливме - триење бутки исто така Не можам да носам фустанче без да го буткам меѓу нозе да не ми се прави проблем. Бебешка пудра работи првите неколку минути, после тоа мачи се и оди ко шеф со мевот напред
Јас сум скоро 35 недела, ми отекуваат нозете, рацете сеуште не. Буквално листовите на нозете не ми ги собира во кожата, осеќам дека во секој момент ќе ми распука. Можеби и оти работата ми е во принцип со седење, бидејќи кога сум дома повеќе одмарам и немам такви симптоми…
Хахахах Мојава откако почнав да ја осеќам негде 18-19 та недела, додека не искочи не преќина со мрдање. А и откако се роди, еве ја за 3 дена ќе прави две години, не е застаната. И кога јаде незнае да е мирна. Живи и здрави да се само.
Не, син ми 3 месеци ме маваше во ребра, последните два месеци капнав за сон од ритање,па имам најумно и мирно дете. Никогаш не е бил темпераментен, дај Боже во пубертет да не ме изненадува
Не, второто ми беше поактивно и силно ме маваше, бебе за посакакување. Првото помрзливо во стомак, од како излезе до ден денес не знае да седне на газ без да мрда.
Здраво, 35та недела сум, веќе недела дена сум имала контракции а не сум ни била свесна. Отидов од љубопитност на прво ЦТГ и ме задржаа во болница 3 дена. Отворена 1цм бев. Сега сум пак дома, веќе два дена од како ме пуштија, меѓутоа осеќам дека контракциите денес пак се враќаат. Да напоменам дека болки немам, едвај на 10 контракции една менструална болка и 3-4 вагинални струења. Прашањето ми е дали и вие се имате соочено со вакво нешто? Не сум паничар затоа и не сум во болницата ами пишувам тука, али ме интересира колку и што е нормално. Инаку на болница ми дадоа 12 грама магнезиум венски во период од 15 часа и три дози антибиотик. Сега пијам панцеф, магнезиум 500мг и уште едни суплементи и утрогестан пошто докторката сумља на инфекција. Кој има слично искуство да сподели би ми било драго. Поздрав!
Како ги чувствуваш конктракциите? Јас сум 36н5д, досега немам почувствувано конктракција... Направив едно ЦТГ во 34н4д - мирно, без конктракции. Освен оние лажните со стврднување и надувување на меше, друга немам осетено. Извини, не ти одговорив на прашањето ама се замислив со конктракцииве и нечуствување ништо. Со лесно!
Па јас осеќам стврднување на стомакот и како воздухот да ми се зема т.е. кај срцето да ми снемува сила некако чудно, али тоа препишав на бебчето дека е многу активно па цело време си мислев од движењата на бебето ми се прави така стомакот и пошто имав читано вистинските контракции одат и со болки си викав ова не се контракции. А оние лажните немам појма дали сум ги имала или не, се препишував на бебешките движења Али поука ми е па и ќе те советувам, оди напрај си ЦТГ да ти е мирна главата ако било што се заумиш. Јас чекам да залади уште некој саат и ќе одам пак. Мене пред да ми ги смират ми беа на редовни интервали и стигаа до 100.
Тоа е стврднување на стомакот, се стега некако, ама безболно,тоа се лажните контракции. Имав епизоди во 36 недела и некој ден, интезивни болки во половина и лажни контракции, ама ете сѐ беше во ред, мирно ЦТГ и ехо, без отварање на матката. Ми препорачаа строго мирување 1 недела со дупла доза мг, додела не влезам во 37 недела. Оттогаш поминаа 3 недели, веќе сум 40 недела +1,овие денови покрај стегање на стомакот имам и болки во половина и менструални болки, ама неправилни и нередовни.... Ќе почекам, после викендот ќе одам на контрола, така ми кажаа.