Мене ми се појавуваа тие лажните контракции уште од 29та недела ама јас не им обрнував мн внимание. Два дена пред да се породам беа малце појаки ама ми поминаа повторно не се вознемирив. Се породив во 35+5 затоа што ми пукна водењакот и кога ме ставија на цтг исто покажуваше контракции кои јас не ги чуствував, и исто бев отворена некои 2 цм. Ако бебе во моментов има килажа која одговара на неделата немој да се грижиш и да дојде до пораѓај, ние поминавме супер живи и здрави двете Ти посакувам да поминеш лесно кога и да биде, и ако може бебе нека поседи уште малце подолго во меше кај мама
Здраво, бремена сум 29 недели и денес во текот на целиот ден чувствувам некое стегање/затегнатост ниско во стомакот, отприлика кај јајниците. Не е силна болка, туку повеќе чудно чувство на затегање и повремено пецкање. Бебето е доста активно. Дали некоја имала слично чувство во 29. недела и дали е нормално?
Изгледа ти се лажните контракции...ги имав и јас тие недели, само не ми беа болни за разлика од минатата бременост. Сигурно и бебето доста се тегне штом е така активно, и моево е исто, многу ретко мирува.
Како што пишав и погоре, мене од таа недела почнаа, првиот пат бев негде 29+4 и буквално ги осеќав цел ден мене ми помагаше топол туш, доста течности особено вода и магнезиум два пати на ден од 400 мг и лежење на страна кога ќе осетев
Трудници, во дилема сум, дали да пијам дијазепам од 2мг, дома имавме несреќен случај денес, се вознемирив некако.... Од друга страна 40 недела+1 ден сум, секој момент очекувам да почне процесот, дали таблетата би му наштетила на бебето.... Пиев бедоксин предмалку, ако не заспијам пак може, знам дека е дозволен во бременост....бебе си мрда, активно е... Имала ли некоја слично или вакво искуство?
Пробај горен шеќер со млеко.. пропополис ама мора дозвола за него од доктор. Може и солена вода да купиш што смееш за гргара.
Здраво девојки 34+4 сум. Последен преглед ми беше на 31ва недела, генерално се беше во ред. Докторката виде неколку лакуни на постелка, ама не беше нешто загрижена бидејќи бебето си напредува како што треба, провери и доплер и тоа беше ок. Ми рече да проверам дд-имери за секој случај и кога проверив во 32 недела ми беа 1500 и ми рече дека е во ред. Крвна слика проверв и беше во ред. Исто имам проверено за скриен шеќер - немам. Ми рече дури преглед од 36та недела. Е сега, стварно сум блиску до 36та недела, ама некако ме копка дека прегледот ќе е дури после 5 недели. Колку често идевте на преглед од 30та недела наваму?
На три недели кај матичната, а од 36та си продолжив во болницата каде се породив. Реално треба почесто при крај за да се следи растот ама би требало се да е океј. Од 36та секако ќе идеш секоја недела
Секаде е различно, кај мене до 36 недела се оди на матична, после еднаш на болница за упис и тек следно на денот кога е терминот ако не си породена и тогаш е прв цтг. По тоа што читам низ форумов Мк е поразлично и се оди почесто, прашаја матичната и болницата за најточно.