менеов вчера бебушка ми е активна како никад до сега-мислам на движење цел стомак ми се изобличува ) дури страшно делува малце ) тато и свеки коа ме видоа викаат ми се спуштил стомакот...исто ми кажа и двајцата...а контракции имам по неколку на ден,..како стврднување на стомакот и се концентрира на средина надолу језиво малце )
не мене ми кажаа деугаркиве дека веке од 36 недела треба да се почне до цтг зависи кај одис па од таму ке ти кажуваат нареден пат кога да отидеш дали за 2,3,4 дена.....мене ми правеа 35 пошто лежев во чаир ради мало крвсрење(тоа им е рутина за сите што лежат немав контракции тоновите беа во нормала) ама сеа коа бев на матичен сама си побарав зашто веке ја почнав 38...него ме интересираше за време на процесот на пораѓај колку често мерат според мене е битно зашто треба да се следи срцето на бебето во цел тој процес.....дали има промена поради болките и контракциите....тоа ми беше прашањето за тие што веке се породиле
Што од хормони, што од паника и стрес дали се ќе биде во ред, дали доволно ќе купам, дали ќе стигнам на време, па овие ме сакаат, други ме нервираат...жени психа ме убива, не спијам 2 ноќи, по 4 саати само имам сон. Грев да им се пише на оние што трудница нервираат!!! Вие добри сте?
i mene me mava psiha i. nervoza.nekoja me pukase denovive ama ok sum.....se trudam da mislam pozitivno za lkypuvanje.imam.se....sea eve denes.ja.spremam torbicata uste sitmici da dokupam.....se nadevam.deka.lesno ke.pominam za nekolku casa )
Јас од утре ќе одмарам дома и ќе си го почнам породилното. Денес на работа бев со чудни чувства, си одам а не знам зошто, па сто пати се мислев дали да си одам или не но мн ми е напорно на работа. Се нервирам што дома не ми е се средено перев бебешки алишта цел ден а имам уште многу, се си мислам нема да стигнам... Па ме фаќаат грчеви и бодежи во препони стомак задник... Бебе си мрда внатре а јас веќе чекам да излезе... Никој не кажува дека последниот месец е најтежок
Денес си закажав за следната недела кога ќе бидам 38 за на редовен преглед ехо, па ќе побарам упат за на Клиника за цтг. И мене ми е деновиве се потешко, кичмата многу ме боли дури и кога лежам, а кога се движам не ме боли кичмата, но ме боли бешиката како да ми се моча. Е тешки се овие денови, но ајде уште малце имаме. Денес им се јавив на 2 пријателки што се породија минатата недела да ги прашам како им е и ми звучеа многу среќно, многу се израдував што лесно поминале и сега си се гушкаат со бебињата, заборавиле на маките.
Добра вечер,значи сите сме со истите маки на крај,и мене ме фаќаат кризи,главата ќе ми пукне од сто мисли што ми проаѓаат,за алишта веќе се ми е купено уште немаме кадичка,душече за креветчето и постелнина и некои ситници.И мене ме боли кичма,препони,незнам веќе која позиција да ја фатам,стомакот ме допира до градите и едвај дишам ме стегаат,се надевам ќе почне уште малку да се спушта,а овие денови и главата ме боли од што сум психички напната.Убаво ми кажа една колешка дека потешко е да го изодиш деветиот месец, отколку да родиш
Јас викендов се сконцентрирав на списоци... И од шетање и организации заборавив како ми е мене... Станав понервозна некако, иако стварно се трудам да не е така, да сум смирена, и да не избувнувам за ситници. Па откако вчера (конечно) почнав со куповки, станав скрос среќна... Пасив - агресив дефинитивно. Прво паника дека немам време да докупам, сега и плакари измислувам за правење... Ќе видиме што ќе испадне. Како и да е, само со убаво и лесно да е. Поздрави пријателки...
Поголемиот дел од времето си на цтг, следат на почеток контракции, но откако ќе почнат болките мора да шеташ. После тоа, откако ќе се качиш на бокс те приклучуваат само отчукувањата на срцето да ги регистрира, но кога веќе ќе почне пороѓајот го вадат и тој каиш...барем така беше кај мене.
Јас во 9ти кога влегов, веќе активно одев на цтг, пошто од 8ми бев секој ден во болница, пукнат водењак, итн.итн. а бе фала богу здрави живи сите на крај. Ич да не се нервираат идните мамички мене таа нервоза ми излезе на глава! И се тоа за џабе. Мислете си како ќе си го гушкате малечкото и на сите убави мигови кои ви следуваат. Ич не се замарајте, никој нема да го боли толку многу вашата болка и стрес како на вас самите што ќе ви предизвика нелагодност! На бокс ко ќе се дојде веќе ништо не се брои, ни стрес, ни контракции, едино ја како шо минав би сакала секоја да мине на пораѓај, болките дома ги истрпив од 10 ноќта до кај 8 сабајлето у 9 ме качија на бокс у 9 и 15 се породив. Малиот беше карлично свртен, 3.300гр. Само концентрирајте се на дишењето, НЕ кога ќе речат докторите напни ајде туку кога САМИТЕ ВИЕ ЌЕ ОСЕТИТЕ ПОТРЕБА ОД НАПОН никој не слушајте што и како затоа што во тој момент само вие знаете како се осеќате и што ви се случува! НИКАКО НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ ДА ВЕ ОБЗЕМЕ ПАНИКА!!! Како на пример уф леле многу боли, не можам да издржам, аман уште колку итн... Ја не мислев на болката ја само си велев whitecloud, мораш ова да го истрпиш стисни заби ради син ти! У овој момент не е битна ни болката, ни претходните стресови, никој ОСВЕН ТОЈ ЖИВОТ што турка за надвор И САМАТА ТИ шо у моментов имаш голема задача да бидеш присебна, без паники, полека со концентрација да го донесеш на свет тоа мало бебе! Медицинскиот персонал околу вас може да помогне ама у граници на нивната струка. Подршка мажот може да даде ама морална. ВИЕ СТЕ ТАА КОЈА ТРЕБА ТОА ДА ГО ИСТРПИ! ЗАТОА БЕЗ СТРЕС! Мој најдрагоцен совет, најтопол, пријателски. Стресот само ќе ви отежни во пораѓајот. Ништо не е вечно, па ни болката, да си знаете во тие моменти. Ќе боли 1 саат 10 саата 1 ден, потоа ќе престане! А стресот може лошо да ви се манифестира! Поздрав до сите идни мамички, и чекам искуства, дали на некоја и помогнал можеби овој мој совет! Ве сакам! Бидете силни за вашите сонциња!
Whitecloud95 Колку убаво е да се слушнат вакви позитивности,дај Боже сите да имаме такво брзо и лесно породување како тебе.А ти каде се породи?
Идни мамички, еве и јас да ви пишам како си поминувам. Сеуште сум на работа, изгледа ќе го изодам и ноември, од 16.11 влегувам во 9ти но ок се чувствувам, некогаш дури заборавам дека сум 8ми месец бремена Пред недела дена имав само болки во половината, сега поминаа и супер се чувствувам. Освен гадење и некогаш насабајле и почесто одење до вц навечер немам други нелагодни ситуации, синко си мрда, осеќам ноже, раче газе хахаха. За пораѓај се мислев право на царски да одам, но сега некако сум поопуштена и можеби природно, никакви индикации немам за царски, главвично е наместено, активна сум физички, не сум многу поправена итн. Поздрав и бакнежи до сите
Кавадарци, ме породи примариус др. Бранко Поповски или Попоски да извинете ако има грешка во презимето!
BellaS, ја кога можев карлично и без анестезија никаква да го родам на природен пат ти ќе пееш и ќе раѓаш. Ја не бев физички активна, 10 килца и тие кусо ми беа, си бев гурман, како и отсекогаш, ич не се замарај со царски, ја сакав царски ама после да видиш у бре де бре болки па преврски па детето да не можеш салам да го расправаш дури и во болница. Цимерка у соба што ми беше царски се породи. 4 дена чекала сирота, вика алал ти вера бре дојде за 15 мин. заврши работа на бокс, мене изглеа со царски ќе ме средат. Ми се смее вика ти поише офкаше кога те шиеја. Богами тоа не го очекував, хаха, читав епизиотомија ама мислев не секоја жена го мине тоа со прво.. Ауу луѓе хахаха и докторот а и сестрите кога се жалев од конците ми се смееја. До ден денешен си се смеам кога ќе ми текне. Докторот инаку cool face, туш ладен, ок е се cloud полека, ние сме тука, ќе средиме се, ти кога ќе имаш напон туркај, хахаха ама кога ми го акна тоа нож ли ќе беше што аууу луѓее мајчиното млекце си го исплакав истиот миг. Хахахаха да ве насмеам малце пред пораѓај. Значи очекувајте веќе кога ќе велат уште малце аха супер ти иде највише кога ќе ве охрабруваат стиснете заби за околу 15 секунди не ви бега тоа острото. Сепак тоа не е ништо у споредба со болките и контракциите. Инаку ја имам фобија од остри предмети и оружје може затоа така бурно дури трагикомично изреагирав. Хахаха... поздравче
Каде се пораѓаше whitecloud? Јас никогаш не би се нафатила да го раѓам природно ако е карлично, а знам и дека докторите не препорачуваат природен пораѓај во тој случај. Мило ми е што се завршило добро, и фала ти за поддршката!