И јас имам ист ваков проблем и решение не можев да најдам така да поретко и носев фустани ама сега со жештинава и бременоста освен фустан друго не можам е сега ќе трпам што да правам или ако тука прочитам некој совет ќе применам
Мислев само јас имам ваков проблем ахахах. Јас си имав најдено свој трик ама кратко помага. Си носев шишенце со вода во ташната и кога ќе ми се појавеше црвенило, знаев некаде на страна да си се освежам малце. Зарем вие што ставате стик на кожата нели ви лепи тоа?
Водата се суши па бетер боли кога се тијат на малце влажно,сум пробала на одмор со вода.Стикот што е како сапунче не се лепи оној како ролон течен тој лепи
Го има на повеќе фирми.nivea,dove,rexona.Ако ти текнува на rexona порано имаше како мало пакување стоеа кај касите во маркетите.Сега тие малите незнам дали уште се продаваат
По бањање намачкај оргиннална Павловиќева маст - ја има низ Зегин аптеки, околу 350 ден. мислам дека беше.
Леле не ми текнало за ова баш ќе пробам. До сега ставав на прслукот одвнатре на долниот дел дневна улошка ама знаеше да се измрда од големината и да си ја најдам на друго место
И мој проблем. Ве читам, и сега-за сега, кандидат ми е стикчето. Баш ќе пробам да видам шо ќе се деси.
Мене па со стикче полошо ми е, ми лепи некако. Јас ролонче ставам, поќе ми "лизга" и не ми се тријат толку. А летно време сум во шорцој и фустани исклучиво.
Стајте дезадоранс, не лепи и трае неколку часа. Али испрскајте добро на двата бута особено на местото каде што се триете. Се што сте навеле погоре ми е испробано и само ова е спасот.
Не знам дали се продаваат кратки сечени хулахопки, знам дека има долги оние без прсти, е членката мисли кратки како панталончиња кратки за да се носат под сукња или фустан. Јас од нормални хулахопки порано сечев, и правев такви кратки, сега не ми требаат бидејќи не носам сукњи и фустани @ane.bella Хахаа и јас сум плус сајз, и во гради и во бутови во се, порано бебешка пудра ми помагаше за градиве, сега ич, па стикот како сапунче што е, ми помага 1000%, без него во летно време цела сум рани под градите
Да, и ова го користам некогаш. Моментално користам ролон ама често и дезодоранс. Некако ролонов поќе ми легна, ама битно да се нема мака и да најдиме шо не спасва. :')
Има во Пенти и тие сл. како мидери налик хулахопки. Не сум зела, немам ваков проблем ама претпоставувам може да помогнат.
Еве иста сум и јас без стикче цела сум рани Имам еднаш или 2 пати пудра ставено, и штом испотам еднаш се собира цела на едно место и одма лом се правам.
Јас го немам овој проблем ама братучетка ми и другарка ми го имаат овој проблем и користат стикче и супер им е